Па не може баш да се споредуваат Томас и Родри, што знам.
Машина е Томас, напред назад, сила е.
Родри е класичен шпански заден везен играч, не знам што толку смета и се хејта кога си игра максимално коректно за улогата што ја има.
Добар играч е Парти, ама толку, никогаш не ми оставил впечаток дека е некој од типот „тешко заменливи играчи“.
Сосема е таман за во мид тејбл тим, каков што за жал е Арсенал моментално, но мислам дека они очекуваат да им биде револуција во тимот, што мислам дека нема да се деси.
Плус веќе се ближи накај 30ката и го донесоа да им даде инстант импакт и да им го крене тимот ниво погоре, што ќе се повторам, мислам дека нема да се деси.