Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
А овие оргинал се?
Што ако ти кажам дека и патиките што се кај нас не се оригинал ? Инаку овие се со ист квалитет како тие што се продаваат во Спорт М или другите брендирани продавници .
 
Нема оригинал овде кај нас патики. Спорт М и компанија све чкарт продаваат.
 
Што ако ти кажам дека и патиките што се кај нас не се оригинал ? Инаку овие се со ист квалитет како тие што се продаваат во Спорт М или другите брендирани продавници .
Да, ама ако најдам некоја фалинка у тоа шо ќе го купам у Спорт М или у друга брендирана продавница може да го рекламирам производот, на овие кај ќе ги најдам за рекламација?
 
Дечки некој сега брзо што платил царина за телефон колку е точно да ми каже , мислам дека читав нешто само 5% од цената се плаќа .

0% Друже, не се царинат телефоните
 
Дечки некој сега брзо што платил царина за телефон колку е точно да ми каже , мислам дека читав нешто само 5% од цената се плаќа .

Царината за мобилни телефони е 0%, плаќаш само 18% ддв.
 
Да, ама ако најдам некоја фалинка у тоа шо ќе го купам у Спорт М или у друга брендирана продавница може да го рекламирам производот, на овие кај ќе ги најдам за рекламација?
Епа на овие не може да најдеш бидејќи патиките што се со грешки ги праќаат во Америка т.е има таму продавници каде што може за 10$ да купиш Најк или Адидас ако има 2-3 конци извадено надвор или на криво зашиен знакот .
 
Не мислев на такви фалинки.
Ми се има десено да ми се скине патика од 2-3 носења, ги рекламирав и ми ги заменија за нов пар.
А овие ако ги нарачам и ми се деси истово, ќе ми ги заменат за нови?
Мало сутра.
 
Проверен е квалитетот на патикиве , имам нарачано преку 50 пара никој не се има пожалено , јас ги носам веќе 9 месеци моиве не се ни гребнати , сега нарачав други треба да ми стигнат .
 
Ace od deka poracuvas tie jaknite,daj link ako sakas da si poracam.
.

Sent from my C2105 using Tapatalk
 
Вака...
До сега не сум порачувал ништо од интернет ама сакам да пробам и тоа од страниците aliexpress.com и dealextreme.com, па ако некој може да ми објасни што и како треба, од почеток до крај, и читав нешто дека за побезбедно и за да неможи да ми го земе некој (во случај да го земе да знам) требало некакво си бројче... Што е тоа и како да направам производот да е со бројче... За колку време стигнува производот и како можам да стапам во контакт со продавачите... Немам никаква картичка, каква да направам и каде, и дали одма ја добивам... Како се ставаат пари во неа? Како ќе знам кога ќе стигне производот во поштата..? :) Глеам има многу на форумов што имаат искуство па ако некој може да ми каже..
Позз :)
 
Им пишав на овие аце што ги спомна за адидас порше дали планираат да донесат, ми вратија одма за 2мин демек ќе побарале и ќе ми кажеле за брзо, ако донесат стварно и ако има баш од тој модел што барам , си порачувам веднаш, одлукава ми е базирана на искуството од аце иначе...
 
Моја е бе другар страницата мене си ми пишал , стварно ли сакаш Адидас Порше да барам уште сега да видам кај овие дали има ? :D
 
Za kolku vreme ti stiga Ace od aliexpres pratkata preku china post?

Sent from my C2105 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom