- Член од
- 31 август 2019
- Мислења
- 279
- Поени од реакции
- 26
- Возраст
- 25
Здраво на сите,
јас сум млад човек во 20тите, работам како програмер и сум прилично успешен за еден помлад вработен. Но, пополека сфаќам дека за раст нема да се доволни моите технички способности.
На мојата последна евалуација ми беше кажано дека моите вредности не ги пренесувам на другите колеги околу мене, јас од ова заклучив дека никој не би сакал да наследи особини од еден „IT nerd“.
Се согласуваат дека моите технички способности се на високо ниво, но за да бидеш лидер, т.е. да бидеш некој кој ќе одлучува и на кој луѓето ќе се потпираат, треба едноставно да бидеш пример или идол...
Јас многу не сакам да филозофирам, не верувам дека некој се раѓа ваков некој онаков туку дека се се учи, дека одговорот на мојов проблем лежи во специфики, во детаљи, и сметам дека мене ми фали некој добар курс или часови по софт скилс. Читав дури и дека курс по маркетинг или sales, иако нешто што не е поврзано со мојата професија, сепак би можел да ми биде од помош. Дали би можеле да ми предложите некој таков курс? И би сакал да биде со физичко присуство а не онлајн, мислам дека со самото закачување онлајн се губи голем дел од она што треба да се научи за софт скилс.