Никогаш не помислував дека ќе го направам ова, за љубовен проблем да прашам на форум, ама некако... откако почнав на факс се затворив во себе и сега ми е срам да им се отворам на пријателите за проблемот што ми настана.
Пред скоро една година прекинав со човек со кој одев 2 години, по него повторно се затерав со друг - од ист калибар.
Можеби тоа што сакам маженствени, такви...залетувам секогаш со човек што прави да се чувствувам најдолно на цел свет.
Нема врска тоа.
Има врска тоа што од неодамна запознав човек, малку поголем од мене, што навистина се труди околу мене
, а нема повратна информација, чувствувам потреба да ја дадам таа повратна информација, а кога сум со него сум како исплашено глувче и се однесувам како што никогаш не сум се однесувала...
И не знам што да направам, разговарав со една пријателка само, ми рече дека сум луда што не се согласувам на ништо, а јас навистина не е дека не сакам, ама нешто не ми дава, не ми дава да се опуштам кога сум до него.
Ќе се вратам дома, цимерките ме гледаат во облаци, срцето ми лупа(како да сум била излезена за прв пат со машко) едвај чекам да ми се јави или да му ѕвонам... и доаѓа да се видиме и јас пак идиотка прва класа.
Изгубено се чувствувам - а и повеќе од тоа.

Тешко тој што ќе го чита ова, ќе ме мисли психички растројана личност.