Летото е многу чуден период од годината :)

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Па до сега не ми оставило ни едно лето уназад некој WOW впечаток...некако ми е многу досаден период.Период кога се гледаме минимално со луѓето околу нас,затоа што не тепа мрза и затоа што излегуваме со едни исти луѓе!Добро може да се случи да се видите онака со другите ако се договорите за на кафе ова она! И ми е најдосадниот период од годината..иако пред да дојде се дочекува како :vozbud: леле нема да се приберам дома,најдобро лето ќе ми биде дрн дрн дрн и ништо од плановите..барем за мене!
 
Летото ми е резервирано за одмор, пошто цела година сум се мачела и на крај редно е да се одморам. А инаку ништо посебно не се случува, излези, врати се, излези, врати се...може ќе тркнеш неколку дена негде покрај море или езеро и тоа е. И најмногу што ме разочарува кај летото е тоа што со нетрпение го чекам и очекувам нешто да се случи а уствари на крајот никому ништо...еве го пола лето помина а ја не напраив ништо паметно :toe:
Мило ми е...и јас ко тебе.....Пред да почне си велев:Аова ќе биде,а ова ќе биде......И на крајот...Никој!:kesa:
 
Летото не е чуден период од годината... да заврни снег во лето е чуден период од годината.

А лето како лето, уживам во жешкото. Шо би рекле моите битолчани, од ногу жешко и од ногу пари нема гајле. Да можам барем по 2 часа да се печам на сонце ко гуштер... ќе нема ко мене. Ама јебига, некој мора и да работи. Си велам за викендов малку ќе го искористам времето и ќе мрднам до некаде.... по можност над 2000 метри.
 
Летото е кул, позитивните вибрации и те како се чувствуваат во овој период од годината.
Ова лето сакам да ми биде посебно.

Ќе ја исшатирам косата и ќе ставам менѓуша на левото уво ова лето.
 
не го сакам летото, сонцето... и сите останати "радости" што идат во пакет со него
4ао
:)
 
Жешко,помалце досадно највеќе спортувам во лето ама не е толку колку што си викаш дека ќе биде додека го чекап да дојде. :toe:
 
Да имам повеќе пари и летото ќе ми биде многу поубаво.:):)
 
Моето лето: Станувам во 3 саат додека да се освестам ,измијам, ова она, доручек неколку минути замарање од мојте зашто до толку касно спијам и те ти го 6 саат на кошарка , тушот потоа, со другарите потоа надвор и то ти е то монотонија секој ден. Али ако не се наспав заради тој факс цела година што одев редовно сеа креветот ке пукне . Едноставно досадно секој дн
 
Го обожавам летото... закон е, уживам во него, уживам во тоа што до сега ми било лежерно, без обврски, спијам до кога сакам, па одмори, па плешање табла... кафиња, досадување... Летните ноќи... Oh those summer days... and nights! :pipi:
 
Одлично ми почна ова лето,десетина-петнаесет дена едвај се прибирав дома,каде се не бев. Али сеа како што поминува,се подосадно и подосадно станува,не излегувам толку веќе,мрза ептен ме фати итн итн. Зенитот на досадилукот очекувам да биде следниве десетина дена.....
И убаво рече некој погоре
Да имам повеќе пари,и летото ќе ми биде поубаво ;)
 
Прилично многу активно ... на пример вчера утрото ми почна со шетање со кучето сабајлето, па чаршија да завршам некој обврски па дома, па пак до кај другарка, па на трчање со другарка, па на возење со точак со друштво, па пак со кучето, па на кафе, па Срјште или негде на друго место а и на ноќно капење обично, па се вратив со братот глеав филм нешто и ево сега не ми теквит да си легнам висам овде па допрва ќе одам на возење и поразлично од вчера ама пак активно ќе го почнам денов ... :smir:
 
Пред да почнит ова лето реков нема да се приберам дома, ама како што тргнало изгледа нема да излезам од дома. :(
Надвор сончево, 35 степени. плажата ми е пред нос а јас нема со кого да одам. Пола другари одат на работа, пола ги мрзит да излезат од дома.
Така да по цели денови дремам на компјутер или пред тв. Одвај чекам да почнам да одам на школо. Барем дома немат да сум. :(
 
Пред да почнит ова лето реков нема да се приберам дома, ама како што тргнало изгледа нема да излезам од дома. :(
Надвор сончево, 35 степени. плажата ми е пред нос а јас нема со кого да одам. Пола другари одат на работа, пола ги мрзит да излезат од дома.
Така да по цели денови дремам на компјутер или пред тв. Одвај чекам да почнам да одам на школо. Барем дома немат да сум. :(

другар јас да сум како тебе не му ја мислам сам ке идам на плажа + плус може некоја риба ке запознаеш у меѓувреме никад не се знае ... што да кажеме ние што немаме езеро у близина ... гоу енд хев фан :)
 
Летото е геј.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom