A ti ekspert si a? Siguren si deka gresam??:wink: Za zagrevanjeto ne sum siguren a za delot od pentium kec sum 100% siguren
Океј ајде ке го објаснам процесот на производство на еден процесор, пошто си многу тврдоглав и не ме слушаш......
Нема никаков дел од пентиум кец, никакви бакрачи и глупости.
Процесорите се прават од песок. Посотојат најмалце 100 производствени процеси за од тој песок да настане
вафер. На тој вафер се принтаат стотици процесори (во случај на C2D еве) во 65 нанометарски процес. Бидејки ниедно производство не е 100% сигурно, се јавуваат неуспешни чипови кое се откриваат со фабричко тестирање (процентот на успешност на пример на C2D е 65% мислам). Бидејки тие фалични чипови се во голем број, компанијата да не губи профит од неуспешно произведени процесори, со ласер ги сече фаличните делови одструктурата на јадрата на тие чипчиња, како и поголем дел од нивниот Л2 кеш.
На овој начин друже се создава ЦЕЛЕРОН!!!
Заклучок: Целерон/Семпрон се осиромашени верзии на Интеловите и АМД процесорите. Сакат процесор! Како и ПРАВИТЕ процесори, и овие дигитрончиња си имаат свои генерации. На пример.
Целерон 4 е саката верзија на Пентиум 4 (отсечено 30-60% од јадрото како и поголем дел од кешот, идат со 256 и 512кб кеш, од пентиуми со 1 и 2 мегабајти кеш респективно/
Целерон Д е саката верзија на Пентиум Д (дуалкор) - Овде Интел знаеле да пресечат и по цели јадра, така да Целерон Д се сеуште еднојадрени иако потекнуваат од двојадрени процесори.
Целерон Дуо - овие КЕ БИДАТ дериват на C2D линијата и за разлика од другите Целерони ке бидат двојадрени. Реков дека ке бидат, затоа што Интел сеуште нема завршено со производството на C2D така да нема обемна залиха од Целерон дуо за да ги пушти во продажба.
Истиве правила важат и за АМД, само АМД не бележат генерации на нивните семпрони, него ги викаат едноставно "Семпрон" проследено со бројот на сокетот (754, 939, АМ2)
Се надевам дека научивте нешто од ова (а тоа е: Никогаш не купувајте дигитрончиња, само ПРАВИ процесори, иако еден Целерон кошта 1500 денари, разликата во перформанси и човечки нерви го прави правиот процесор попримамлив да се има)