Добри се Гент, секако во последната рунда пред влез во група нема слаб противник, ама и би рекол помина и добро Шкендија, секако попосакувани му беа Гент и Карабах, отколку Шахтјор, Спарта Прага или Сасуоло...
За буџетите се е јасно, само тренерот на Гент вреди колку стартните 11 на Шкендија шо се вели зборот

Екипата му е скоро истата од минатата сезона, кога во лигата завршија втори, а во лига на шампиони стигнаја до 1/8 финале....
Тука во екипата е Стефан Митровиќ

Највероватно добро познатиот лик - батето шо го слезе дронот на Србија-Албанија, ќе биди забавно кај него, наострен ќе ги чека Ибраими со дружината

Тука е и уште Миличевич, еден од носителите на играта на Гент, исто така и Депоитре напаѓачот, гол играч, 2-3 сезони со ред е во врвот на најдобри стрелци во лигата...
Фаворит е Гент на секое поле, ама пак Шкендија на претходните 3 кола против Краковија, Нефтчи Баку и Млада Болеслав против сите беше аутсајдер па ги помина, ама јас мислам овде ќе му заврши сегата, ама и ова е голем успех за нив, кој се надеваше дека тие ќе стигнат до 4 коло и последна пречка пред влез во групи....