Љубов

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Inace Jeanny e pesna za pedofil sto kidnapira tinejdzerki. Kolku za informacija. Ama sepak e ubava pesnata.
 
Љубовта е ропство на умот добиено при ненадеен шок од неконтролирано управување со нашите сетила. Должината на тоа ропство зависи од повратната информација што му ја праќаат сетилата како храна која треба да го одржува во живот. Често пати и самиот ум посакува да биде роб задоволувајќи се од вкусната храна на сетилата и така најаден робува исполнувајќи ги сите желби на сетилата.
 
Љубовта е ропство на умот добиено при ненадеен шок од неконтролирано управување со нашите сетила. Должината на тоа ропство зависи од повратната информација што му ја праќаат сетилата како храна која треба да го одржува во живот. Често пати и самиот ум посакува да биде роб задоволувајќи се од вкусната храна на сетилата и така најаден робува исполнувајќи ги сите желби на сетилата.

Затоа и не постои вечна љубов или подобро речено заљубеност меѓу две личности, бидејќи се што е на сила пропаѓа. А Љубовта (со големо Л) е посилна од силата. :) А секој човек е пред се створен да биде независна индивидуа а дури потоа да сака некого но без болна врзаност.
 
Поттикнат од темата на Џастис Greed is Good ќе се навратам на уште една култна реченица од култниот филм на Оливер Стоун цитирана од Геко "We are smart enough to not buy into the oldest myth running: love. A fiction created by people to keep them from jumping out of windows." Ај конечно за што правиме муабет? Изидеализирана фикција, сплет на биохемиски супстанци т.е хормони, или пиедестално и свето дефинирање (од страна на љубителите на розови наочари) на нешто што всушност не е повеќе од анималистички нагони како и систем на потреби, навики, интереси па дури и еден вид на психолшка зависност. Или пак навистина е човечки императив каков што го знаеме отелотворен епохално преку уметноста и екранизирано од студиото на Дизни?

Не знам што е, али не ни пробувам да разберам. Знам само дека е тешко кога ја немаш.
 
Љубовта кај животните и љубовта кај човекот за да ја доловам мислата...

Кај животните имаме задоволување на животинските инстинкти... Додека кај човекот, љубовта е нешто што помага да се приврзаме за една личност и да останеме `нормални`... Од аспект на човекот.

Од општ аспект, љубовта, повеќе би ја претставил како едно од нештата што го доближуваат човекот до совршенство... Дали тоа е фикција, сплет на хормони, или не знам какви уште се глупости... Не верувам. Единствено што мислам е дека љубовта е дел од совршенството :smir:
 
Што е љубовта ?
-Зарем не е љубов самото наше постоење? Со самото тоа што сме овде на Земјата, што го живееме нашиот живот, можеби тежок, комплициран, некогаш дури и несфатлив, но сепак неизмерно убав, треба да знаеме дека некој таму горе, од некој друг божествен свет не сака и затоа не држи живи. Зошто никој живот не е залуден, сите имаме некоја цел, па колку и таа цел да е несфатлива и неразбирлива, тоа е така поради љубовта. И не треба да се мешаат поимите, љубов и страст. Страста е дел од љубовта,можеби онај хемискиот, но во љубовта има и физика зошто таа претставува и допир и размена на топлина ;) . Во љубовта ги има и сите други науки, во љубовта се крие клучот за се. Без љубов нема успех, нема резултат, нема постоење. Љубовта е самото наше постоење, секој нов здив е љубов, водухот кој го дишеме е љубов, зошто ни овозможува да живееме. Целата планета, сите планини, реки, мориња, езера, сите животни и растенија ја претставуваат љубовта. Љубовта е се! Па дури и смртта е дел од таа љубов која Господ ни ја дарил, зошто љубовта оди со животот но и со смртта. Смртта не е точка во нашето постоење, таа е само запирка, зошто после неа се оди во еден подобар свет, свет во кој ке одиме поради љубовта повторно.

И на крајот, не знам зошто толку многу размислуваме и се обидуваме да ја дешифрираме љубовта, кога таа е несфатлива но неопходна и треба само да ја прифатиме и тогаш ке бидеме срекни. Да бидеме благодарни зошто ЉУБОВТА ЕДНОСТАВНО Е !!!

Љубовта едноставно е - Паоло Коелјо

п.с. сорете ако откачив со филозофирањето, но ако немаме љубов ништо не сме...значи љубовта е самото наше постоење
:back: и позз до сите
 
Maлце ќе забегам од тероријата погоре „некој горе не сака“ и би ја дефинирал како и секоја обична игра која пумпа адреналин. Секако, ако ја заиграте.

gametheory.png


:wub:
 
Колку и да се филозофира или докажува преку електрични мозочни импулси, никој на крај не знае што е тоа љубов. Затоа неретко е и опасна-сосем непозната област, може да кутне и психофизички најсилен човек како од шала. Никој не може да ја контролира. Џабе се длабоки прос*р. филозофии и мисли, џабе лаборатории.
 

И мирољубив човек во убиец :)
Да, секако, ова е љубов.

Зборите за девијација, патологија, која подразбира дека базичната потреба за љубов, се извитоперува во чин кој е далеку од љубовта.

Инаку, и силувачот силува со цел да ја компензира љубовта. Но, тој само компензира. Ниту добива, ниту дава љубов.

Разграничувајте ги малку стварите.

П.С
Сусаро, на темава прашуваш само за партнерска љубов?
 
Да, секако, ова е љубов.

Зборите за девијација, патологија, која подразбира дека базичната потреба за љубов, се извитоперува во чин кој е далеку од љубовта.

Инаку, и силувачот силува со цел да ја компензира љубовта. Но, тој само компензира. Ниту добива, ниту дава љубов.

Разграничувајте ги малку стварите.

П.С
Сусаро, на темава прашуваш само за партнерска љубов?
Не, не знам линкот каде води, но не зборам за силувања и девијации. Зборам за умот. Толку неистражено поле.

Многу примери и од историјата се потврдени во оваа насока. Како најкротко јагне, така и најсуров ѕвер.
Тоа се темни непознати лавиринти за кои не можеме ништо однапред да тврдиме. Ниту самите себеси се знаеме така добро како што мислиме. Еден клик е потребен во мозокот за цел живот да се преврти апсајд даун. Тоа е истото и со љубовта.
 
Љубовта е енергија која не покренува , која ни дава смисол на животот , која не полни со трпение ,која прави да простуваме , да бидеме тажни ,да се жртвуваме ,да сме благодарни, со еден збор за мене љубовта е животот со сите свои убавини и маки
 
Кој како сака нека си се искаже. Ипак во Философија е, не е во љубов и секс.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom