Квалификации за европските натпреварувања

  • Креатор на темата Креатор на темата Invader
  • Време на започнување Време на започнување
Следно коло:

Силекс-Дрита
Ботошани-Шкендија
Ренова-Хајдук

По секоја логика...тешко дека годинава ќе имаме наша екипа во Плејофот.
Ех, па и една екипа да пројде уште едно коло ќе биде успех за сезонава ваква таква и плус некој бод за македонските екипи во Европа за наредна сезона. Сите имаат какви-такви шанси за да пројдат наредно коло. Силекс има можеби најлесен противник од овие три.
 
Ех, па и една екипа да пројде уште едно коло ќе биде успех за сезонава ваква таква и плус некој бод за македонските екипи во Европа за наредна сезона. Сите имаат какви-такви шанси за да пројдат наредно коло. Силекс има можеби најлесен противник од овие три.
Дап, и ја тоа сакав да кажам, може да сме задоволни макар и една екипа ако помине.

Иако ете Хајдук лани беа петто место во Хрватска, сигурно имаат некаква минимална шанса Ренова да изненадат, ама дава пати по ред да им се поклопат коцките некако премногу изгледа

Силекс со Дрита ќе зависи на кој ќе му се погоди денот, се надевам Силекс ќе покажат муда во тој меч и ќе победат, одлична шанса имаат

За Ботошани ништо не знам, ама не се наивна екипа, еве откако Стеауа имаа проблеми си ја искористиле шансата да се пласираат во Европа, а од тоа што гледам не се некој чест учесник во натпреварувањава за разлика од Шкендија, ваљда и таму ќе биде тесна утакмица за која малце ќе фали за да се реши победникот
 
Хајдук лани испадна во двомеч од екипа од Малта, нема да е чудо да испадне во 1 утакмица со Ренова.

Најдобри играчи вака што ги имам гледано им се:
1) Мијо Цакташ
Полушпиц, втор напаѓач. Во 2 и пол сезони во Хајдук има дадено 45 голови на 73 натпревари. 28 години има, на врвот е моментално, има искусво 2 и пол сезони во Рубин Казан.
2) Јосип Посавец
Голман. Овој дечко им е една од силите, но и слабостите. 24 години со сезона во Сериа А и Б позади себе како голем талент. Брани чуда типов и знае да игра и со нога, но е многу несигурен на ударци од далечина. Ренова ќе треба да се обидува да шутира што е можно повеќе од далеку.
3) Жаиро
Лево крило, 28 години. Силен, брз црнец. Има европско искуство играјќи во Шериф и ПАОК.
4) Исмајили
Стопер,репрезентативец на Албанија. Последнив две сезони се профилира како еден од најдобрите стопери во Хрватска.
5)Чолина
Млад лев бек 2000 годиште. На времето огромен талент од Динамо на 17 години премина во Монако без ниту една сениорска утакмица за 1 милион евра. Се врати лани во Хајдук да си ја рестартира кариерата и сега за сега испаѓа одлично. Брз, трча голе доле цело време, агресивен, сигурен доста во одбрана.

Можам да го спомнам и Вушковиќ. 2001 годиште стопер во пар со Исмајили се наметна во стартната постава после корона паузата. Не знам што да мислам за него, премлад ми е некако. Од тоа што го имам гледано на 2 утакмици до сега има многу фина контрола на топката и доста добро започнува напади. Многу прецизни долги топки пушта, силен дечко, но го имам видено неколку пати надвор од позиција.
 
Веќе бидна ждрепката за наредното коло. Ако минат Шкендија ќе го пречека Тотенхем, Ренова гостува кај Галатасарај а Силекс кај Легија. Сите со звучни имиња. Мислам Шкендија има добри шанси да ги мине Романците па Мурињо и компанија да дојдат во Скопје.
 
И пак не можат гол да дадат.
Дај бе нека изгубат и нека го остават Мурџо во Пловдив. Нека увезува коли од Италија.
 
Не знам дали имаше фаул врз голманот пред пеналот, но не знам што му требаше со рака да ја фаќа кога знаеше дека ќе добие црвен, плус уште еден доби втор жолт. Место на 1:1 да се бранат со 11, сега со 9 фудбалери ќе се бранат.
 
Ve pozdravi Drita od Kosovo, site sto posakuvavte Sileks da igra vo LS kvalifikaciite mesto Shkendija [emoji23]


Sent from my iPhone using Tapatalk

А зашто Шкендија да игра?
Не верувам дека овде некој при срце му е Силекс, ама зашто да не играат они кога се нашле на 2 место во тој момент?
Па и Шкупи на ист начин играше квалификации. Они дури исто бодови со Македонија ЃП.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom