LCD телевизори

Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.585
за QWART барем имаат 5год гаранција ке ти го поправаат беспари,единствени тв со 5 год гаранција другото е се со две год.а за две год.тв неможе да откаже едино да ти го е“***би електро со превисок напон....
Се` што не чини доаѓа со долгогодишна гаранција за да се привлечат недоволно информираните купувачи.

Телевизор за помалку од 10.000 денари со гаранција од 5 или повеќе години секогаш ќе делува привлечно за неинформираниот купувач.
 
Член од
6 јануари 2015
Мислења
1.302
Поени од реакции
1.242

бате во ред мислам не се разбираме,се согласувам дека се Г*****НО тевеата но поентата е што ти го поправаат беспари (под гаранција) на пр.секоја фабрика што произведува лаптопи ГАРАНТИРА дека лап.ке работи 5 год без мана/дефект но само тие 5 год.ретко многу ретко има апарат кој може да се расипе првите 2 год,според мене скоро невозможно..5 год несе ни долг ни краток периот...барем има гаранција голема...
 
Точно, мило ми е бидејќи се согласуваме.

Токму бидејќи и јас вообичаено се фокусирам на квалитетот - без разлика колку ќе ме чини, мојот 42 инчен LCD телевизор од ЕлЏи повеќе од 5 години го користам и никогаш досега не се расипал = доказ дека на квалитетот не му треба долгогодишна гаранција.

Секако дека долгогодишна гаранција делува како неоспорлив доказ за квалитет, но да не се залажуваме - факт е тоа дека и покрај гаранцијата, во овластениот сервис лесно можат да измислат дефект кој сопственикот свесно и намерно го направил, па да не му го заменат расипаниот/нефункционалниот производ со нов некористен и функционален производ.

Или па ако во цела серија на фалсификат телевизори се појави дефект кој ќе бара повлекување на целата пратка, шансите да им се признае дефект на повеќе стотици или илјадници купувачи и да им се заменат расипаните производи со нови, е речиси невозможна мисија, бидејќи или нема да имаат доволно резервни делови за да ги поправат сите расипани производи, или нема да имаат доволно нови производи со кои ќе ги заменат расипаните производи.

Во такви околности гаранцијата не вреди ни колку хартијата врз која е отпечатена и мастилото со кое е отпечатена.
 
Член од
6 јануари 2015
Мислења
1.302
Поени од реакции
1.242
неспиеш бе?от каде си?со што работиш?ако нее тајна може и во ПП..инаку ЕЛЏИ 19 ме служеше бедни неколку месеци нецела година,неможеше да се поправи...а ФУЕГОВО нема што нема преживеано шокој,стресој,напон итн.(мислам некој го правел во прва или втора смена веројатно се погодил) трета год сеуште е живо....
 
Најверојатно си го однел мониторот - претпоставувам, бидејќи велиш дека е 19 инчен - во некој од тие таканаречени овластени или професионални сервиси, како Видео Дата, каде што претежно работат со резервни делови на залиха, а не со поправање на неисправните делови - ако можат да се поправат.

И јас имав таков проблем, 19 инчен LCD монитор од ЕлЏи ми се расипа после повеќе од 5 години користење, го однесов кај еден сервисер кој поправа од се` по нешто - се` додека е електрично, но тој импровизирал бидејќи не можел да најде соодветен резервен дел - и самиот тоа ми го кажа, па откако го поправи мониторот, отприлика 1 ипол година подоцна мониторот повторно се расипа.

Тогаш одлучив да го однесам во Видео Дата, каде што ми кажаа дека поради импровизацијата на претходниот сервисер не можат да го поправат.

Сепак, пред да го отпишам како мртов производ, го однесов кај трет сервисер во Бутел, кој работи исклучиво со телевизори и монитори - ма да имаше и по некој VHS/DVD/BluRay плеер или рекордер и по некој компјутер - и тој исто така го посочи проблемот со импровизацијата која ја направил претходниот сервисер, но сепак успешно го поправи мониторот, и еве, поминати се повеќе од 2 години од тогаш и истиот монитор го користам до денешен ден и максимално сум задоволен како од поправката, така и од самиот монитор.

Немој многу да им веруваш на таканаречените овластени или професионални сервиси, тие не се занимаваат многу со уреди кои бараат потемелна поправка, исти се како помладите и неискусни часовничари кои знаат да поправат нов часовник, но не знаат да поправат антички руски часовник.

Како што часовничарите како Златко Зафировски кај семафорите кај Тутунски Комбинат Скопје се ретки, така и сервисерите за електрични уреди кои бараат потемелна поправка се ретки, но сепак ги има - фала му на Бога, нека се живи и здрави.
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
Hitachi imam dobra ponuda kako lowbudget. Edniot e 40 hb6 a drugiot 39 hb4, za ista cena. E sega sto e razlikava megu ovie dva i koj e podobar. Za malku poveke moze da go zemam Philips 39 Phs 4112, ama mnogu negativni kritiki citav bas za ovoj model. Drugi uste poskupi vo ponudata doagaat Philips 40 Pft 4101 i Pfh 4101, kako i Sharp LC-40 FG 3342. Od brand tv najevtino e Panasonic TX-40 C300. Pomos okolu izborot ako moze.
Zaborav, i tesla bese tuka negde.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
1.377
Фуего, Вивакс, Паоло, СТ, Куарт, Нео и сите останати фалсификат брендови НЕ ЧИНАТ !!!

Купи си Филипс или Панасоник ако сакаш квалитет за евтини пари, во спротивно ЕлЏи, Самсунг, Сони и Грундиг се синоними за квалитет добиен врз принципот колку пари = толку музика.
Грундиг е турска фирма. Во иста група со Сони, ЛГ и Самсунг?
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.552
Поени од реакции
2.130
Грундиг е турска фирма. Во иста група со Сони, ЛГ и Самсунг?
Не, aмa би ги стaвил нaд неo, квaрт, вивaкс фуегo и слични. Нештo кaкo бекo, сoлиден квaлитет зa ефтини пaри.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
Ја и филипс не би го ставил мегу топ брендови,не е тој филипс што беше во 90 те

Sent from my Redmi Note 4x using Tapatalk
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
1.377
Филипс има ТВа од сите големини-дијагонали на екран кои по квалитет можат рамо до рамо да се носат со Сони ЛГ Самсунг и се скапички, ама прават и буџет ТВа кои се многу поефтини а со квалитет на ранг на Вивакс, Куарт итн. обично помалите дијагонали до 40тина инчи.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.585
Грундиг е турска фирма. Во иста група со Сони, ЛГ и Самсунг?
Па лично би ги ставил во иста група со Филипс и Панасоник, но цените им се малку пресолени за да бидат во таква група.

Инаку, Грундиг е германски производител, кој од 2007 година е во сопственост на турската компанија Коч Холдинг, кој е сопственик и на Рамстор, но производството мислам дека и понатаму се врши во Германија.

Можно е да грешам, можеби производството го префрлиле во Турција, но поради цените ги ставам во иста група со ЕлЏи, Самсунг и Сони, инаку се согласувам дека од гледна точка на квалитет, спаѓаат во иста група со Филипс и Панасоник.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
5.213
Поени од реакции
3.598

Grunding,Hitachi,Sharp od pred nekoe vreme i Quart od amc ,se proizveduvaat vo fabrikata na /Vestel vo Turcija isto taka i nekolku serii na Philips.....
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
како пошкарт?на што да се пази?ФУЕГО една производствена линија или чинат или не!!
Не е така. Има од модели до модели разлика. Има модели кои доаѓаат од Кина и модели сега нови кои се прават во иста фабрика каде што се прави и Quart на амц. фг3305 е баш таков модел. Ме мрзи да барам сега. Баш прочитав пред некое време на интернет. Воглавно тие се моделите.

Моделот Фуего 3705 мислам дека доаѓа од Кина, но како и да е многу е полош.[DOUBLEPOST=1525523635][/DOUBLEPOST]
Фуего, Вивакс, Паоло, СТ, Куарт, Нео и сите останати фалсификат брендови НЕ ЧИНАТ !!!

Купи си Филипс или Панасоник ако сакаш квалитет за евтини пари, во спротивно ЕлЏи, Самсунг, Сони и Грундиг се синоними за квалитет добиен врз принципот колку пари = толку музика.
Грундиг синоним за квалитет??? Те молам не ги споредувај со Сони и Самсунг. Делува смешно.

Новите Quart се сосема доволни за некој кој му е потребна убава слика, па ќе се изненадите колку добра слика и бои можат да прикажат.
Е сега ако се сака нешто повеќе, особено кај големите дијагонали над 43 инчи, тука веќе добро е да се земе бренд телевизор и најдобри се

1. Сони (без конкуренција прават најквалитетни тв и со нив нема грешка, мана немаат заоблени ценовно достпани модели) Оној што го бара најубавото без да се сеќира за квалитет бира Сони. Од 50 топ најдобри сајтови на нет кои вршат истражување. 41 веб страници го сместуваат Сони како најдобар избор.

2. Самсунг (можеби единствените кои парираат на Сони, Она што ги одвојува од другите е достапните цени за заоблените Curved телевизори каде Самсунг ги прегази буквално сите) Веќе за релативно малку пари се зема заболен телевизор со најнапредни функции.

3. Панасоник ( не се постојани, и намаат постојано ценовно достапни модели во средната класа. Во високата класа според интернет парираат или барем се обидуваат да држат чекор со Самсунг и Сони.

4. ЛГ ( се добри во еден момент и навистина кога сакаат знаат да извадат убави модели. И ова не е така само со телевизори, туку го имам приметено и со мобилниве телефони.
Сепак не се константи. Ќе го земамза пример LG G2 кој уште го користам. Телефон кој парираше, па дури и го газеше Самсунг Галакси во свое време. Но потоа новите G3 и G4 модели што ги извадија 80% се расипаа во тек на гаранција поради греење на плочи и екрани.
Поголема антиреклама неможе никој да им направи освен они самите.
Затоа би го сместил на пониско место, бидејќи на компанија од високо реноме не треба да им се случуваат вакви работи.

5. Филипс, ( моделите со Андроид им се навистина паметен потег. Ова зашто ги сместувам во толку лош ранкинг е сервисот кај нас кои се лопови тешки, па недај боже да дојде до сервис. ВидеоДата се за овие светци.

Телевизорите се убави, но класификацијата на моделите е многу лоша. На пример серија 6 има модели кои се слаби, но и модели кои се врв. На нет има модели кои неколку пати имале проблем со екранот и тоа исти.
Немаат некако класификација. Имаат извадено во минатото страшно добри телевизори кои беа ниски со цени.

6. Quart Fuego Hitachi Доколку некој бара тв за добра цена и нема некои поголеми барања,треба да ги погледа овие марки. Воопшто не се лоши за цената

101.ST телевизор сетек. Овие се купуваат само на душман или на некој што го мразите. За себе никако.
 
Последно уредено:

Филипс, Панасоник = ниски цени, задоволителен квалитет.

ЕлЏи, Самсунг, Сони = високи цени, висок квалитет.

Грундиг = високи цени, просечен квалитет, во иста група се` со ЕлЏи, Самсунг и Сони исклучиво поради цените, а од гледна точка на квалитет, во иста група се` со Филипс и Панасоник.

Вивакс, Фуего, Паоло, СТ, Куарт, Нео и останати шкартови = ниски цени, низок фалсификат квалитет.

Крај на приказната.

Патем, кога сме кај Филипс, почнаа да ги продаваат и во Сони Галерија продавниците на Пан Европа. Очигледно слабо им оди бизнисот на Пан Европа со Сони, па сега и тие почнуваат да ставаат евтини едра на Сони Галерија бродот за да го одржат во живот.
 
Последно уредено:
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Фуего, Куарт, Хитачи, Тошиба, Телефукен, некои модели на Филипс и Панасоник и уште доста други марки се правам во Турција, т.е ги прави Вестел.
Грундиг исто така се прави во Турција, ги произведува Арчелик.
Елџи неколку години по ред има најдобар оперативен систем за телевизори (WebOs). Сони се доста поквалитетни и делуваат по премиум, но секако држат добра цена.
Самсунг исто така се квалитетни, но добра 43-ка под 30 000 неможе да се најде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom