Провери се за Аристотел уште еднаш... само промени бренд на вода.. пробај друга.. не оди само на грчки извор..
Види .. зашто ти велам дека си Недефиниран.. не знам како се декларираш како национална припадност.. - не е ни важно.. - ако си македонец по род ќе сватиш што ти кажувам.. ако не.. заборави на овие редови..
Јас го сакам Ципорото (наша лозова со малце анасон)
Јас го сакам цацикито (наш таратор со 2-3 мирудии)
Јас го сакам и гирото и суфлакито, сакам да кршам чинии, и кога сум у шема.. некад и се заборавам.. лол
АМА ....
- не заборавам дека сум Македонец..
- не заборавам дека имам право да се повикувам на своите корени..
- не заборавам дека имам гени од античките македоници.. (проверено)
- не заборавам кои се грците.. - ги почитувам до мерата до која тие мене ме почитуваат.. Имам пријател во Атина, со компанија од над 200 вработени, и тој ме вика Македонец... пред сите.. вработени.. да, може е чудно.. но е вистинито,, тој ми е пријател. и ме почитува како таков. како што имам пријатели и во Лариса, Ламиа, Солун.. Атина, Сунио..
- не заборавам на апсурдноста на Грција и Бугарија, што се уште во 21 век се дрзнуваат да го спорат идентитетот на еден народ, нација, повампирувајки ја Грчката Патријаршија и Бугарската Егзархија и користејки ги истите методи од крајот на 18 и почкетокот на 19 век, раселувајки цели народи, затварање на Охридската Архиепископија, местење на атентати, убивање и демонтирање на комплетната Македонска интелегенција, од поети, уметници до политичари и борци за слобода.
- не заборавам на грчката пропаганда и националистичката хистерија со која иљадници македонци се прогонети од своите огништа, променети македонските Топоними, променети многу историски факти.. - за жал сеуште трае
- не заборавам на инфантилноста на една организација како Европска Заедница и НАТО, кој за да апсурдот биде уште поголем, ја играат картата на помал отпор, или помала штета, заборавајќи при тоа дека се работи за цели народи, и нивна маченичка историја. Сите историски факти за нашата самобитност лежат таму, во нивните музеи, универзитетски библиотеки, научни трудови..
- не заборавам на нашите политичари, кои наместо да се свртат кон економско зајакнување на ова земја, отварање на нови патишта, склучување на договори со трети земји, визија за развој на државата, тие единствениот излез го бараат во НАТО и ЕУ, и со тоа САМИТЕ си ја намалуваат нашата цена, и се прогласуват како Дивеч за Одстрел..
ЗАТОА БРАТ....
- немој да замеруваш на луѓе кои се погодени и им е смачено од било какви советодавци, олеснувачи, агитатори, прапагатори..
- немој да замеруваш на луѓе кои очигледно како јас и многу други се погодени, понижени, и доведени во ситуација да се борат против една машина која во моментот работи во полза на едно укрупнуваање на капитал и знаење, при тоа не водејки сметка за штетата кои ја предизвикуваат према помалите народи..
- немој да замеруваш на луѓе кои биле под разно разни пропагандни машини, и притисоци и сегашното будење, револт, исконски отпор против очигледните обиди на демонтирање како народ или припадност, ги карактеризираат како македоноиди или букефалисти. или фиромци, или скопјанци..
Братче.. напишав.. Јас знам Кој сум.. и имам и генетска потврда за тоа.. генетиката е многу имтересна наука.. тука нема политика.. Дознаваш да ли син ти е твој или млекарот ти бил на Гости за 30 минути.. Цела Европа тоа го знае..
Не се само шпанците, или Игенеа, или најпознатите институти во Исланд.. се се знае брат, и се е јасно.. нема потреба од дополнителни појаснувања..
се другото е политика..
Ако си Македониец по РОД.. ке разбереш што ти зборам, ако не.. заборави го постов, игнорирај ме (туре ме на игноре листа слободно) и живеј си го животот по свој терк.. само пази да не го узурпираш слободниот простор на македонецот.. (имаме бурна историја... да не се повампират некои духови од минатото)
Поздрав.. еден Антички Македонец!