Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Биди си спокоен во врска со парите, Алиекспрес не му ги дава парите на продавачот најмалку 60 дена од порачката освен ако ти во меѓувреме не си кликнал "confirm order received" а доколку отвориш диспут и по тој рок ги чува парите се додека не се реши спорот, во твојот случај и од Алиекс. се свесни со каков продавач имаат работа, па му ги замрзнале активностите, едино шо ке ти останат парите заробени некој месец додека се реши случајот. Од мое искуство Алиекспрес секогаш досега биле фер и професионални за разлика од ДХ....
Мој совет во иднина не порачувај од сомнителни продавачи кои нудат неверојатно ниски цени па уште со фришипинг на УПС, ФедЕкс или ДХЛ
 
360 Rotating PU Leather Case Cover + LCD Film + Stylus For Google Nexus 7
http://www.aliexpress.com/snapshot/298824001.html Го нарачав на 26.11.13,на тракинг вели
2013-12-18 13:44, MACEDONIA, THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF, SKOPJE 1003 OFFICE OF EXCHANGE, Send item to domestic location (Inb)
преку чина пост :D брзо некако пристигна,очекувам утре на врата да ми тропне поштар,искрено го очекував некаде во фебруари,ова ни месец дена немаше :D Сепак лошото искуство со таблетот во минатите постови ми го дотера умот.
 
Пред 2 месеца направив нарачка на ранче 30 $ од Aliiexpress ,платив и другиот ден отварам и ми вика "out of stock" не е на лагер повеќе сакаш ли нешто друго.Несакав ништо и отворив dispute order , 7-8 дена ми ги вратија парите.Мислам дека озбилни се до сега ,имам 10-ина работи порачано и стигнале.
Ќе видиме понатаму како ќе биде.
 
Има ли некој порачувано преку bookdepository.com ?
Ми пишува дека имам проблем со картичката,имам Виза од Стопанска банка и имам порачувано до сеа со неа без проблем.
Во што може да е проблемот? И колку време и треба на парите да ’’легнат’’ на сметката откако ќе уплатиш во банка?
Појма немам дали ти одговориле во меѓу време и дали си се снашол ама better late than never. Пробај смени ја валутата во фунти. Така ќе ти дојде можеби 200-30 денари него ли нарачување во Евра ( а можеби и не не знам) ама би требало да можеш да нарачаш :)
 
Пред 2 месеца направив нарачка на ранче 30 $ од Aliiexpress ,платив и другиот ден отварам и ми вика "out of stock" не е на лагер повеќе сакаш ли нешто друго.Несакав ништо и отворив dispute order , 7-8 дена ми ги вратија парите.Мислам дека озбилни се до сега ,имам 10-ина работи порачано и стигнале.
Ќе видиме понатаму како ќе биде.

Многу се сменија работите кога воведоа тракинг број за секоја пратка, има многу малку простор за манипулација особено од нашиве овде. Кога имам црно на бело дека пратката пропатувала цел свет а се губи во Македонија нема каде да бегаат, а без тракинг број никоме ништо
 
Имам нарачка од алиекспрес, се е платено ама уште не ја има испратено продавачот и можам да ја откажам. Ако ја откажам како ке ми се вратат парите? Дали треба да ги контактирам алиекспрес и каква е процедурата?
 
http://www.aliexpress.com/snapshot/298824001.html Го нарачав на 26.11.13,на тракинг вели
преку чина пост :D брзо некако пристигна,очекувам утре на врата да ми тропне поштар,искрено го очекував некаде во фебруари,ова ни месец дена немаше :D Сепак лошото искуство со таблетот во минатите постови ми го дотера умот.

Футролата стигна успешно!Задоволен сум од квалитетот плус ми пратил пенкалце и фолија гратис :D Ви препорачувам да земате од овој кинез :D Само не ми се допаѓа тоа што еден таксиста ми ја даде пратката а не вработен во пошта,во овој случај друг потпишал во мое име што не е легално и крајно опасно што локалнава пошта вака работи,што ако нарачам нешто поскапо и има штета на продуктот или недај боже го снема пакетот?'Нај*бал некој тогаш од пошта!Кај да се пожалам што пошта вака доставува?
 
Кај командант М‘суси.

М'суси почина пред 9 дена,Фап од македонски пошти го изгазил со 25 тона пликоа полнети со фискална во рака-награди без мака кај карпалак,дај друг некој
 
Dali nekoj ima poracuvano od - buyincoins.com - da spodeli iskustvo?
 
Поздрав порачав телефон од деалекстрим и ми го однесоа на царина ми побараа доказ колку чини телефонот им пратив доказ од пеј-пал и кога бев таму ми рекоа дека ке биде задржан поради некоја дополнителна проверка(имало многу фејк )...

па постои ли можност да ми го запленат.... а доколку ми го пратат колку ке биде царината+ддв цената е 60$(според мене не би требало да биде повеке од 500ден)
 
Ако е копија(копија на некој самсунг или слично) ќе го запленат,за телефони мислам дека нема царина,само ддв се плаќа.
 
Ако е копија(копија на некој самсунг или слично) ќе го запленат,за телефони мислам дека нема царина,само ддв се плаќа.

Еве овој го телефон земав..Што мислиш ке помине...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom