Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки дали некој има купувано од http://www.chinabuye.com, има едно чудо кинески срања, али цените се ниски а и шипингот е бесплатен! Вреди ли?

Немам слушнато за ChinaBuye, ама гледам дека е ист како и останатите 100.000 кинески сајтови за такви работи :) Инаку, имам неколку пати порачано работи од DinoDirect и DealExtreme. Еднаш-два пати не стигнаа работите, па ми ги вратија парите.
 
На кој принцип им докажа дека не ти стигнале и дали со платен тракинг беа изгубените работи?
 
Не морав ништо да докажувам.. изгледа затоа што претходно имав порачувано преку нив и (поважно) затоа што вредноста на пратката беше неколку долари. И да, доплатив $1 за tracking, ама тоа е колку да видам дали воопшто стигнала тука.. не е real-time следење на авиони како за FedEx/DLH :)

Сега ми текна.. може таа една пратка што не ми стигна да ја заплениле на граница ако кај нас е забранет увоз на ласери.. упс =/
 
Немам слушнато за ChinaBuye, ама гледам дека е ист како и останатите 100.000 кинески сајтови за такви работи :) Инаку, имам неколку пати порачано работи од DinoDirect и DealExtreme. Еднаш-два пати не стигнаа работите, па ми ги вратија парите.

Да ти кажам право ја денес дознав за кинескиве страни со free shipping и оваа Dino Direct е доста подобра од ChinaBuye, ќе си нарачам слушалки ко за почеток да, видиме што квалитет нудат :)
 
Не морав ништо да докажувам.. изгледа затоа што претходно имав порачувано преку нив и (поважно) затоа што вредноста на пратката беше неколку долари. И да, доплатив $1 за tracking, ама тоа е колку да видам дали воопшто стигнала тука.. не е real-time следење на авиони како за FedEx/DLH :)

Сега ми текна.. може таа една пратка што не ми стигна да ја заплениле на граница ако кај нас е забранет увоз на ласери.. упс =/
А јас баш се спремав ласер да зимам над 200mW. Знам ибеј забранува над 100mW, ама не знаев дека и царинава тука забранила ласери. :confused:
 
Морам да го споделам извонредното позитивно искуство кое го имам со dealextreme.com

1. Нарачав една работа, по грешка ми испратиле нешто сосема трето.
2. Им пишав емаил и ги информирав за тоа.
3. ОДМА, буквално ОДМА ми стигна емаил со извинување и со ДЕТАЛНИ ИНСТРУКЦИИ шо и како да напраам - да им го вратам и ќе ми испратат точниот дел.
4. Ќе ми ги платат парите за return поштарина.

Освен тоа, нарачав и еден кабел, кој го немаа.
1. Чекав едно недела дена, ги немаше.
2. Осмиот ден ми стига емаил во кој велат дека ми ги враќаат парите, оти го немаат на лагер, и да сум очекувал дека парите ќе ми легнат пак на картица за едно 2-3 недели.
3. За само 4-5 дена јас веќе си ги добив парите назад на картица.

Максимално профи, максимална грижа за корисници и секоја чест! Чоек може само да учи од овие.

Пак ќе пазарувам откај нив.
 
Дали има некој искуство со оваа страна :
http://www.prodirectsoccer.com
??
Малку касно е ама јас имам искуство со таа страна .. пред година дена купив 4 пара патики и стигнаа за 10 дена максимум . али сега мислам дека се плаќа царина за патиките од 45 е нагоре ако се патиките се наплаќа 1000 денари плус царина .
 
Фала многу
 
Освен тоа, нарачав и еден кабел, кој го немаа.
1. Чекав едно недела дена, ги немаше.
2. Осмиот ден ми стига емаил во кој велат дека ми ги враќаат парите, оти го немаат на лагер, и да сум очекувал дека парите ќе ми легнат пак на картица за едно 2-3 недели.
3. За само 4-5 дена јас веќе си ги добив парите назад на картица.

Мене ми се деси истово со DinoDirect, нарачав слушалки, после исто 8 дена ми стигна мејл дека тој модел ко немале на лагер, и ми понудија три опци: да одберам друг производ со слична вредност, да ми дадат Gift Voucher со истата вредност на порачката, или да ми ги вратат парите на картица. Ја одбрав замена за други слушалки, и за неколку саати ми ја сменија нарачката и сеа веројатно ќе поминат уште неколку дена дур ги испорачаат.

Супер што вака брзо одговараат на мејлови, ама би било подобро да стават јасно дознаење кои производи ги немаат на залиха за да не ги нарачуваме за џабе.
 
После неколку месеци денес стигна часовникот од дилекстрим.Се изненадив пошо беше без тракинг број, мислев никогаш нема да стигни.
Инаку фурајте на алиекспрес.ком без проблем а и нарачкиве многу брзо ми стасуваат од 5-10 дена
 
Овие само преку ДХЛ вршат испорака или има и нормална пошта?
 
Добро шо е финтава со сајтот на македонски пошти.Не можам да си проверам дали ми е стигната пратка.:mad:
 
Мене ми личи дека сакаат да се оградуваат од пишаното. Имав саати нарачано 2 месеци ми дремеа во пошта македонска. Беа со тракинг па од кога поднесов приговор после 2 недели ги најдоа. Имав и пост во темава, будала во очи ме правеа. Од такви причини изгледа го скинале тракингот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom