La Liga Santander 2023/24

Шампион?

  • Барселона

  • Реал Мадрид

  • Атлетико Мадрид

  • Реал Социедад

  • Виљареал

  • Реал Бетис

  • зошто не сопрев после Атлетико?

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
5 март 2018
Мислења
16.759
Поени од реакции
19.069
Не ги правдам и за какви дупки збориш????
Дали нешто е нелегално овде и ван нормала или тебе ти се праат филмови?
Ако ги извадиле од ростер по чему да ги враќаат? Чао пријатно така или не?

Истите тие од федерација пишале немало скици и која била гаранцијата дека тие ВИП ложи воопшто ќе постојат. Се сомневале дека ќе перат пари а имаа можност за лична гаранција на папир дека Лапорта ќе одговара ако парите од инвеститорот не се приложат на време. Кој кого дупи овде?
Како не е нелегално, рокот беше до 31, ви дадоја два дена плус и тие не ги искористивте. Дали откако ќе заврши трансфер рокот во другите лиги екипите пазарат ?
Еднаш кога ќе ги отпиши лигата играчите немаат право повторно да бидат регистрирани од ист клуб, тоа се правилата ама очигледно за вас има други правила.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
1.095
Поени од реакции
2.258
Значи по таа логика сега Барса се мафијата и ова се е само перење мозок за мали дечиња?

Не ми е јасно како истите тие од федерација стоеа на тврдокорно не за сега како што велиш Барса да мути вода и само за нив да може и да си воведуваат нови правила. Која е логиката овде?
 
Па лигата уште стои на не, судот даде привремено да додека се разгледува случајот.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
1.095
Поени од реакции
2.258
Па лигата уште стои на не, судот даде привремено да додека се разгледува случајот.
3 месеци имаат. Си стоев на зборот дека ова е само обична галама за како што го спомна ти Рафиња со изјавата секој фудбалер да се запраша дали вреди да се потпише.

Како и секоја година се прди максимално и се ствара негативна слика за на крај да успее и истите муабети пак и пак. Барса мафија, правила не важат за нив те вака те така.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.759
Поени од реакции
19.069
3 месеци имаат. Си стоев на зборот дека ова е само обична галама за како што го спомна ти Рафиња со изјавата секој фудбалер да се запраша дали вреди да се потпише.

Како и секоја година се прди максимално и се ствара негативна слика за на крај да успее и истите муабети пак и пак. Барса мафија, правила не важат за нив те вака те така.
Па таман да заврши сезоната и после и да ги одбијат ќе можат летото како слободни играчи да ги регистрираат.
Не знам зошто само кога знаеа дека не го исполниле тоа правило не си ги средија овие работи совреме, имаа време со месеци за на крај да чекаат во последен момент да се молат по судови со жалби.

Сами си ствараат негативна слика никој не им ствара.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.759
Поени од реакции
19.069
Гледа некој Реал - Мајорка ?
Мафео психички го падна Винициус вечерва, му го има земено калапот уште од претходно, го отепа од провокации и прашање на време кога ќе добие излив Винициус, освен ако Анчелоти не го подбери сега на полувреме
Мајорка се држат, некако во напад анемични ми се Реал, поготово Родриго, што фати утна
Автоматски споено мислење:

Мајавин мекици ќе давал :ROFLMAO:
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.163
Поени од реакции
25.311
Значи по таа логика сега Барса се мафијата и ова се е само перење мозок за мали дечиња?

Не ми е јасно како истите тие од федерација стоеа на тврдокорно не за сега како што велиш Барса да мути вода и само за нив да може и да си воведуваат нови правила. Која е логиката овде?
Зашто појма немаш што збориш, затоа и не ти е јасно.
Врска немаш ниту кој дозволи Барса да ги регистрира играчите, ниту зашто им беше даден рок само до 31 декември.
За твојот тим се работи, доаѓаш во дискусија а појма немаш што збориш.

Седни ајде на столчето, отвори тетратката и дозволи да те едуцирам.
Федерацијата (кој знае на кој мислиш овде) нема никаква врска со дозволувањето на регистрирање на Олмо и тој другиот.
Уште во август Барса не можеше да го регистрира Олмо, бидејќи нивните плати го надминуваат лимитот на плати кој им е дозволен од страна на Ла Лига.
Секој играч, кога се регистрира се регистрира за целото времетраење на неговиот договор, освен, пази сеа и запиши го ова, ОСВЕН, доколку станува збор за повреда на друг играч во екипата која е подолга од 4 месеци. Во тој случај, Ла Лига ја поништува 80% од платата на повредениот играч и остава простор да се регистрира друг играч меѓутоа таа регистрација е привремена и не е за целосното времетраење на договорот туку до 31 декември односно крајот на годината.
Значи Барса имала време 4 месеци да најде начин пред 31 декември да го регистрира Олмо.
Запознаени се со ситуацијата од старт и не е ова ништо ново ниту ништо инцидентно за нив.
Пробуваат да најдат финансии до 31 декември, меѓутоа уплатата од VIP седиштата не е навремена. Ла Лига им дава дополнителен рок од 3 дена да ја спроведат уплатата меѓутоа они и тој рок не го исполнуваат и Ла Лига им забранува да ги регистрираат играчите.

Во претходниот пост пиша што е тука ван нормала? Еве, сега ќе ти објаснам.
Барса поднесува жалба во судот кој е под надлежност на шпанската влада. Шпанската влада ја суспендира одлуката на Ла Лига и на шпанската федерација под образложение дека Барса како тим ќе претрпи тешки загуби, дека играчите финансиски и спортски нема да можат да се натпреваруваат и дека ова може да направи штета и на шпанската репрезентација.
Што е тотална глупост, бидејќи Олмо во договорот има клаузула да си отиде без пари во кој клуб и да сака, а и да не сака притоа ќе биде целосно плаќан од страна на Барса.

Одлуката на судот е од политичка природа, а не спортска.
Ла Лига не може во моментов апсолутно ништо да направи, бидејќи додека судот не донесе конечна одлука, што може да биде тек до крајот на сезоната Барса ќе смее да рачуна на Олмо и другиот играч, и се ова задскриено под причината да не се оштетела шпанската репрезентација.

Сфаќаш сега што е тука НЕ ТИПИЧНО, што се прави преседан да шпанскиот суд во било кое време да може да ги суспендира одлуките на Ла Лига и шпанската федерација, што притоа Ла Лига и шпанската репрезентација ниту биле консултирани од страна на судот а и при спроведување на нивната одлука да забранат Олмо да биде регистриран се придржувале до истите правила кои што ги пропишал истиот суд.

Ете, сега земи повтори го ова неколку пати па ќе дојдам да те испрашам да видам што си научил.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
1.095
Поени од реакции
2.258
Се ова е на место што си го пишал.
За мене поголемата слика е дека угледот одамна е нарушен и тоа е тоа, нема назад.

До последен момент го бркаа Негреира не најдоа ништо и пак некоја рандом будала мисли дека местеле натпревари така и сега. Никој нема да збори дека Барса нема да ги има веќе овие проблеми со регистрации и дека после 4 години се вратија во нормала само ќе се пишува дека немаат пари и тоа е тоа.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.759
Поени од реакции
19.069
Атлетико, Билбао и Лас Палмас со официјално соопштение против одлуката на ЦСД за Олмо и Пау Торес, треба и другите екипи да го следат примерот.
Автоматски споено мислење:

Ајде Ел Класико финале,конечно ќе им се исполни сонот на Арапиштата :D
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.048
Поени од реакции
2.528
Атлетико, Билбао и Лас Палмас со официјално соопштение против одлуката на ЦСД за Олмо и Пау Торес, треба и другите екипи да го следат примерот.
Автоматски споено мислење:

Ајде Ел Класико финале,конечно ќе им се исполни сонот на Арапиштата :D
Што да се исполни кога и лани играа?
А во врска со Олмо се крена само непотребна медиумска галама и тоа е тоа
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.163
Поени од реакции
25.311
Што да се исполни кога и лани играа?
А во врска со Олмо се крена само непотребна медиумска галама и тоа е тоа
И прехлани, трета сезона по ред е како ќе играат финале.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.759
Поени од реакции
19.069
Што да се исполни кога и лани играа?
А во врска со Олмо се крена само непотребна медиумска галама и тоа е тоа
Моја грешка, ги испомешав со куп на кралот.
Инаку за Олмо не се крена медиумска галама, објасни Оби погоре подетално што и како, не можи за едни да важат едни правила а за други екипи други.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
1.095
Поени од реакции
2.258
Моја грешка, ги испомешав со куп на кралот.
Инаку за Олмо не се крена медиумска галама, објасни Оби погоре подетално што и како, не можи за едни да важат едни правила а за други екипи други.
Да не испаднеше работава пак срамот ќе беше кај Барса. Сега кога испадна испаѓа специјални привилегии имаат. Пак губат и на имиџ се одразува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom