Лесно ти е тебе, секогаш можеш да ми се вратиш...

  • Креатор на темата Креатор на темата BoZiCA
  • Време на започнување Време на започнување
Имено Тендер, се разбираме, нема ништо полошо од живеење во лажни надежи. Сега наврати се на мојот прв пост и види што имам напишано, дека не продолжувам понатаму додека не се осетам спремна за тоа. Ама кога ќе станам и зачекорам, ништо повеќе не ме враќа назад. Минатото е само минато и останува таму каде што му е и местото, во спомените.
Не е лесно и никој не рече дека се случува преку ноќ, но кога ќе бидеш способен смирено да се насмевнеш на сето она што било заедничко, да му/и' посакаш среќа и да продолжиш, без никакво чувство на тага или каење, тогаш е правиот момент да излезеш и го вдишеш светот околу тебе. Јас си верувам на себе и на она што го зборувам, бидејќи не бегам од она што го чувствувам. Оној што љуби, знае да љуби и после војната, видоизменето во секој случај, но никако со горчина. Се' што е поинаку од ова, тешко и на тебе и на тој (следниот) што ќе биде со/до тебе. :)
 
Во моментов во мојот живот не постои таква личност што би ја пречекала со раширени раце кога би сакала да ми се врати и за која сум во стање се` да оставам за да се вратам на тоа што било.
Тоа не значи дека никогаш не постоела, или дека нема да постои.
Не сакам да бидам нечие 24/7 available прибежиште. Нечија резерва, за кога ќе нема каде и со кој, да ми се враќа мене зошто знае дека ќе го примам назад. :toe:
 
Нормално дека не важи. Не сум јас некое инструментче за забава па кога на него ќе му биде досадно да ме остави, а кога ќе посака да му се вратам назад.

Сме раскинале...сигурно имало причина. Не се влегува во друга врска за да ја зборавиш старата. Таквите врски се бесцелни и служат само да ги повредуваат луѓето.

Значи ќе продолжам со новата врска, без воопшто да размислам. Нема цел да се вратам на нешто што звршило.
 
Доколку веќе сум започнал друга врска назад враќање нема барем кај мене,било поминало,јеби га кој како влегол во мојот живот така и ќе излезе е сега дали со позитивно мислење за неа или не тоа е сосема трето,а дека некого неможеш да заборавиш не верувам се се заборава се е до психата барем јас така мислам или сакаш да го заборавиш или нејкеш твој избор
 
Не знам, за мене подобро е тој што нема расчистено со старите спомени, прво да расчисти со чувствата пред да се впушти во нова врска, а тоа подразбира и да се вратиш на бившиот колку за да си расчистиш во главата и срцето на што си - се разбира ова не важи за оние кои не ни помислуваат да му се вратат. Е сеа, откако ќе видиш има или нема емоции, полесно е да го одбереш правиот пат, Или остануваш или си одиш. Боље така, отколку да останеш со новиот, и потоа цел живот да кукаш леле а како добро ќе ми беше со мистерX ,и при секоја грешка на новиот да си велиш --- Е ова он никогаш не би ми го напраил...

ЗАтоа јас сум за она слушни си го срцето по секоја цена, не за нешо друго туку оти и кај мене некако разумот порано си преовладувал, но сфатив дека подобро е да си го слушаш срценцетооо...
 
Почнувате нов живот, наоѓате нов дечко, се супер ви иде, мислите дека штотуку го заборавивте господинот од минатотото

Сум почнала нов живот, сум нашла некој што ми го одвлекува вниманието и ми помогнал колку толку да го заборавам господинот од минатото, врската е супер, среќна сум...Зашто да си ги упропастувам сите тие убави работи и да се враќам на нешто старо, поминато, што знам дека нема да успее...Може и нема да ми биде толку лесно знаејќи се себеси дека секогаш го слушам срцето ( што сфатив дека е моја огромна грешка ) али некогаш е и многу подобро да го слушаш разумот.
 
Дали и кај вас важи она старото: Лесно ти е тебе, секогаш можеш да ми се вратиш и во било кое време мене да ме оставиииш...
Не важи. Колку и да сакам некој нема да дозволам да ме повредува така, да си оди и враќа кога сака.
Нема за никого да бидам на располагање за да може што сака да си прави со мене.
Што мислите? Ви се има случено или...?
Не ми се случило тоа.
Дали имате и вие некоја личност која секогаш ќе ја сакате и би и се вратиле без збор? кој е вашиот избор?
Мислам дека би останала со тој што сум.
 
Почнувате нов живот, наоѓате нов дечко, се супер ви иде, мислите дека штотуку го заборавивте господинот од минатотото, се е топ, и оддеднаш се враќа мистериозниот мистер X и вие не се препознавате, едноставно со само една средба успева да ги разбуди сите ваши емоции што до само пред 1 мин. мислевте дека некој друг ги избришал...

Штом имам цврста врска со некого, се сакаме и сме среќни, зашто побогу воопшто би размислувала за бивш? Не доаѓа предвид. Не би ни помислила на него како на дечко, камо ли па пак да се враќаме на старата приказна. Не би ни била со некој друг ако не сум расчистила целосно со претходниот. Не е во ред, ни за него, ни за мене.

А и да ми се случи вакво нешто, што е (речиси) невозможно... Можеби ќе се прелажам еднаш, ама нема истата грешка втор пат да ја правам. Јас не висам на закачалка па да си игра со мене кога ќе му текне и како ќе му текне. Не давам.
 
Сум почнала нов живот, сум нашла некој што ми го одвлекува вниманието и ми помогнал колку толку да го заборавам господинот од минатото, врската е супер, среќна сум...Зашто да си ги упропастувам сите тие убави работи и да се враќам на нешто старо, поминато, што знам дека нема да успее...Може и нема да ми биде толку лесно знаејќи се себеси дека секогаш го слушам срцето ( што сфатив дека е моја огромна грешка ) али некогаш е и многу подобро да го слушаш разумот.


Не не ти е грешка што си го слушаш срцето, ете јас ќе ти кажам што секогаш одев по разум, ама и така не излегува баш најокеј...Затоа барем ако испадне нешто наопаку ќе знаеш дека си постапила како што ти сакаш, а не како што некои норми ти налагаат. Тоа и не ти е грешка...
И друго од кај знаеш дека тоа старо поминато нема да успее? мОже баш сега да успее!
 
Кога веќе започнувам нова врска сигурно сум расчистила со минатото, доколку не сум расчистила сама со себе и со моите чувства кон преходниот мистер Х не се ни впуштам во нова врска, а откако ќе расчистам со него и со себеси тогаш може да започнам нешто ново па таканаречениот мистер Х може да се појавува уште колку сака во мојот живот и со какви сака изјави тој за мене ќе остане само минато, што било поминало очигледно не сме можеле да бидеме заедно штом дошло до раскинување, кршеното не се лепи, така да останувам со тој што сум во моментот. :toe:
 
Ovaa situacija e isto ko citanje ista kniga dva pati.. Krajot se znae pred i voopsto da pocnes..
 
Не не ти е грешка што си го слушаш срцето, ете јас ќе ти кажам што секогаш одев по разум, ама и така не излегува баш најокеј...Затоа барем ако испадне нешто наопаку ќе знаеш дека си постапила како што ти сакаш, а не како што некои норми ти налагаат. Тоа и не ти е грешка...
И друго од кај знаеш дека тоа старо поминато нема да успее? мОже баш сега да успее!

Тоа да...али сепак кога сакаш некој заслепен си и не гледаш или пак несакаш да прифатиш некои работи што се многу очигледни. Може и ќе успее, а може и не тоа нема да се дознае ако не се проба...али кога тогаш и на тоа ќе дојде крај...Затоа подобро минатото да се остави зад себе и да се сврти нова страница во животот колку и да е тешко тоа. Животот продолжува понатака и ни отвара нови врати и нови можности.Ако сега некој друг ми нуди љубов и се она што сум го посакувала, среќна сум не гледам зашто да се навраќам на нешто што било и поминало.
 
Ако веќе сум со некој во врска, воопшто не ме интересира друг. Па кој сака нека е и колку сака силни чувства да сум имала порано. Си ја гледам врската и човекот со кого сум во моментот. Секако дека нема да прекинам со дечкото затоа што му текнало на некој дека сака да сме повторно во врска.

А еве што ако прекинеш врска со моменталниот партнер и одлучиш повторно да продолжиш со поранешниот, но по некое време сфатиш дека си во заблуда и само си мислел дека ти се свртеле емоциите?

Сакав уште нешто да искоментирам, ама ајде да не комплицирам и да не почнам да се опуштам, па сите да ме карате за долги постови:icon_lol:
 
Тоа да...али сепак кога сакаш некој заслепен си и не гледаш или пак несакаш да прифатиш некои работи што се многу очигледни. Може и ќе успее, а може и не тоа нема да се дознае ако не се проба...али кога тогаш и на тоа ќе дојде крај...Затоа подобро минатото да се остави зад себе и да се сврти нова страница во животот колку и да е тешко тоа. Животот продолжува понатака и ни отвара нови врати и нови можности.Ако сега некој друг ми нуди љубов и се она што сум го посакувала, среќна сум не гледам зашто да се навраќам на нешто што било и поминало.


ДА за тоа си во право, но за мене подобро е да расчистиш со себе, па макар и ако после дојде до КРАЈ, отколку цел живот да се обвинуваш е да беше вака или онака, да направев вака или така. Вака ќе знаеш дека проба барем (ова го зборувам под услов да немаш расчистено со емоциите.) Ако имаш е тоа е веќе друго:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom