Lethal Weapon и останата филозофија

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.400
Поени од реакции
25.253
На телевизија баш го начекав третиов дел, па реков, ај не ќе го гледам на тв, ги зедов сите 4 дела, ми стојат во колекцијата, копии од оригинали (само се фалам), па ги изгледав пак сите маратонски.
Значит колку и да ги гледам неможат да ми здосадат. Читав коментари дека се многу предвидливи и клише полициски филмови, ама морам да признам дека Смртоносно оружје е според МЕНЕ еден од најдобрите серијали воопшто, па зошто да нема и тема за него.

На една друга работа што сакам да се навратам, е да ја воочиме разликата меѓу овие три клипа, секако, извонредниот Џо Пеши а.к.а. Лио Гец, ми се чини во најдоброто светло, ИАКО е споредна улога.

Размислував, и баш она "останата филозофија" во насловот е тоа колку споредните улоги влијаат во филмот. Мислам дека овој лик секогаш кога ќе се појави од негде на сцена, изнудува смеа и многу различни емоции кога ја гледаме цврстината на глумата, една огромна професионалност.

Сигурно се сеќавате (тие што гледале) на оние ОКЕЈ ОКЕЈ ОКЕЈ ОКЕЈ, од Лио Гец, и сигурно она постојано ФАК ФАК ФАК ФАК.

Погледајте ги триве клипа, па воочете ја сличноста. Се смеев цело време и ги премотував назад овие сцени:)

They fuck you at the drive thru.
They fuck you at the hospital. First the drug you, then they fuck you.

Прилично annoying е и последниот клип, баш му го погодиле насловот.
Не сакам да ја постирам и онаа легендарнана сцена со жабата Фроги, крајот на 4тиот дел.

Не знам ни зошто ја отворив темава, изгледа затоа што цело време ме смеат овие три клипа, па исто можеме да подискутираме и за серијалот, ништо лошо немат да се десит.

+ ако имате некоја сцена на памет, која јас сум ја изоставил, а сигурно ги има многу оние смешни во кои Мел Гибсон изиграва психопат, слободно постирајте, сакам материјал.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Легендарни класични филмови. Ги имам сите делови инаку оној со јапанците мислам дека беше 3. дел е дефинитивно најдобар.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Еве малку помрачен клип од серијалот, сцената е оригинална и неедитирна, интересно нешто самиот Мел Гибсон има изјавено дека солзите на сцената се вистински:


Еве ја сцената со жабата:


Не ми смешна некако туку емотивно тажна е, зборува за блискост пријателство итн.
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Лудница од серијал..Во целост го обожавам серијалот,и нормално дека ги имам како копии од оригинал во мојата филмска колекција..

Штета што сега филмовите веке не ги праат така добри..
Од мене 2-3 клипчиња...


......lived on the floor,eat on the floor,sleep on the floor ,watch TV on the floor ,i didnt learn to walk until i was 10 years old... :pos2:

Како и саундтракот од третиот дел..
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Заради Лео Гец се гледа Смртоносно оружје серијалот исто како што заради Скрат се гледа анимираниот Ледено Доба.Едноставно има многу филмови кои ги гледам заради интересни споредни ликови.
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Значи кај повеќето филмови секое продолжение е се понеинтересно,а тука е обратно.3ка и 4ка ми се омилени од серијалот,кој го имам гледано преку 3 пати.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
Џо Пеши е легенда! Обично после првиот дел филмовите одат кон полошо. А во првиот дел го видовме Мел Гибсон во тотална депресија и пред самоубиство и Дени Гловер пред пензија (I'm to old for this shit!)... и филмот како и повеќето добри акции од тоа време има одлични акциони херои и многу хумор. А после првиот дел Џо Пеши стапува на сцена и филмовите стануваат лудница. Незаборавни сцени.

За мене, првиот дел е класика, но Џо Пеши се истакнува посебно во третиот ако се сеќавам добро...толку бурек да се јадело :pos2:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Легендарен серијал, а и ми беше прв филм што го купив на времето (Lethal Weapon 4) на Video-CD.
Филмовите се уживанција за гледање, сите ликови се погодени - плус истите споредни глумци се во секое продолжение, значи има континуитет. Ова ми е најбоље улога на Мел Гибсон, му лежи ептен...

Една од најсмешни сцени ми е кога ќе ја "дефјузираат" бомбата во 3ката...али неуспешно. :)
Штета не може да се долови со зборови, а не можам да го најдам целиот клип на Youtube...

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
Ова беше: сината жица или црвената? (А мачката им стои на колата)
И по некое време: знаеш што... земај ја мачката! :pos2:

А таа фора кога му наместија бомба под wc шољата ja има? Слабо некако клипови гледам на Youtube.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.400
Поени од реакции
25.253
Сцената со жабата ја има пак на јутуб и ми текна да ја побарам темава...:rolleyes:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Сцената ама не со жабата :(....
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
imase magija megu mel i deni i cela ekipa....se drzea ko stvarno da se cel zivot zaedno...i ne mi bese niso isforsirano....mel gibson one of the best yet..
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Прво нешто што ми текнува кога ќе прочитам Lethal Weapon!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom