Значи по таа логика сега Барса се мафијата и ова се е само перење мозок за мали дечиња?
Не ми е јасно како истите тие од федерација стоеа на тврдокорно не за сега како што велиш Барса да мути вода и само за нив да може и да си воведуваат нови правила. Која е логиката овде?
Зашто појма немаш што збориш, затоа и не ти е јасно.
Врска немаш ниту кој дозволи Барса да ги регистрира играчите, ниту зашто им беше даден рок само до 31 декември.
За твојот тим се работи, доаѓаш во дискусија а појма немаш што збориш.
Седни ајде на столчето, отвори тетратката и дозволи да те едуцирам.
Федерацијата (кој знае на кој мислиш овде) нема никаква врска со дозволувањето на регистрирање на Олмо и тој другиот.
Уште во август Барса не можеше да го регистрира Олмо, бидејќи нивните плати го надминуваат лимитот на плати кој им е дозволен од страна на Ла Лига.
Секој играч, кога се регистрира се регистрира за целото времетраење на неговиот договор, освен, пази сеа и запиши го ова, ОСВЕН, доколку станува збор за повреда на друг играч во екипата која е подолга од 4 месеци. Во тој случај, Ла Лига ја поништува 80% од платата на повредениот играч и остава простор да се регистрира друг играч меѓутоа таа регистрација е привремена и не е за целосното времетраење на договорот туку до 31 декември односно крајот на годината.
Значи Барса имала време 4 месеци да најде начин пред 31 декември да го регистрира Олмо.
Запознаени се со ситуацијата од старт и не е ова ништо ново ниту ништо инцидентно за нив.
Пробуваат да најдат финансии до 31 декември, меѓутоа уплатата од VIP седиштата не е навремена. Ла Лига им дава дополнителен рок од 3 дена да ја спроведат уплатата меѓутоа они и тој рок не го исполнуваат и Ла Лига им забранува да ги регистрираат играчите.
Во претходниот пост пиша што е тука ван нормала? Еве, сега ќе ти објаснам.
Барса поднесува жалба во судот кој е под надлежност на шпанската влада. Шпанската влада ја суспендира одлуката на Ла Лига и на шпанската федерација под образложение дека Барса како тим ќе претрпи тешки загуби, дека играчите финансиски и спортски нема да можат да се натпреваруваат и дека ова може да направи штета и на шпанската репрезентација.
Што е тотална глупост, бидејќи Олмо во договорот има клаузула да си отиде без пари во кој клуб и да сака, а и да не сака притоа ќе биде целосно плаќан од страна на Барса.
Одлуката на судот е од политичка природа, а не спортска.
Ла Лига не може во моментов апсолутно ништо да направи, бидејќи додека судот не донесе конечна одлука, што може да биде тек до крајот на сезоната Барса ќе смее да рачуна на Олмо и другиот играч, и се ова задскриено под причината да не се оштетела шпанската репрезентација.
Сфаќаш сега што е тука НЕ ТИПИЧНО, што се прави преседан да шпанскиот суд во било кое време да може да ги суспендира одлуките на Ла Лига и шпанската федерација, што притоа Ла Лига и шпанската репрезентација ниту биле консултирани од страна на судот а и при спроведување на нивната одлука да забранат Олмо да биде регистриран се придржувале до истите правила кои што ги пропишал истиот суд.
Ете, сега земи повтори го ова неколку пати па ќе дојдам да те испрашам да видам што си научил.