хеехехехее каква смешна пропаганда својствена за Нетфликс. Ова со Реал и нивниот legacy менталитет можеш да им го продадеш на дечиња што се родени 2005 година и почнале да гледаат фудбал од 2015 година.
Ако си роден од почекот до средина на 90ти ќе знаеш дека Реал во поголемиот дел од 2000ти (кога фудбалот беше во својот пик) важеше за лузерски клуб. Шест или осум години не се сеќавам добро не можеа да пројдат осмина финале во ЛШ. Од секого јадеа ќотек, Монако, Јувентус, Арсенал, Ливерпул, Баерн, Рома, на Олимпик Лион со Жунињо им беа пациенти. За Барселона да не правиме муабет, Роналдињо самба им играше на Бернабе, да не ги заборавам и иконските 2-6, едно од најголемите газења во историјата на Ел Класико. Навивачите на Реал ги заебаваја со History Channel.
Па почнаа да фрлаат пари и да прават циркузи, Роналдо, Кака, Бензема, Чаби Алонсо за да испаднат од факинг Лион со Пјаниќ
и да завршат со нула титули, па после пак фрлаа пари за Ди Марија, Озил, Карваљо, Сами Кедира и да јадат петарда од Барса и да завршат со едно купче, и тоа им падна од автобус на парада затоа што кутрите немаа видено.
Па продолжија пак со Бејл, Модриќ, Крос и тек во 2014 после 12 години и безброј трансфери успеаа да дојдат до ЛШ. Буквално го уништија фудбалов со трансферите и оние циркуз презентации. Сега е лесно да се правиш јак после толку фрлени пари, а конкуренцијата ти е тотално руинирана.
Јас сум да се укине онаа смешка наречена ФФП, па тогаш да го видиме мадридскиот Ѕинго колку е способен да се носи head to head со арапине и да видиме тогаш колку му е јак pullot.