LGBT-популацијата и современиот свет

  • Креатор на темата Out Boy
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Ако типот објаснува и со раце и нозе дека хомосексуалноста е нормална и не е болест, зошто и да не се праша дали е тоа? Не би требало да го погодува...прашањето доаѓа само по себе.
Не по сечија логика :smir: Да имаше тема за дискриминација на црнците, јас ќе ги бранев со раце и нозе. Тоа ме прави црнкиња?
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Не по сечија логика :smir: Да имаше тема за дискриминација на црнците, јас ќе ги бранев со раце и нозе. Тоа ме прави црнкиња?
Дали би те навредило прашањето „Дали си црнкиња?„ Или одма ќе ме тужиш?
Никој не му залепи етикета, беше прашан, а за прашање не се оди на суд и се тужи и заканува...
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Дали би те навредило прашањето „Дали си црнкиња?„ Или одма ќе ме тужиш?
Никој не му залепи етикета, беше прашан, а за прашање не се оди на суд и се тужи и заканува...
Е тука си во право, претера малце дечкото. Хиперсензитивност на одредени прашања Е сомнителна :)
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не по сечија логика :smir: Да имаше тема за дискриминација на црнците, јас ќе ги бранев со раце и нозе. Тоа ме прави црнкиња?
Па да отвориме тема за дискриминацијата на сиромасите во нашево општество...нема да осиромашиш ако ги браниш...а во реалноста се милион пати подискриминирани од ѓејојте.
Или хендикепираните лица во Македонија...

Само тие теми не се кул-либерални-телевизични така да и да се отвори таква тема ќе има 1/100 од постовите на теми за ѓејој.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Тресиш глупости... оди малку подпрочитај парво.... еве и да сум и што...? Тебе тоа ич г`зето да не те боли :) ... може...? А тоа поради моите ставови не ме прави геј... ама кај некој вакви како тебе,со стереотипни сфаќања и заостанати теории, неможе ништо да помогне ... и после ова не очекувај дати одговарам на пораките оти си премногу испод ниво за да дебатирам со тебе... поздрав:kez::salut:
:( Да не инсинуирам, но по одговоров ќе извлечам заклучок. Инаку, не ме занима ни шо си ни кој си туку само те провоцирав пошо најави тужби, да имаш чоек плус на листа :) Ајде, вози Мишко.
 

Zodiak DJ

♥ I feel you... Anyway ♥
Член од
8 август 2009
Мислења
286
Поени од реакции
21
Ама не ми е јасно што е толку навредливо ако некој те праша дали си педер? Те погодува тоа, те понижува?
И не, ич не му одговори, а и никој не се налути дека не доби одговор од тебе. Твое право.
Ај убаво прочитај дали не сум му одговорил или сум... сепак читате само тоа што ви одговара, а и речников ви е многу краток па не разликувате што е геј (хомосексуалец), а што педер?

Е вака пошо сте многу „знаени“ да ви пообјаснам... а очигледно ви фали троа повеќе литература... а не само со главата во ѕид...

Педер - Термин кој најчесто се употребува со погрдно, навредливо значење, а се користи во хомофобични констелации во кои се дискриминираат и омаловажуваат мажите хомосексуалци.

Хомосексуалец - Човек чија сексуална, емотивна и афективна привлечност е главно насочена кон особа од истиот пол. Обично мажите привлекувани од други мажи се нарекуваат геј, а жените привлекувани од жени се нарекуваат лезбејки.

Хетеросексуалец - Човек кој сексуално, емотивно и афективно е привлекуван од особа од различен пол. Ваквите луѓе се нарекувани уште и стрејт.

Хетеросексизам - пристап кој присилно наложува дека хетеросексуалноста е единствениот прифатлив облик на човековата сексуалност и на тој начин ги игнорира другите сексуални ориентации, однесувања и родови идентитети, кои не се исклучиво машки и женски, или кои не се општествено прифатливи. Кон овој термин се придружува и терминот Хетеронормативност со кој се означува општествената, културната и политичката претпоставка дека хетеросексуалците претставуваат универзална и вонвременска норма со која се регулираат родовите идентитети и сексуалните релации помеѓу луѓето во дадена култура. За разлика од хетеросексуализмот кој најчесто претставува лично убедување и поблага форма на негативен однос кон хомосексуалноста, хетеронормативноста претставува негативен однос кон хомосексуалноста кој се практикува на систематско рамниште (политичкиот и економскиот систем, културата, општеството) и резултира со исклучување и опресија на нехетеросексуалните идентитети и сексуални однесувања.:baeh:
 
O

Out Boy

Гостин
...И што повеќе се добива со потпишување на тој документ при склучување на брак од тие имотно-правни односи и кои се законските права и обрвски кога склучуваш брак кои би биле поразлични од еден нотарски договор?
Кога се склучува брак, се знае кои се правата и обврските.

Нотарскиот договор може да оди од крајност, до екстрема: двајцата може да си го скројат договорот така како што им одговара. Да беше таков договор решение, денес немаше да постои бракот, туку сите ќе одеа на нотар.

Сите се занимаваат (си работат) тоа што си сакаат и си се успешни и среќни во своите професии. Сосема нормано си функционираат во општеството и животот. :toe:
Да? Просто не ми се верува... Па како може тие одвратни педерчишта и лезбејки да функционираат нормално???
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Па да отвориме тема за дискриминацијата на сиромасите во нашево општество...нема да осиромашиш ако ги браниш...а во реалноста се милион пати подискриминирани од ѓејојте.
Или хендикепираните лица во Македонија...

Само тие теми не се кул-либерални-телевизични така да и да се отвори таква тема ќе има 1/100 од постовите на теми за ѓејој.
Еј сигурен си за ова...дека има сиромашни и хендикепирани во Маседоунија? Ја сум видела на пример неколку случаи при акција на спасување на А1, ама други? Кој сака да збори за двајца-тројца, а не па да се бори за нивните права (а уште па и да проба да ги сфати)?
Исто и со "модерниве" браќа и сестри-истина за воља, никој не видел повеќе од двајца педери (гејови, де) кај нас во Маседоунија, а ако подразмислам добро сама сум видела двајца или две како се водат за рака...ама можда се другари или другарки, кој да знае?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Кога се склучува брак, се знае кои се правата и обврските.

Нотарскиот договор може да оди од крајност, до екстрема: двајцата може да си го скројат договорот така како што им одговара. Да беше таков договор решение, денес немаше да постои бракот, туку сите ќе одеа на нотар.
А кои се правата и обврските на бракот? Нели е и тоа законски обврзувачки договор, со таа разлика што однапред и од други се поставени правилата?
И нели постојат предбрачни договори? И покрај нив постои бракот со години. А оделе до глупости како "ако немаме секс најмалку два пати неделно, треба да добијам надокнада од 3000 евра". Зошто не би се регулирал хомосексуалниот брак преку нотарски заверен договор, кога веќе не може да биде еднаков со хетеросексуалниот? Барем некакви законски права ќе има тогаш партнерот.
 

Zodiak DJ

♥ I feel you... Anyway ♥
Член од
8 август 2009
Мислења
286
Поени од реакции
21
Дали би те навредило прашањето „Дали си црнкиња?„ Или одма ќе ме тужиш?
Никој не му залепи етикета, беше прашан, а за прашање не се оди на суд и се тужи и заканува...

Знаеш што, убаво знаш што сакаш со тоа да постигнеш, некој да ти кажи „да“ па сите да удрат со коментаи и погрди зборови на неговиот профил, ама за среќа не најде црква кај да се крстиш.... нели дискриминаторке...? И еве ако сакаш јавно и за тебе да ти биде појасно... НЕ СУМ ГЕЈ; НИ БИ::: само сум поборник за права и еднаквоста на сите... и тоа е тоа, а тоа што тебе ти си разочарана од нешто и сега удираш по самаро, оти не можеш по магарето, страв ти е да не те клоцни.... тоа е реалноста, вие можете слободно да си живеете во филм дека само Кочо е единствен „педер“ во државава, пошо чоекот собрал храброст да се бори со мислењето на затуцанава раја... Која упорно е инструирана од тоа дека со геј популацијата морталитетот ќе се зголеми, шо не е точно, напротив е зголемена последниве години, и покрај се поголемото прифакање на геј популацијата во општествените кругови, барем од дел на нивните најблиски (пријател, роднина). Па никаде не видов да опаднал наталитетот! И тие што се, геј или лезбејка, од вашето опкружување со кои секојдневно се дружите 10, 15 или 20, а можеби и цел живот, а не изгледаат навидум такви, нема никогаш да имаат храброст да се изјаснат како такви и ќе се измачуваат себеси, за само да ви угодат вас и д ане го загубат пријателството градено со години, оти ти имаш такви стереотипни сфаќања. Ете тоа е драга и мила госпожа, госпожице...:back:
 

Zodiak DJ

♥ I feel you... Anyway ♥
Член од
8 август 2009
Мислења
286
Поени од реакции
21
Не по сечија логика :smir: Да имаше тема за дискриминација на црнците, јас ќе ги бранев со раце и нозе. Тоа ме прави црнкиња?
А другарке, јас не претерав, само им посочив како е тоа регулирано со законот за секшуал арасмент, а се применува дури и по улиците, затоа што некому тоа му се вели без да се знае како ќе лиае на него, дали е таков или уште полошо ако не е таков, се навредува личноста, интегритетот и достоинството кое таа личност го ужива, а се урива и мислењето кај другите со таквите стереотипни осудувања.... зар јас ако дебатирам проориентирано важно е да ме праша дали сум геј или не? која логика ја има не знам...? Немам претерано ништо, туку само симулирав ситуација ... шо да праам професионална деформација :))) секој ја има како таква :))) поздрав и до двете... :)):salut:
 
O

Out Boy

Гостин
Исто беа поделени и околу тоа дали се раѓаш или стануваш педер. Хелена тврдеше дека така и се присакало. :toe:
Аут Бој ти на пример тврдиш дека си се родил со таква сексуална ориентација што на мене лично некако не ми е прифатливо. Што си знаел ти како дете за сексот и привлечноста? Многу по логично ми е да поради некои околности (семејство, околина и некои други општествено социолошки влијанија) во време на пубертетот тебе да те изградиле во личност со сексуални афинитети кон сопствениот пол.
Е сега ме фати... ОК, нема да кријам повеќе.
Значи, еден ден, кога имав 13 години, моите ме фатија како мастурбирам на стрејт-порно списание, и ептен се изнервираа, па ја за да ги казнам оти така не ме оставија да си довршам со работата, си реков од тој миг: е ќе видите сега вие. И така, од тогаш станав геј. Ете, гледате VoniVaraS каков продлабочен психилошки профил ми направи. Едноставно удри во сржта на проблемот. Од тогаш, на сила, сакал-нејќел, имам “сексуални афинитети кон сопствениот пол“...:pos2:

Добро, ај да не бидам ироничен, ама прашањето: Што си знаел ти за сексот во пубертет... не ти е на место брат. Ич.

Инаку, израснат сум во конзервативна средина, со конзервативни родители, патријархално воспитан, со почит кон моралните вредности, верноста и бракот. Може на дел од малкуте хомо-луѓе што ги знам тоа им е одвратно, ама па и мене ми се одвратни дел од нив, така што нема љутење тука.

А Хелена... хм, сега дознав дека била стриптизерка... Кај бисексуалците обично е така: им се присакува. Само, не кажа Коче и Софче што кажале... Оти ја зборам од аспект на геј, не од аспект на би.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
А другарке, јас не претерав, само им посочив како е тоа регулирано со законот за секшуал арасмент, а се применува дури и по улиците, затоа што некому тоа му се вели без да се знае како ќе лиае на него, дали е таков или уште полошо ако не е таков, се навредува личноста, интегритетот и достоинството кое таа личност го ужива, а се урива и мислењето кај другите со таквите стереотипни осудувања.... зар јас ако дебатирам проориентирано важно е да ме праша дали сум геј или не? која логика ја има не знам...? Немам претерано ништо, туку само симулирав ситуација ... шо да праам професионална деформација :))) секој ја има како таква :))) поздрав и до двете... :)):salut:
Види, дечко,
Прво, фала на поздравот, поздрав и до тебе.
Претеруваш со реакциите и тоа е факт. Ако некој не мисли како тебе, не мора одма да го истепаш со самопрогласени факти. И да ја прочиташе темата некоја страна наназад ќе го видеше мојот став кој е прогеј.
Е, сега, баш тој закон за сексуално вознемирување (кој ти го нарече секшуал арасмент, без едно Х), мислам дека не вклучува тужба за прашување некој на форум. Ти што мислиш на таа тема? Ги наведов случаите во кои е разумно (или ризнбл ако сакаш енглески) да се тужи. Ја заземам страната на хомосексуалците во дискусијава, но кога некој претерува-претерува. Смири се малце, погрешно изгледаат твоите изјави и не одат во прилог на твојата кауза.
Со љубов,
твојата "другарка"
 
O

Out Boy

Гостин
Точно така, тоа начело во случајов и тоа како важи. Нема потреба од мој/твој потпис.
Имаме еден хомосексуалец, двајца, пет, дваесет, шестотини. И никој ништо не му/им вика.
Сакаат деца - нека имаат. Сакаат да живеат заедно - нека живеат. Се што сакаат имаат.
Брак? :vozbud:

Мене нормални педери апсолутно не ми сметаат и нема ништо против никого.
:smir: Хе, исто мислиме. Ни мене не ми сметаат нормалните стрејтери. Ги мразам само оние кои се злочинци, крадци, убијци, неморални, промискуитетни... Сите други ги поштувам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom