Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Страна за суплементи со достава до мк ?
 
Некој да ми каже страна за маици (облека) која испорачува до МК, а да не е Ибеј?
Јас ја разгледѕвам оваа британскава www.thehut.com. Има еден куп, пред се облека, но и електроника и апарати за домаќинство. Гледам има доста работи кои се поефтини од нашиве бутици, а за квалитет, ваљда се добри, штом се од Англија :D Јас сакав тука да прашам дали некој има порачувано од овде?
Исто и испоракава им е ефтина. 1 фунта за до Македонија? А вистина е она за до 45 евра дека не те царинат? Нека потврди некој.

Е на пример види ги овие? Шо им фали? 2 за 10 евра, а една ваква кај нас се продава мин. 600-700 денари :eek:
 
Јас ја разгледѕвам оваа британскава www.thehut.com. Има еден куп, пред се облека, но и електроника и апарати за домаќинство. Гледам има доста работи кои се поефтини од нашиве бутици, а за квалитет, ваљда се добри, штом се од Англија :D Јас сакав тука да прашам дали некој има порачувано од овде?
Исто и испоракава им е ефтина. 1 фунта за до Македонија? А вистина е она за до 45 евра дека не те царинат? Нека потврди некој.

Е на пример види ги овие? Шо им фали? 2 за 10 евра, а една ваква кај нас се продава мин. 600-700 денари :eek:
Јас често нарачувам од оваа страна.Немало проблем,некогаш касни испораката, некогаш не доаѓа но ако не дојде ќе им пишеш и ти праќаат нов пакет или ти ги враќаат парите .
Баш овие маици ги имам нарачано и убави се.
 
Прават достава до мк и како е царина данок


Sent from my iPad 4 using Tapatalk HD
Нека не те мрзи пролистај наназад пред да прашаш


Слушнав дека има некои измени во царинењето за 2013 и денес убаво се распрашав и во пошта и во царина и вака стојат работите-
1. За нарачка на производ/и до 20 евра не се плака ниту ДДВ, ниту царина
2. За нарачка на производ/и од 20 до 45 евра се плаќа ДДВ, не се плака царина.
3. За нарачка на производ/и над 45 евра се плаќа и ДДВ и царина.
Цифрите погоре се под претпоставка дека производите се со free shipping, доколку не се треба да се плати и shipping-от т.е. поштарината.

За износот на ДДВ-то и царината можете да се информирате од новиот водич за царинење за 2013 нa страната на царина под одделот АКТУЕЛНО. Царината се движи од 0 до 20%, а ДДВ-то од 0 до 18% зависно од производот.

Царината се наплаќа врз основа на вкупната назначена цена на пакетот (цената на производот заедно со shipping-от ако тој воопшто се наплаќа). Пр. Ако некој производ чини 50 евра а доставата т.е shipping-от чини 10 евра, ќе треба да се плата царина и ДДВ на сума од 60 евра, доколку за тој производ е одредено дека треба да се плати ДДВ и царина. Доколку пак сумата не е означена на пакетот, ке ви биде побарано да донесете документ каде стои цената и наплатата на производот+доставата, сума врз основа на која ке ви бидат пресметани давачките ако тие воопшто треба да се платат.

Уште една работа која треба да се напомене е дека цариниците ги отвараат пакетите заради проверка на содржината, доколку тоа се случи ке треба да платите поштенска такса од 70 до 200 денари, демек пари за вложената сила и потрошениот селотејп. Мислам дека само за производите под 20 евра не се плака оваа такса, ама не сум сигурен

Добар дел од работите ви беа веке познати, ама мислам дека информации од прва рака спакувани во еден пост фино ке ви се најдат
 
Прават достава до мк и како е царина данок


Sent from my iPad 4 using Tapatalk HD
Ја последен пат имам порачано ти пишав пред едно 6-7 г.Испорака до Мк имаше,никаква царина нити ДДВ платив,а како е сега не знам,ама мислам дека многу веројатно е да те царинат и да ти закачат ДДВ ако имаш нарачка над 45 евра.Јас правев нарачки и од преку 60 евра па ништо не платив.Прашај подетално во пошта.
Инаку пред 6-7 г. суплементите од овој сајт беа многу поволни дури дупло поевтино ми идаше отколку да ги купам во Мк.Ама после поскапеа и тами и не ми се исплаќаше да нарачвам.
поз
 
Испораката од TheHut е точно 1 фунта како што пишува на страната?
 
Ако може некој да ми објасни каде да го најдам Tracking Number-от на DX !?
 
Немам искуство со порачки преку интернет, на http://www.vuckocompany.com.mk/index.php по грешка стиснав на add to cart, дали тоа сум порачал нешто?
Далеку си од порачката :D треба да внесеш информации од твојата картичка па после тоа да прифатиш порачка.
 
Далеку си од порачката :D треба да внесеш информации од твојата картичка па после тоа да прифатиш порачка.
Знам дека после тоа треба да се внесат податоци од картичката, ама не ми побара затоа се зачудив. Фала на одговорот. :D
 
Денес прашав во Царинска Управа на Р.М. и ме кажаа дека се плаќа данок на пратка над 22 евра (царина не), а царина се плаќа на пратка над 45 евра ( законот за данок е донесен во Декември 2012 од УЈП )
 
Пред две недели порачав од http://www.jdsports.co.uk/ .Патики и една педеруша вкупно беше 4000 денари тоа ти се околу 65 евра.Платив царина 425 денари и ДДВ вкупно ми земаа во поштата 622 денари.Шиингот од страната е 5 фунти.Пратката ми стаса за 9 работни дена.Во ќар сум патиките тука кај нас во адидас се 5700 денари + педерушата.....Ние сме лоповска држава само кај нас се плаќа Царина/.......
--- надополнето: 18 мај 2013 во 10:11 ---
Испораката од TheHut е точно 1 фунта како што пишува на страната?
Какви се тие цени на таа страна бе.Или јас нешто грешка гледам.Една мајца 35 фунти....Малку многу да нее???И јасно дека ќе биде деливери 1 фунта, во цената е ставено :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom