Луѓе, Фуего 32el610 andt, на Нептун страната ми го покажува со резолуција 1280х720, а на Агротехна 1920х1080....кој е за верување?
Јас имам видено ѓубретарија од Фуего на која пишувало дека е HD Ready 1280 x 720, но сепак давал Full HD 1920 x 1080 слика.
Бог знае каква ѓубретарија продаваат, но за тоа главни виновници се поголемите производители од типот на Самсунг и ЕлЏи, кои се` помалку - да не речам ич - прават LCD телевизори со помали екрани.
А баш тоа е малку чудно за производители на телевизори од далечниот исток, една работа која е позната за богатите и развиените држави е фактот дека во големите градови луѓето најчесто живеат под кирија во мали станови или куќи, буквално набутани како сардини во конзерви и токму недостатокот на слободен простор ја ограничува големината на телевизорите и останатите електрични уреди во домот.
Но додека не им текне да се посветат посериозно на LCD телевизори со помали екрани, ќе им останат отворени можностите на ѓубретарите од типот на Фуего, Паоло, СТ и останати за да профитираат во недостаток на вистинска конкуренција на полето на LCD телевизори со помали екрани. Филипс и Панасоник не ги земам во предвид, ми се стемнува кога ќе ги видам нивните телевизори.