9ти јануари
Ова е денот. Пред 66 години, во едно јануарско дождливо утро е роден тој, Џејмс Патрик, легендата над легендите, волшебникот на 6те жици.
Тој ни ја покажа магијата на музиката. Тој жртвуваше многу во животот за да му покаже на светот дека Бог му дал талент да го остави пола свет без текст. И тој доби шанса. Бог му дал приајтели како Џеф Бек, кој му го покажа патот.
ТИ тука е веќе. Тој собра неколкумина за да направи спектакл. Своите пријатели од Бирмингем го придружуваа низ волшебниот пат на Рок ен ролот. Тоа беше Џими Пејџ, тоа е Лед Цепелин.
Нова страница во музиката се зарте, нова корица во човештвото се направи. Веќе ништо не е исто како порано. Џими Пејџ го направи она што многумина пред него не успеаа. Цел свет му се поклони.
Детето кое не знеше да свири, веќе во првата година си купи авион. Communication Breakdown му го донесе тоа. Тој беше славен, тој беше идол, но тој не го бараше тоа, тој не го правеше тоа. Имаше слава, имаше пари како планина. Целиот бенд Лед Цепелин, најдобрата мешавина во музиката на сите времиња беа ништо поразлични од другите луѓе. Тие само правеа она што го сакаа. Тие беа музичари. И тоа најдобри.
Од година во година Џими ни ја претставуваше музиката на несекојдневието. Денот кога Stairway to heaven беше пуштена од студискиот кафез, е еден од најсветлите денови за музиката. Џими вели дека за него е обратно. Само тој знае зошто и како. Само Led Zeppelin.
Лед Цепелин уште долго време пловеа по музичката сцена, обиколувајќи го светот со тоа што најдобро го прават. Но не премногу долго. Џими зеде хероин и го уништи сето тоа што почна на Божик кога тој имаше 12 години и кога ја најде првата гитара под елката. Неговиот пријател Бонзо го напушти светот и се пропадна.
Остана музиката. Џими е тука и сеуште свири. Сеуште е тука, меѓу нас. НАјголемиот дедо на светот.
Денес му се поклопија 6ките. За прв пат. Можеби му значат нешто. Можеби светот правеше да му значат нешто. Никогаш нема да дознаеме.
Чест ми е што сме родени на ист датум!
Куме ЏИМИ, среќен роденден!!!!