Ладнокрвен, да! Зошто? Затоа што имав потреба, или затоа што мислев дека имам
Додека растев и се изградував како личност во пубертетски години, имаше некои ситуации каде што паничев како мало дете (а и мал бев), каде што немав самоконтрола и тоа многу ми сметаше. Обично покажуваме преголема емотивност во ситуации кои ни се случуваат за прв пат, па затоа не знаеме како да реагираме.
Ако тука се додадат голем број случаи каде што јас сум бил повреден, тоа доведува до потреба на потиснување или блокирање на емоциите. И така во ситуации каде што претходно немав самоконтрола, почнав да ги поттиснувам и скривам емоциите и гледајќи како мојата "ново лице" се однесуваше тогаш, мислев е она правилното. Дека за да опстаниш и успееш во своите цели, мора само така да се однесуваш, дека за ништо не ти е гајле и да ги гледаш само своите интереси. И полека, полека постануваш емотивна хендикепирана личност која не може да почувствува на моменти ама баш ништо.
И како знаеш дека нешто не е во ред со твоите емоции. Во ситуации каде што разумот ти вика дека треба да почувствуваш нешто и сите околи тебе се тажни или среќни, а ти си ладен како камен. Ама, потешкото е да ги вратиш во живот поттиснатите емоции.