Личен акционен план за 2013 година

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување
Ех,абе има овде некој со девојка....ако не форумов да го прекрстиме во форевералоне :)

Да,и јас...повеќе немам планови поврзани со кариерата. Го достигнав максимумот и можам да размислувам за пензионирање :)
Но пред тоа треба да оженам :(
 
Ќе бидам краток,јасен и искрен:
-Конечно да купам нов pc,стариот иде у контењер или у charity
-Да се вработам
-Да фатам женска
-Да му го пукнам носот на комшијата што ми јаде гомна од зад грб цело време
тоа е сега за сега...
 
- Здравје.
- Да го завршам факсов...
- Да најдам работа од мојата струка што сакам да ја работам.
- Среќа.
- Пари.
 
  • Да најдам работа
  • Ново саглам друштво
  • Да си најдам љубов
  • Да си заминам од државава ( ова ќе биде врв )
  • Да се преселам во друга населба, мрзам затоа шо овде ми е далеку од Центар
  • Да се запишам на факултет ( и ова ќе биде врв )
  • Да оздравам конечно, затоа шо минатата година во поглед на здравјето ми беше :гомце:
  • Да си купам поскап фотоапарат
Сеа шала на страна, али ако не биде половина од ова не верувам дека ќе ја дочекам 2014 од повеќе причини...
:(:)
 
- Да најдам нова работа, во некоја телевизија.
-Да заминам за Кина
-Да одам на Купот на конфедерации во Бразил ова лето
-Потоа од Бразил да одам во Мароко
-Да одам зимата на Алпите
-Да се искажам на Монт Еверест. :icon_mrgr:
 
1. Учи учи глава бучи.
2. Читај читај и само читај.
(тука спаѓаат и книгички со алкохолна содржина) :)
3. Вежбање. Во здраво тело здрав дух.
4. Чкрабање песмички и да седат у фијока ко прости.
5. Љубов и немора. И така не сум по тија работќе. Уместо тоа може да си фаќам лифчиња у кладионица. :D
 
Да го издржам притисокот за женачка и оваа година,се останато е опционално.
 
1. Конечно да седнам како што треба да ја пишувам магистерскава, да ја завршам и понатаму да ја одбранам.
2. Да најдам работа.
3. Да продолжам да вежбам како што вежбав последните месеци од 2012, на прав пат сум, ама има уште доста да се работи тука.
4. Да фатам женска.
 
2116wyw.jpg
 
1. Да ја завршам годинава како и 3 те предходни и да не бидам голема мрза.
2. Да се запишам на факс.
3. Да си ја одржувам врската, иако нема да бидиме ист град. :( <3
4. Да соберам пари за книги и да ги купам сите кои сакам и ќе ги прочитам.
5. Повторно да почнам да му крадам од чоколадата набратми, пошто минатата тој ми ги крадеше.
6. Да изедам барем 100 пици. :$
7. Да си поминам најако на одмор, може и овде, ама и за надвор од македонија не се одбива, зависи од трошоците.
8. Да почнам да вежбам.
Друго не ми текнува, можда ќе надополнам уште нешто.
 
- Да си го прославам роденденот најубаво со сите оние кои што ми се драги
- Да се согласувам повеќе со колегиве и да си ја дозволам нивната помош кога ми ја нудат
- Да го положам advanced кој веќе три години го одолговлекувам ради факсов
- Да дипломирам во јуни
- Да фатам кидавела во Италија на постдипломски
- Да си купам нов компјутер пошо кај и да е овој ќе шиба од 11ти
- Да продолжам да бидам активна физички
- Да си купам нов саат и корсет
- Да ја воспитам и научам сестра ми како што треба
- Да раширам пријателства и да си ги зацврстам старите
- Да фатам у кладилница
- Да се заљубам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom