Интересно прашање друже, гледам никој не ти одговорил па еве јас:
Прегледај го приврзокот 385616
Ова се најслабите лиги/земји во моментов.
Најслабите 4 ќе играат претквалификации за ЛШдогодина, а како што гледаш, во моментов сме таму.
НО
Струга игра директен дуел со Будуќност, па така поебда на Струга ќе донесе поени за нас, а ќе ги донесе црногорците чекор поблиску до тоа да ни го земат местото на дното.
Сан Марино сигурно се последни.
Гибралтар ги имаат Линколн уште од сега во следната фаза,па ако направат нешто тогаш и тие ќе ни се проблеми, ама сега за сега изгелда дека нааајверојатно ќе остнат во последната четворка.
Велс делуваат некако далеку, што значи треба да сме подобри од Црногорците и Андорците/Андоржаните/Жителите на Андора, де
Преставници на Црна Гора и Андора се уште во Европа:
Будуќност - директен дуел со Струга
Сутјеска - директен дуел со Санта Колома
Атлетиик - изгубија дома во првиот меч со Партизани
Санта Колома - директен дуел со Сутјеска
Интер - меч со Хиберниан
Ако знаеме дека сигурно една екипа од Црна Гора или Андора ќе игра во следната фаза, тогаш дефинитивно значи дека елиминација на Струга и Шкупи ќе значи дека Македонија ќе биде на едно од последните 3 места во Европа и со тоа ќе изгубиме пласман во Европа за следна година и шампионот ќе почне од претквалификациите во ЛШ.
Многу веројатно изгледа дека за да избегнеме едно од последните 4 позиции ќе треба:
-Лоши резултати на црногорците/андорлаците
-Една наша екипа да стигне до последно квалификациско коло
Алтернативно, Двете наши екипи да го поминат ова коло е ок опција ама и ова не знам дали гарантира.
Се на се... фер ни е местово до сега.
Катастрофална е ситуацијата во мак-фудбалот.