Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
^+1
Супер си е алиекспрес само треба внимателно разгледување. Ѓаволот е во деталите, ако не се разбираш многу во производот што го купуваш, продавачите често се служат со ситни трикови за да те зезнат. Но ако внимаваш на рејтингот на продавачот. спецификациите на производот и си во контакт со продавачот пред да го купиш производот шансите да те зезнат се минимални. И покрај се, некои работи не треба да се нарачуваат од алиекспрес пр. телефон со кој имам непријатно искуство
 
што знам досега од алиекспрес имам порачувано многу работи (поточни ситни работи од 2-4 долари) па досега се е ок, производот е исти како што е на сликата сум немал некои проблеми, ама продавачите секогаш се биле со повеќе 4,5 дзвезди.
 
За колку време отприлика стигаат со USPS? Од 2-12 октомври ми пишуваше на нарачката стигаат на време или каснат?
 
Сакам да купам некои работи од Амазон со Мастер кард.Пример ако е една е 5 долари,колку вкупно се плаќа додека стигне во Македонија,мислам доставата и тие други работи..
 
Сакам да нарачам Lacoste патики од ebay. Цената е 72$ и 16$ шипинг. Дали би ме царинеле и колку?
 
Прашање за оние што нарачале преку http://www.sportsdirect.com/CustomerServices/etailfaqs/worldwidedeliverycosts
Јас не ја гледам Македонија во списокот на држави каде испорачуваат,како нарачавте?????????

Стопати кажав али ајде уште еднаш.Ја нема на листата али овозможено е направи Check Out и ќе ти се појави само листата не е апдејтувана. :)
 
Регистрирај се, ја има МКД.
Сакам да нарачам Lacoste патики од ebay. Цената е 72$ и 16$ шипинг. Дали би ме царинеле и колку?
Околу 23% Царина и 18%ДДВ, шансите да ти ги царинат ти се 50/50. Имам објаснато едно 30тина страни наназад.
 
Ќе ми купат ајфон од Америка, на кој начин да ми го пратат а да не ми го царинат?

Дали ако ми го пратат како поклон нема да го царинат? Дали може да внесам помала цена на пратката и дали проверуваат што има внатре во пратката? Доколку ви праќале нешто, на кој начин(пошта, дали посебно се праќа за код на следење на пратката и сл.)?

Фала,
 
Прашање за оние што нарачале преку http://www.sportsdirect.com/CustomerServices/etailfaqs/worldwidedeliverycosts
Јас не ја гледам Македонија во списокот на држави каде испорачуваат,како нарачавте?????????
Колку е сигурна страната, дали некој има порачувано?[DOUBLEPOST=1412630692][/DOUBLEPOST]
Стопати кажав али ајде уште еднаш.Ја нема на листата али овозможено е направи Check Out и ќе ти се појави само листата не е апдејтувана. :)
Како chekout? И мене не ми ја дава... колку е shippingot ме интересира..
 
Последно уредено:
Од алиекспрес ми пратија расипан саат како што кажав погоре,е сеа ја пуштив комплеин и продавачот имаше 5 дена да ми врати,али не ми врати.У тој случај таму пишува дека доколку не пише ништо продавачот за тие 5 дена ке биде одлучено у моја корист.Се затвори комплеинот пред 3-4 дена а парите уште ги нема на сметка.Дали треба поише да чекам или џабе се надевам ?
 
Најкасно до среда ќе ти ги вратат... Саботта и неделата беа неработни денови .
 
Колку е сигурна страната, дали некој има порачувано?[DOUBLEPOST=1412630692][/DOUBLEPOST]
Како chekout? И мене не ми ја дава... колку е shippingot ме интересира..
120%
од 15 евра нагоре, зависит шо ќе нарачаш. (количина/тежина).
 
Има некој купувано книги од valorebooks.com ? Ако не, препорачајте некои сајтови каде што има голем избор на книги (на англиски јазик) со разумни цени .
Едит : сеа видов, ионака немале шипинг за мк..

Значи барам сајтови со голем избор на книги на англиски јазик, и по можност (не задолжително) со разумни цени и гага шипинг
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom