Личен акционен план за 2013 година

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување

Xibalba

Господин Господин
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.105
Поени од реакции
11.527
Локација
Sydney
Откако ја дочекавме Новата 2013 година со купишта желби и планови, редно е да ги сумираме во личен акционен план и да се зафатиме за работа.
Значи, споделете што конкретно сакате, планирате да реализирате на личен план преку годинава што е пред нас.

k9f8eq.jpg


Еве јас прв ќе почнам (наредени се таксативно, а не по значење и приоритет):

- Да земам некој сертификат за Англиски (ИЕЛТС, ТОЕФЛ,..), т.е. да го освежам бидејќи почна да ми рѓее поради слабата употреба
- Да ја менам средината за 180 степени и назад, да прошетам што подалеку од тука
- Да прочитам барем 10 книги оваа година, минатата беше катастрофална со само 3-4 прочитани
- Да си најдам soulmate од понежниот пол, или таа да ме најде мене :D
- Да дарувам крв, мина многу време од студентските денови кога последен пат дарував

Толку ми текнува во моментов, можеби деновиве ќе ја проширам листата. Битно почнав...

ПС. Немојте веднаш со тролање, кој прв истрола шуга да фати :P
 
Да успеам да издржам без фејсбук што подолго.
Да ги положам испитите.
Да уживам во секој ден и квалитетно трошење на времето.
Повеќе посета на библиотеки,театри,кино сали и уметничко - културни настани.
Study now party later.
Да си ја уредам собата и да ја направам мое лично светилиште.
Да си ги испечатам сите идеи за маици.
Да придонесам повеќе кон една урбана култура и да испратам пораки преку истата.
Да пробам квалитетно странско гане.
Да ја ислушам сета музика на светот.
 
Да ги положам испитите на факултет.
Да одам за Америка повторно ако даде Господ
Да имам успех во теретана.
Да си фатам женска.

Друго шо посакувам не зависи не од мене.
 
да ги положам испитите
да се стегнам на тренинг и да се борам на турнири
женска да фатам за озбилно
на одмор во станство или работа во германија
да не му се нервирам многу :)
 
- да магистрирам, да не одам веќе во бетонскине згради
- да најдам работа по можност според струка, да не се маткам по магацини и интернет кафиња
- да продолжам да одам во теретана, уште 5 до 6 кила мускул ми фали
- да одам почесто кај баба и дедо
- малку повеќе за себе да мислам, не толку за другите
- ако улета некоја девојка како што треба, да не ја испушам, доста ми беше шетање
- 13 ми е среќен број, уште паричката за бадник оваа година да ми падне, ќе биде оваа моја година:facepalm:
 
Хм ... убаво ...new years resolutions ... што би посакал јас?
  1. Да се намали цена на парно, да се грееме ко луѓе.
  2. Да падне цена на гориво јер сите ќе ја сфатат абиотичката природа на истото.
  3. Да кажат сите гласно: Грците го УСРАА СКОПСКО пиво.
  4. Да сфатиме дека не сме сами во вселената.
  5. Да сфатиме дека Грујо и Бранко не се решение.
  6. Да сфатиме ......
Абе да добијам на лотарија за зелена карта и толку!
 
1. Да дипломирам и да најдам работа според струка.
2. Конечно да фатам у кладилница.
3. Да бидам поконкретен, да реализирам голем дел од моите замисли, а не да останат само во мојата глава.
 
како најпрво здраве сакам
како прво саканата да најде работа!!!
како второ, да заработувам дупло повеќе од сега.
како трето, да го усовршам знаењето за анимирање.
како четврто, мир
како петто, кола по мерак
.
.
.
.
.
.
пошто бев занесен во друга тема ова онака адхок ми дојде, па не ми текнува во моментов повеќе
одлична тема Branchez
 
1. Да дипломирам и да најдам работа според струка.
2. Конечно да фатам у кладилница.
Овие две ти се по обратен редослед. Гледај прво да фатиш во кладилница, за ич да не ти треба да работиш.
 
Овие две ти се по обратен редослед. Гледај прво да фатиш во кладилница, за ич да не ти треба да работиш.

По правилен редослед се. Ако се надевам на кладилница сум се заебал.
 
2012 беше просечна година, факултетот и така и така, 6ки, 7ци и некоја залутана 8ца. Финансиски одлична година, пари имаше за се и сешто. Се изнашетав кај шо ми душа сака, секако не одев у теретана, ама whatsoever нема грамце fat tissue на мене. :) За крај секако да се напомене дека беше мизерна на љубовен план, и секаков друг план што вклучува женски. :icon_mrgr:

Од работите што можам да влијам у новава година, сакам да сум помалце лош со другите околу мене, да си дигнам просекот на факс, а парите и шетањето да останат као во 2012. :icon_mrgr: Не е лошо да улета некое арно девојче да се грижи да не тргам по лоши патишта.:LOL:

Од нереалните желби сакам мир во светот и подобри денови на нашава берза.
 
како најпрво здраве сакам
како прво саканата да најде работа!!!
како второ, да заработувам дупло повеќе од сега.
како трето, да го усовршам знаењето за анимирање.
како четврто, мир
како петто, кола по мерак
.
.
.
.
.
.
пошто бев занесен во друга тема ова онака адхок ми дојде, па не ми текнува во моментов повеќе
одлична тема Branchez

Ова се кандидираш за Мис Универзум или ...?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom