Legion

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Значи....Обри ефинг Плаза е ИН-СТИ-ТУ-ЦИ-ЈА! :love:


Ја неам уште догледано, не ми спојлајте
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Ја изглеав, ја изглеав :jeeee:
Ко, не знам зошто се радувам, повеќе би сакала да имам уште за гледање.

Серијава е топоини, си гази ли си гази. Вторава сезона многу подобра од првата, plotwise, characterwise, designwise и секакоwise. Глеам Анонче мој нешто пишал на претходната страна дека предобро му било што камерата се љуљала, и јас приметив такво нешто што ми беше прејако... не ми текнува која епизода беше ама кога Кери беше инфицирана и Кери коа пробуваше да ја разбуди и светлата ептен непријатност правеа и многу ми беше прејако тоа, одлични се такви детали... општо камерата многу добро се користи и знаат некои кадри од чудни агли да бидат особено Лени кога е во кадар ептен Весовски вајб имаат, не знам дали сте приметиле, приметете.

Имам доста омилени ликови што е одлично за серија... знаете како во ГоТ викавме на времето Леле колку го мразам ликов ми иде да ја скролнам сценава со него. Е тука пример, као океј Птономи и Мелани ми се онака мех... ама затоа тотално уживам во сите сцени со Лени, Оливер, Дејвид, Фарук, индивидуално и заедно! Одличен кастинг, одлични актери, одлични ликови! Мелем ми е да ги глеам Оливер и Фарук како се надинтелектуализираат (знам, не постои зборов, ок е Анонче љубави), каков само sass, за Обри Плаза веќе искоментирав. Дејвид ме нервираше прва сезона кога беше таков ептен налудничав ама разбирам, таков му беше ликот, браво за Ден што така го изглуми.

За музиката да не почнувам, океј, знам дека има Радиохед нумери, не вотуш, не биднувам Радиохедхед ама музиката е многу добро искористена, сите песни се на совршено место, има некои класични композиции што се некако измодернизирани и кавернати и се пре-до-бри! Болерото кога одеше на сцената со Оливер беше оргазмична, или еаргазмична, какогод, совршено!

Инаку серијава е буквално ко на ЛСД да си кога ја гледаш, исто така е и пишувана, ко на ЛСД, јас обично не го сакам тоа, кхм, Enter the Void кхм, МЕЃУТОА овде е тоа направено на граница со перфекција. Еве рандом факт, вчера го гледав Beyond the Edge (лош е филмот инаку, не го глејте), и имаше таму слично нешто телепатија, астрални плочи, потсвест and the likes, и додека го гледав тој филм, сфатив колку генијалност бара да напишеш серија како Легион/Лиџн, и истата да има affection, шарм и да биде толку добра. Секоја чест стварно, за опфатеноста на психолошкиот момент и општата состојба и здраворазумност што се афектирани од телепатијата како супермоќ, да речеме.

Ми се допаѓа што има димензионалност серијава и ги покажува предизвиците со кои се соочуваат мутантите и борбата со самите себе, као не е серијава хехе овој е телекинетичар и оди наоколу и ебе мајки со моќта и премногу е бедес и во контрола и hey look how cool we are. И кога сме кај тоа, сцената со Дејвид кога ја губи контролата у кујна и се расфрла со kitchen utilities е снимена совршено.

Инаку јас дојдов да пишам дека премногу ми се свиѓаше што последнава епизода беше Mr. Nobody римејк, и имаше расфрлано референци од други филмови тука и таму ама ете.... фул рецензија пишав, модус операнди ми е тоа.

Фала им на Анон и Злате што суптилно ми ја препорачуваа некое време, и на вот што апсолутно несуптилно ме регрутира во фанклубов, гушки, бацки и срциња за вас :love:
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Уште една одлична епизода, како секогаш, штета што го скинаа плотот со тоа суштеството, очекував појак крај да има.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Прегледај го приврзокот 190069

Ајјј какви ѕверови!!! Не previously, apparently :D Полн погодок за серијава.

Иначе искинаа вторава сезона, прејака е. Кинематографија, музика, сет дизајн, камера, продакшн дизајн или како да се викаат сите овие работи.
Премногу се храбри, премногу. Користат нешта што ретко се користат и го прават тоа неверојатно. Сериозно мислам дека се пред времето.

Во четврта епизода имаше една сцена кај шо камерата како да се нишаше на љуљашка лево-десно.. совршено направено во напнатата сцена.
upload_2018-5-16_23-52-1.png



Лудница!
Многу се арт :pipi:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.083
Ја изгледав првата сезона уште пред година, најмногу ради Noah креаторот на Фарго, првата сезона имаше повеќе хорор атмосфера него ли оваа (до четврта епизода сум), али си останува истрипана до крај. Крајот и последните неколку епизоди не ми се свиѓаа кај првата, и она што понатаму не ми се свиѓа е главниот лик, не знам дали е до репликите кои што му ги пишуваат и го прават таков карактер или е до гримасите кои актерот ги прави али е доста чизи, некако ко да не ми се уклапа у ваков тип на серијал, како глуми ко да го стаиле у тинејџерско тв шоу.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
И повторно се враќа Џон Хам со неговите лекции, на 3 епизоди до крајот, серијава е се подобра и подобра.
 
H

HoT _iCe

Гостин
Само што гу заврши прву сезону и да си јавно пишу дека пола од тој што гледаше мислеше дека сам под дејство на некои опојни дроѓе али нема везе, серија е нешто генијално и уникатно, посебно после работу кд сам мртав уморан, вози ме, удара ме, бута ме, диза ме, интригира ме и ме бута у несвест док гу гледам. Надам се втора сезона е помалце комплексно пошто мој мозак нема да издржи овој темпо :icon_lol:
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
И заврши сезоната онака како што сите очекуваа да заврши :)
Дејвид стана Легија.
А сега е официјално, Легијата ќе се врати во 3 сезона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom