Летни, лесни јадења

  • Креатор на темата Креатор на темата IsidoraD
  • Време на започнување Време на започнување
Рендан целер, рендана краставица, тоа измешано со кисело млеко, и пикнато во фрижидер...нема ништо што повеке освежува :)
 
Jagodi so slag mmm

71059_87501365814_4636693_n.jpg


Za salata Taratur

cucumber+salad.JPG
 
Драги мои Кајганџики и Кајганџии, инспирирана од неподнослививе горештини, кои буквално не оневозможуваат нормално да функционираме, а камоли да се гушиме во кујна на 40 C, се решив да отворам тема за брзи летни јадења.
Со оглед на тоа дека овој афрички бран ќе потрае, би било корисно да споделиме искуства околу брзите летни рецепти. Слободно постирајте предлози за сите оброци - доручек, ручек или вечера.
Битно е само да се прават брзо и со што помалку дремење покрај шпоретот. Bon appetit:D
 
Брз колач

Состојки:
Овошје по желба
300 грама шеќер
1 кг бисквит Петит Бер
800 грама јогурт
3 кесички шлаг

Подготовка:
Изматете го јогуртот со шеќерот. Во смесата додадете иситнет бисквит. Кога ќе добиете хомогена маса, истата ставете ја во длабок сад, преку неа посипете овошје. Премачкајте го горниот дел со шлаг и оставете го колачот да се излади во фрижидер.


 
Летна манџа, за 15 минути се праи :)
Ставаш ситно сечкани зелени пиперки да се запржат (посолени), чекаш да фатат боичка малце,да омекнат и ставаш исто толку ситно сечкани патлиџани. Откако ќе омекнат, додаваш матени јајца и мешаш да се соединат рамномерно.
Соодносот на пиперки и патлиџан треба да е уедначен, а јајце се става од око, колку да ја држи манџата заедно :)
Се служи со чаша квалитетно суво бело вино Ризлинг од истоимената сорта, чија оптимална температура за послужување е од 10-12 степени.

lol jk, со сиренце се јаде ова ^^
Или јогурт :)
 
Туна паста салата

Состојки:
500 грама тестенини по желба
2 моркови
2 пиперки (1 црвена и зелена, само поради убавата боја:))
туна во конзерва
исецкан магдонос
малку вегета, сол и бибер
маслиново масло

Ставете ги тестенините во вода да се варат. Во меѓувреме, исечкајте ги пиперката и морковите на ситни коцкички и испржете ги неколку минути во подлабок сад, да омекнат. Потоа во смесата додајте ја туната и исечканите маслинки.
Кога ќе се сварат тестенините, исцедете ги и измешајте ги во смесата со туна, маслинки, пиперки и морков. Додадете вегета, сол или бибер по желба. На крајот ставете одозгора малку сецкан магдонос и послужете.

Напомена: Ова е доза за 6 особи, кој сака помалку, може да намали количински:)
 
Сецкаш краставица, сецкаш салама, лупаш павлака промешуваш и тадам за со леб е супер. Соодносот не е битен, по желба :D
 
Летна манџа, за 15 минути се праи :)
Ставаш ситно сечкани зелени пиперки да се запржат (посолени), чекаш да фатат боичка малце,да омекнат и ставаш исто толку ситно сечкани патлиџани. Откако ќе омекнат, додаваш матени јајца и мешаш да се соединат рамномерно.
Соодносот на пиперки и патлиџан треба да е уедначен, а јајце се става од око, колку да ја држи манџата заедно :)
Се служи со чаша квалитетно суво бело вино Ризлинг од истоимената сорта, чија оптимална температура за послужување е од 10-12 степени.

lol jk, со сиренце се јаде ова ^^
Или јогурт :)

Јас истата манџа ја правам, само без јајца:)Пиперки и патлиџан + рендано сирење одозгора...Yummy!(y)
 
Јас истата манџа ја правам, само без јајца:)Пиперки и патлиџан + рендано сирење одозгора...Yummy!(y)

И мене ова ми се допаѓа !
Пиперки и патлиџан+рендано/сецкано сирење одозгора ......... без јајца .............. јајца јадам исклучиво посебно, само јајца, без никакви мешавини и бучкуруши со нив или кајгана или на око или кришки леб пржени со јајце+сирење и маслинки настрана ........... а омлети нејќам многу !
П.С. А и тој брзиот колач од погоре вкусно ми делува ! :D
 
мислам дека имаше ваква тема?
:)
 
мислам дека имаше ваква тема?
:)

Ако има, слободно спојте ја...пребарував и не видов ништо слично, па затоа ја отворив:)
--- надополнето: 8 јули 2012 во 15:42 ---
Препечено лепче со маслинки


Состојки:
150 грама леб исечен на коцкички,
500 грама маслинки без семка,
2 чешниња лук,
1 црвена лута пиперка,
магдонос,
маслинов зејтин,
оцет.


Лебот исечен на коцкички пропржете го на зејтин, да пожолти. Маслинките, кои се исчистени од семки наполнете ги со исечкан магдонос и ситен лук.
Во голема здела ставете ги коцкичките леб, маслинките, исечканата лута пиперка, маслинов зејтин и малку оцет. Добро промешајте и послужете:).
 
Доручек :
2 домати
1 крставица
50 гр сирење
ги сечкаш доматите на парчиња , крставицата ја лупиш и ја сечкаш на кругови , додаваш малце масло и сол , рендаш сирење и ете ти доручек шопска салата :)
 
Доручек :
2 домати
1 крставица
50 гр сирење
ги сечкаш доматите на парчиња , крставицата ја лупиш и ја сечкаш на кругови , додаваш малце масло и сол , рендаш сирење и ете ти доручек шопска салата :)
Вечно ќе ми биде доручек за во лето, а богами и вечера понекад... се дешава и само на шопска да бидам цел ден ако е ептен пеколен ден...(y)
 
Вечно ќе ми биде доручек за во лето, а богами и вечера понекад... се дешава и само на шопска да бидам цел ден ако е ептен пеколен ден...(y)
Последниве 2-3 дена сам потрошив 4 кг домати и 2кг крставици и повеќе од пола кило сирење .. само на салати сум ... најмногу го сакам она сокот од доматите и со маслото кога ке се промеша па дури од сирењето рендано во него најубаво нешто ми е тоа .
 
Летна манџа, за 15 минути се праи :)
Ставаш ситно сечкани зелени пиперки да се запржат (посолени), чекаш да фатат боичка малце,да омекнат и ставаш исто толку ситно сечкани патлиџани. Откако ќе омекнат, додаваш матени јајца и мешаш да се соединат рамномерно.
Соодносот на пиперки и патлиџан треба да е уедначен, а јајце се става од око, колку да ја држи манџата заедно :)
Се служи со чаша квалитетно суво бело вино Ризлинг од истоимената сорта, чија оптимална температура за послужување е од 10-12 степени.

lol jk, со сиренце се јаде ова ^^
Или јогурт :)
Додај му малце праз(ама не многу за да не доминира како вкус) некој шампињон да се пржи со пиперките, на страна можеш и мајонез(али не купечки туку домашен ќе пишам како се праи али покасно, многу е повкусен и полесен од купечкиот, а и за брзо време се прави во склоп со темава е(y)), а и свежа салата можеби од цвекло да речеме, абе разни комбинации можит...леб не ти треба...:)
--- надополнето: 8 јули 2012 во 16:07 ---
Последниве 2-3 дена сам потрошив 4 кг домати и 2кг крставици и повеќе од пола кило сирење .. само на салати сум ... најмногу го сакам она сокот од доматите и со маслото кога ке се промеша па дури од сирењето рендано во него најубаво нешто ми е тоа .


:cuc::cuc::cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom