Летна сезонска работа во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата daydream
  • Време на започнување Време на започнување
Планирам да пичам за некој ден накај Грчка, со цел наоѓање некоја работа у угостителство за едно месеципол-два.
Е сеа, прашањето ми е дали има некој со тазе информации од таму у смисла има ли работа, има ли некои проблеми со оглед на кризата им или е се лабаво?
Thnx in advance.

Ко шо сум јас у тек со информациите работа има колку ти душа сака, посебно сега викендов било лудница...
Иди побарај, прашај, само пази на граница да не ти прават проблеми оти на моја другарка шо отиде пред две недели натаму и правеле проблеми и барале пари да покаже воа ноа и исто мнооогу предност ке имаш ако знаеш барем нешто грчки и се разбира англиски колку да комуницираш.:toe:
Криза може да има меѓу граѓаните, ама меѓу туристите никако. Чим тргналееее.... :)
 
Планирам да пичам за некој ден накај Грчка, со цел наоѓање некоја работа у угостителство за едно месеципол-два.
Е сеа, прашањето ми е дали има некој со тазе информации од таму у смисла има ли работа, има ли некои проблеми со оглед на кризата им или е се лабаво?
Thnx in advance.

во делот со туризам има дури и повеќе работа отколку лани. токму поради кризата што ја имаат, цените на аранжманите се спуштени, повеќе туристи, повеќе работа... со среќа нека ти е...

п.с. тоа за на граница што бараат пари е на кој како ќе му се падне... грото не бараат да не речам 90% не бараат, ама имај ти со тебе платежни картици виза и мастер и проблем не би требало да имаш...
 
Море какви ги има добри и средени :)
Ни две ни три ,еден шмек и готови се :)

изввинете вака за офф ама морам да го прашам gunner_mkd дали до сеа плеснал некоја германка русинка или што и да е?
 
Планирам да пичам за некој ден накај Грчка, со цел наоѓање некоја работа у угостителство за едно месеципол-два.
Е сеа, прашањето ми е дали има некој со тазе информации од таму у смисла има ли работа, има ли некои проблеми со оглед на кризата им или е се лабаво?
Thnx in advance.

Касниш малце,првата тура туристи веќе заврши во Грција.Имало народ како и секогаш,затоа побрзај ако сакаш да најдеш било што.
 
Касниш малце,првата тура туристи веќе заврши во Грција.Имало народ како и секогаш,затоа побрзај ако сакаш да најдеш било што.

Види, не одам со помисла дека ќе напраам милион евра за месец-два, as a matter of fact одам да се бањам и се шо би евентуално заработил ќе отиде на пиво. :) Муабетот ми беше дали сега во овој период се наоѓа некоја работа или пошо веќе е малку касно потешко иде тоа?
 
пошо веќе е малку касно потешко иде тоа?

го имаш одговорот, ама не е премногу касно... само со својата среќа и умешност се разбира.... бидејки си онака лежерен како што те сватив од муабетот, тоа значи дека не ти стало баш да печалиш туку да си истераш одмор со заработеното... со таков став БИ ТРЕБАЛО да успееш иако е веќе отпочната сезоната... иди, прашувај, и редовно оставај контакти.птво и основно, пред да почнеш да бараш работа, купи си грчки при пејд бројче за да може да ти се јават евентуално... за 5 евра имаш број со 5 евра кредит, по трафики се продава на космоте, бившите стопани на нашето бившо космофон...
 
Види, не одам со помисла дека ќе напраам милион евра за месец-два, as a matter of fact одам да се бањам и се шо би евентуално заработил ќе отиде на пиво. :) Муабетот ми беше дали сега во овој период се наоѓа некоја работа или пошо веќе е малку касно потешко иде тоа?

Јуни е сеуште,ако тргнеш сега можеби ќе најдеш некое празно место.Не размислувај,туку пакувај се.За помин летово сигурно ќе испадне некое шанкче.
 
дали знате како да се најде работа за берење на портокали или маслинки зимово во грција или било каде...прашувам за другари кои се доста заинтересирани...башка и видов у весник даваат 20е на саат, што сепак мислам дека е грешка...али ако иде до 50е на ден е добро...ај пишете ако нешто знаете ау
 
Какви работни места им стојат на располагање на луѓе што не знаат грчки?
 
Dali nekoj ima iskustvo so rabota na Krit. I kako e za smestuvanje.

имав другари што беа таму пред неколку години...топ си било, зависи во кој град ќе одиш на крит али прилично било ок за смештај...башка има доста млади летен период и многу плави девојки од скандинавиа :D
 
Jas mislam deka smestuvanjeto za pocetok e mnogu bitno. Ama preku internet ima mnogu malku informacii...
 
Какви работни места им стојат на располагање на луѓе што не знаат грчки?

во одсек туризам сите работни места, под услов да познаваш англиски... верувале или не едвај 3% од грците знаат да бекнат по нешто на англиски... грција со децении се залага за анти англиско образование, бидејки си го имаат пикот со америка и британија... па ова му доаѓа како инат исто како и со нас со името-од инат... значи како што реков ако знаеш добро англиски имаш работа во туризам (шанкови, келнери-ки, собарки, рецепција и слично) а и ако не си баш со одличен англиски, пак нема кој да дознае дека не си нај сјаен, како што реков појма немаат... понатака работа има во градежништво и тоа во сите позиции... е сега оваа година во градежништво стагнира, а тука се и соседите наши бугари, албанци и косовари кои работат за релативно ниски дневници, па дури и од нас пониски... сакав да речам пониски од нас што би ги зимале таму, кои секако се повисоки од овие што би ги зимале за иста работа тука...
 
Значи единствен предуслов за да си најдам работа, е да го знам англискиот? Тоа ми се допаѓа. Вреди да се замарам да научам по нешто грчки од online курсеви, и такви слични работи?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom