Ладнокрвност

  • Креатор на темата Креатор на темата Goddess of Chaos
  • Време на започнување Време на започнување
. А кога ќе ми текне колку сум бил возбуден кога прв пат препишував на тест по физика и колку бев возбуден кога прв пат имав секс и од кога се немам така почувствувано, гледам дека тоа не е правилно. Од една страна добиваш, ама мислам дека повеќе губиш.


Е тука добиваш ништо не губиш.Размисли што добиваш.Зависи, можеби за тебе не, но за мене да.
И горе коментарот мој се однесуваше за одредени ситуации, кога треба да направиш некаков чекор, или да донесеш некаква одлука мораш таа да ја донесеш со ладна глава.
 
Ладнокрвност зар сметате дека постојат луѓе без чуства?Пред скоро време сметав но моето мислење се измени и сега не сметам така...секој има чуства и секој има срце но секој не ги искажува и покажува чуствата ...некој се плаши, некој смета дека тоа е добро, некој се тренира дека е без срце...Но секој еднаш би почуствувал што значат чуствата (најмалку еднаш)...
 
Ладнокрвност зар сметате дека постојат луѓе без чуства?
Постојат. Додуша би се рекло дека и тие имаат чувства али погрешни за даден случај, кантарот не им е баждарен.
 
Луѓе кои делуваат ладнокрвно според мене се всушност хиперсензибилни, со длабоки емоции, но со „неспособност“ или недостиг на желба/волја да ги искажат и покажат истите. Оние кои јавно ги искажуваат своите емоции прават емотивно празнење. На некој начин дел од болката, тагата... ја споделуваат со другите и се ослободуваат барем малку од неа.
За разлика од нив ладнокрвните многу повеќе во себе патат. Но тоа е сепак или вроден карактер или одбранбен механизам кој се гради обично после некоја голема болка и разочараност. Па ладнокрвоста личноста ја избира како штит со кој ќе се заштити и одбрани и ќе ја скрие сопствената слабост и кревкост.
 
Не знам зошто изедначувате ладнокрвност со немање емоции или со криење емоции.

Ладнокрвност, барем за мене, повеќе е размислување без емоциите да ти влијаат на расудувањето. Во моментот кога нешто се случува ти размислуваш брзо и рационално ИАКО осеќаш страв, еуфорија, тага, паника...

Тоа дали после размислувањето ќе ги покажеш емоциите не зависи од ладнокрвноста.

Разликата е во тоа што ладнокрвниот човек може да ги сокрие емоциите затоа што претходно размислил како треба да постапи, а темпераментните потешко го прават тоа затоа што размислуваат после својата реакција која е водена од емоции.

Не мора да значи дека ако си ладнокрвен постојано ги криеш своите емоции.
 
Ладнокрвен човек би требало да ги ослободи емоциите а не да ги потиснува, ако веќе ги има, т.е. ако избиваат. Еве да речеме како да останам ладнокрвен кога се возам у автобус, ме фаќа смеа а сам сум, не е баш згодно да се смеам сам пред други. И ќе стиснам, колку можам. :) Е, тоа не е ладнокрвност. Ладнокрвноста не би требало да обрнува внимание на тоа, ако и е смешно ќе се насмее и баш ја боли. Може треба да го сменам тоа. :)
 
Ладнокрвноста е лоша особниа,а знам дека го има во секој карактер и кога е потребна и кога не е. Ладнокрвен сум кога сум скаран или налутен со особата што ја сакам,одма може да ме примети дека сум туш ладен и изгледа као да не се замарам за неа, а уствари не сум ич таков во мене вријам,а делувам ладно.ЛОШО ДЕФИНИТИВНО, но брзо поминува :toe:
 
Нема емоции нема конфликти. Може само формална култура друго се е лошо но за жал не сме еволуирале уште доволно.

spok2-703392.jpg
 
Не знам зошто изедначувате ладнокрвност со немање емоции или со криење емоции.

Ладнокрвност, барем за мене, повеќе е размислување без емоциите да ти влијаат на расудувањето. Во моментот кога нешто се случува ти размислуваш брзо и рационално ИАКО осеќаш страв, еуфорија, тага, паника...

Тоа дали после размислувањето ќе ги покажеш емоциите не зависи од ладнокрвноста.

Разликата е во тоа што ладнокрвниот човек може да ги сокрие емоциите затоа што претходно размислил како треба да постапи, а темпераментните потешко го прават тоа затоа што размислуваат после својата реакција која е водена од емоции.

Не мора да значи дека ако си ладнокрвен постојано ги криеш своите емоции.
Е така де...Ладнокрвен-да ја сочуваш состојбата на крвта без поголема колицина на хормони,да реагираш раководен од свеста,искуството,разумот.Човек може да чуствува вулкански ерупции внатре а од надвор да е санта лед.и емотивен и ладнокрвен...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom