Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
Да а.. и шо као демек треба сеа да ја молам.. А за тоа дека ќе фати некој друг, можеби. Не викам не.
Само ме чудат оние нејзини изговори за само да почне муабет со мене... :cautious:

Нема универзален начин на пуштање, ама генерално, се работи за он-оф, напред-назад. Што е секако глупо, ама тоа е тоа. Покажуваш интерес, одмараш, покажуваш интерес, одмараш, и после ја среќаваш негде "као случајно" и ја викаш на кафе.
 
аха, едино така.. инаку ќе испадне ептен глупо т.е. не сум од тој тип на луѓе шо вршат притисок. Не за џабе рекле, со сила убавина не бидува. :)
 
Никогаш не помислував дека ќе го направам ова, за љубовен проблем да прашам на форум, ама некако... откако почнав на факс се затворив во себе и сега ми е срам да им се отворам на пријателите за проблемот што ми настана.
Пред скоро една година прекинав со човек со кој одев 2 години, по него повторно се затерав со друг - од ист калибар.
Можеби тоа што сакам маженствени, такви...залетувам секогаш со човек што прави да се чувствувам најдолно на цел свет.
Нема врска тоа.
Има врска тоа што од неодамна запознав човек, малку поголем од мене, што навистина се труди околу мене, а нема повратна информација, чувствувам потреба да ја дадам таа повратна информација, а кога сум со него сум како исплашено глувче и се однесувам како што никогаш не сум се однесувала...
И не знам што да направам, разговарав со една пријателка само, ми рече дека сум луда што не се согласувам на ништо, а јас навистина не е дека не сакам, ама нешто не ми дава, не ми дава да се опуштам кога сум до него.
Ќе се вратам дома, цимерките ме гледаат во облаци, срцето ми лупа(како да сум била излезена за прв пат со машко) едвај чекам да ми се јави или да му ѕвонам... и доаѓа да се видиме и јас пак идиотка прва класа.
Изгубено се чувствувам - а и повеќе од тоа.
:facepalm:Тешко тој што ќе го чита ова, ќе ме мисли психички растројана личност.
 
ти сама со себе имаш проблем не љубовен
 
ти сама со себе имаш проблем не љубовен
:) И? Да одам на психијатар, а? :)
Имам проблем да, од страв да не ме нарече повторно некој кокошка оскубана затоа што сум излегла со другарки.
Прашав за совет како да го надминам тој страв, а дека имам проблем очигледно е дека имам затоа и пишав.
 
страв кокошки незнам...шознам види вака може и за на психијатар си..... далеку од љубовен проблем е воа твојто преиспитај се пак.
 
Никогаш не помислував дека ќе го направам ова, за љубовен проблем да прашам на форум, ама некако... откако почнав на факс се затворив во себе и сега ми е срам да им се отворам на пријателите за проблемот што ми настана.
Пред скоро една година прекинав со човек со кој одев 2 години, по него повторно се затерав со друг - од ист калибар.
Можеби тоа што сакам маженствени, такви...залетувам секогаш со човек што прави да се чувствувам најдолно на цел свет.
Нема врска тоа.
Има врска тоа што од неодамна запознав човек, малку поголем од мене, што навистина се труди околу мене, а нема повратна информација, чувствувам потреба да ја дадам таа повратна информација, а кога сум со него сум како исплашено глувче и се однесувам како што никогаш не сум се однесувала...
И не знам што да направам, разговарав со една пријателка само, ми рече дека сум луда што не се согласувам на ништо, а јас навистина не е дека не сакам, ама нешто не ми дава, не ми дава да се опуштам кога сум до него.
Ќе се вратам дома, цимерките ме гледаат во облаци, срцето ми лупа(како да сум била излезена за прв пат со машко) едвај чекам да ми се јави или да му ѕвонам... и доаѓа да се видиме и јас пак идиотка прва класа.
Изгубено се чувствувам - а и повеќе од тоа.
:facepalm:Тешко тој што ќе го чита ова, ќе ме мисли психички растројана личност.

Што уствари ти сакаш?Оди изеби се со човекот,ако не ти чини немој вторпат и готово..Ако ти се бендиса терајте,со среќа..
 
:) И? Да одам на психијатар, а? :)
Имам проблем да, од страв да не ме нарече повторно некој кокошка оскубана затоа што сум излегла со другарки.
Прашав за совет како да го надминам тој страв, а дека имам проблем очигледно е дека имам затоа и пишав.

Ами ваљда треба некој да те акне од ѕид па да ти светне.
Претходните дечковци ти биле многу јаки мажиња, нели, бед бојс и такви термини. Ти си паѓала на тоа, ти се допаѓал нивниот однос или неоднос спрема тебе, зошто не само еден, двајца си закачила такви.
Сега тебе не ти е страв дека овој ќе те нарече кокошка, зашто како што опишуваш сама, ок е, добар и фин, ами ти душо, не си навикната некој да те третира со почит ваљда.
Тебе ти е страв да си фатиш некое фино дете. Зошто очигледно такви не те палат.
Совет - Или свести се дека тие фините не растат на дрво и нема секој ден да ти паѓа некој таков, или признај си ја вистината дека таквите нема да те палат никад и остај го нараат.
 
:) И? Да одам на психијатар, а? :)
Имам проблем да, од страв да не ме нарече повторно некој кокошка оскубана затоа што сум излегла со другарки.
Прашав за совет како да го надминам тој страв, а дека имам проблем очигледно е дека имам затоа и пишав.

некој вака те нарекол оти си излегла со другарки? :cautious:
 
Никогаш не помислував дека ќе го направам ова, за љубовен проблем да прашам на форум, ама некако... откако почнав на факс се затворив во себе и сега ми е срам да им се отворам на пријателите за проблемот што ми настана.
Пред скоро една година прекинав со човек со кој одев 2 години, по него повторно се затерав со друг - од ист калибар.
Можеби тоа што сакам маженствени, такви...залетувам секогаш со човек што прави да се чувствувам најдолно на цел свет.
Нема врска тоа.
Има врска тоа што од неодамна запознав човек, малку поголем од мене, што навистина се труди околу мене, а нема повратна информација, чувствувам потреба да ја дадам таа повратна информација, а кога сум со него сум како исплашено глувче и се однесувам како што никогаш не сум се однесувала...
И не знам што да направам, разговарав со една пријателка само, ми рече дека сум луда што не се согласувам на ништо, а јас навистина не е дека не сакам, ама нешто не ми дава, не ми дава да се опуштам кога сум до него.
Ќе се вратам дома, цимерките ме гледаат во облаци, срцето ми лупа(како да сум била излезена за прв пат со машко) едвај чекам да ми се јави или да му ѕвонам... и доаѓа да се видиме и јас пак идиотка прва класа.
Изгубено се чувствувам - а и повеќе од тоа.
:facepalm:Тешко тој што ќе го чита ова, ќе ме мисли психички растројана личност.

Не сфаќам баш што е твојот проблем, не ми е јасно какво е тоа не давање повратна информација, ама мој совет е да останеш малку сама. Ти скокаш од врска во врска и затоа се’ ти е без врска.
 
Епа вака.. Деновиве треба да одам да се видам со едно девојче.. за прв пат хаха..

Јас 17, таа 15.. Се договаравме да одиме на едно малце по далечно место, кај што се гледа цел град.. Ќе одиме на мојот мотор..
Таа знае дека ја сакам, и јас и имам кажано а таа ми вика само ќе видиме незнам..

Па сега некој да ми каже што како ? Дали да и однесам нешто поклон ? да земам нешто за пиење за јадење ? Цвеќе нешто романтики (сака таа романтично да и е) ? Како да се понашам ?
Да почнам одма на темата дека ја сакам ова она ? Да ја смувам ? Што да и кажувам ?

Значи ептен важно ми е ова.. типкава е ептен добра, не смеам да ја пропуштам..
 
Уште ја немаш бацено, а ја сакаш :confused:...........

Дали сака да и романтично ти треба да знајш, а женско ко женско сигурно нема да и е лошо да и подариш едно цветчуле (освен ако сака да и подариш кола да речиме)

Да се понашаш да бидиш свој, да не глумиш нешто шо не си, оти ако изглумиш нешто шо не си, врз основа на хало ефектот од една твоја физичка црта можи да извлечи сеопшт заклучок и за психичките црти и целиот ти, и да остајш лажна слика. Ако те прифати со твојата, природната, ќе биде ептен поок. Ако си сељак биди сељак, ако си идиот биди идиот, ако си кул биди кул, ако се здрвуваш и имаш трема не пиј да не ти пишат казна џандарите, носи шлем, и неа дај и шлем т.е кацига де, заштити ја, и не мисли шо како.
Ако треба да се злапате ќе се злапате, самото ќе си дојди, е сега ќе треба можеби тро да се навриш и потрудиш, доближиш, ова она, ама ништо страшно.
 
Абе добро, ја свиѓам ;)

Ама ајде да речиме се среќаваме.. одиме горе и прво и објаснувам дека е убаво тука, дека стално си идам... После ? Тоа ми е најголемиот проблем.. А и страмежлија сум голем.. Ќе се изблокирам, ќе ме направи будала..
 
Прајш муабет за заеднички работи што ве интересираат. Не ја напнувај со прашања незгодни, или не ја напнувај со некои твои теми за кои мислиш дека нема да ја интересира. Или илустративно да речем си гејмер или фан на Редиохед, и сега не ја напнувај дека Обливион е партали или бендов е најјак на цел свет, туку глеј да пронајдиш тема шо и на двајцата интересна ќе ви се види. Од животов, планчиња ова она, опуштено, кулирачки, ако ти напишам сценарио со прашања не е тоа тоа, оти така не е природно, вештачко е, а ако е вештачко често пати не го бива. И таа ќе зборува, и таа ќе прашува. Нема да бидеш страмежлија, имај самодоверба. Нека ти текни само кои ретардоси на матура ќе имаа 3-ки по македонцки, а три чисти немале.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom