Култот на Марија

makarious, интересни работи кажале луѓето Теодорит, Јован, Григориј итн. Но зарем како христијани не треба да ни е поважно што кажал Господ Исус Христос?
А што вели ТОЈ?
Прво, никаде не ја нарекол Марија Своја мајка, туку ја нарекувал жено!
Второт, Тој ги нарекува "мајка" Своите ученици...

„Додека Тој уште им зборуваше на мноштвата, ете, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да Му зборуваат. И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка“.
(Господ Исус Христос во евангелието по Матеј 12:46-50)
Ти си жива катастрофа Чорбаџија=криминалец крадец :):):)тешко на луге со тебе те залам многу ми е жал за тебе дека не си дознаваш
 
Како и да е, мајката Божја има свој удел во Светот а по таа заслуга, има и своја слава на Небесата. Затоа Црквата ја титулира и како „..почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите...„ и тоа за православните е утврдена вистина. Не паѓајте на евтини финти по принципот „..јас мислам...„ или „...јас заклучив...„ оти се тоа само нечии приватни видувања на работите. Во православната Црква, никој и никаде (освен посочените еретици) не кажал дека мајката Божја е бог, туку дека нејзиното место меѓу Светиите е точно и јасно утврдено. А тоа што некој денес, во 21-от век сака на направи „ново„ толкување на веќе истолкуваното, тоа нека не е Ваш/наш проблем, туку проблем од оние кои сеуште не поверувалеи кои се во дилематични и трилематични состојби за тоа кој ја кажува точната вистина. А оние кои погрешно учат, по се изгледа дека веќе го одбрале својот пат.
 
Ајдеее... жива катастрофа, криминалец, крадец, Несторијанец.. што е следно? сериски убиец? манијак? педофил? ѓавол? демон?
Хах, воопшто не ме чуди тоа што секоја тема ја скршнувате од нејзиниот топик дефиниран во насловот кон темата "против Чорбаџија". Со тоа само покажувате чие потомство сте. Кога можеа Христос да го наречат ѓавол, демон и сл. зошто би биле поштедени и Неговите следбеници нели?
Но сепак за нас христијаните останува утехата во Христовите зборови:

"Блажени сте кога ќе ве навредуваат и гонат и говорат лажно против вас, секакви лоши зборови, заради Мене. Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата, зашто така ги гонеа пророците, кои беа пред вас"
(Исус Христос во евангелие по Матеј 5:11-12)

Нејсе, ако завршивте со навредите и инквизициите на Чорбаџија, да се вратиме на темата.. за култот на Марија...

Подигнувам ново прашање за дискусија:
Зошто огромен број на луѓе, кои се нарекуваат христијани, и се молат на Марија? Познато е дека католиците многу повеќе и се молат на Марија отколку на Бог, а и православните не заостануваат на овој поглед.
Што мислите вие (прашањево го поставувам до сите форумџии), зошто, ако е јасно дека никој во Библијата не и се помолил на блажената Марија, ако е јасно дека апостолите не го ни спомнале нејзиното име во своите посланија (а камо ли молитва да упатат до неа), тогаш зошто денес целиот католички и православен свет и се моли на неа?
 
О, Пресвета Богородице, Дево Владичице, повозвишена од ангелите и архангелите, и најчествувана од сета твар, восхит велик на ангелите, возвишена проповед на пророците, преславна похвало на апостолите, прекрасен украсу на светителите, крепка тврдино на мачениците, спасително водство на иноците, неотклоно воздржение на испосниците, славо и чистото на девствениците, тивка радост на мајките, мудрост и поука на младенците, заштитничке на вдовиците и сираците, на голите риза, на болните оздравување, на пленените избавување, тишино на оние кои по море пловат, мирно пристаниште на оние кои бура ги носи, водителке сигурна на заблудените, лесен премину вање на патниците, блажен спокоју на трудбениците, на измачените брза застапничке, надеж на безнадежните, и помош на оние кои помош бараат: на сиромасите богатство непропадливо, на нажалените утехо непрестана, на намразените љубовно смирение, на грешниците спасение и кон Бога обраќање, на сите проверена цврста заштито, непобедлива помош и застапништво. Низ Тебе, Владичице, Невидливиот нам видлив ни постана, затоа молитва Ти пренесуваме, Госпоѓо, ние грешните слуги Твои.
 
Ајдеее... жива катастрофа, криминалец, крадец, Несторијанец.. што е следно? сериски убиец? манијак? педофил? ѓавол? демон?
Хах, воопшто не ме чуди тоа што секоја тема ја скршнувате од нејзиниот топик дефиниран во насловот кон темата "против Чорбаџија". Со тоа само покажувате чие потомство сте. Кога можеа Христос да го наречат ѓавол, демон и сл. зошто би биле поштедени и Неговите следбеници нели?
Но сепак за нас христијаните останува утехата во Христовите зборови:

"Блажени сте кога ќе ве навредуваат и гонат и говорат лажно против вас, секакви лоши зборови, заради Мене. Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата, зашто така ги гонеа пророците, кои беа пред вас"
(Исус Христос во евангелие по Матеј 5:11-12)

Нејсе, ако завршивте со навредите и инквизициите на Чорбаџија, да се вратиме на темата.. за култот на Марија...

Подигнувам ново прашање за дискусија:
Зошто огромен број на луѓе, кои се нарекуваат христијани, и се молат на Марија? Познато е дека католиците многу повеќе и се молат на Марија отколку на Бог, а и православните не заостануваат на овој поглед.
Што мислите вие (прашањево го поставувам до сите форумџии), зошто, ако е јасно дека никој во Библијата не и се помолил на блажената Марија, ако е јасно дека апостолите не го ни спомнале нејзиното име во своите посланија (а камо ли молитва да упатат до неа), тогаш зошто денес целиот католички и православен свет и се моли на неа?

Зашто католиците ја претпочитаа мајката Божја пред Христа, обрати се кај римокатолиците , а мислам дека на форумов има барем двајца учесници од таа црква.

А за православните, важи она кое е веќе утврдено, а тоа е точната улога, заслуга и слава за мајката Божја, онака како Црквата учи.

А зашто на Богородица никој не и се помолил, можеш да дознаеш ако излезеш од Новиот Завет. Таман работа ако све што ни е потребно, бараме само во Писмото. А сето она кое се случи „после„ Писмото, каде е забележано?
 
Зошто огромен број на луѓе, кои се нарекуваат христијани, и се молат на Марија?

Пробај ти роди син божји па тебе да ти се молат.

Да не го родеше Марија Исус или не дај боже да не внимаваше на бременоста (не носеше тешки предмети, не пушеше, не пиеше...) кизнај дали Исус ќе се родеше па денес се уште ќе му принесуваше жртви на Јупитер или Афродита или Сварог или Баал...
Секој син е плод на Отец и МАЈКА. Без едно од нив не може. Така да колку е Бог заслужен за раѓањето на Исус, толку и Марија, па можеби уште повеќе, пошто таа вечер можеше да речи “Остави ме ... ме боли главата“......
 
Од средниот век наваму, источната црква полека на мала врата, во своето практикување го внесе и обожувањето, односно култот на Марија, мајката на Исус. Почетоците на оваа ерес се наоѓаат некаде по Ефешкиот Собор, во 5 век, но вистинската слика ја добива тек околу 7 век, значи речиси 800 години после Христовата служба, и животот на Марија.

Богородица, Мајката на нашиот Господ, била, е и ќе биде почитувана отсекогаш. Нејзината улога е исполнувањето на Божјата промисла е клучна, на дело покажувајќи ја својата смиреност со зборовите: Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои! (Лука 1:38). Непосредните сведоци на нејзиното величие го потврдуваат преку своите списи, каде ја опишуваат како најсовршената Божја творба, а и отците кои се среќаваат во историјата од 2-ри до 5-ти век, па и потоа, и оддаваат посебна чест, како најчиста од сите луѓе – Пречиста.


Св.Дионисиј Ареопагит (+96) кој беше покрстен од св.ап.Павле ја посетил Богородица во Ерусалим, а потоа му го пишал на св.ап.Павле следново:

Невозможно е за човечкиот ум да го поими тоа што го видов, не само со очите на мојата душа, туку и со моите телесни очи. Со своите очи ја видов најпрекрасната и света Мајка на нашиот Господ Исус Христос .... Тоа време за мене беше време на неопислива радост, благодарејќи на највозвишениот и најславниот Бог, и божествената Дева, големиот Апостол Јован, и тебе (св.Павле), за вашето милосрдие што ме дарувавте со толку голем благослов.


Св.Игнатиј Богоносец (35-106) на својот учител – св.Јован Богослов му го пишува следново:

Ми се даде можност, и планирам да дојдам кај вас за да ги видам верните во Ерусалим, а особено Мајката на Исус; за неа велат дека таа е чесна, мила, и возвишено чудо во се, и сите сакаат да ја видат. А кој не сака да ја види Девата и да беседи со онаа која го носеше вистинскиот Бог? Од нас таа е возвеличена како Мајка Божја (Богородица) и Дева полна со благодат и добродетели. Велат за неа дека е радосна во маките и гонењата, не жали во немаштија и оскудност, и не само што не се гневи на оние кои ја навредуваат, туку и уште повеќе добрини им укажува... сите кои ја гледаат се восхитени.


Св.Иринај Лионски (115-202) - (ученик на св.Поликарп, кој бил ученик на св.Јован Богослов)
Како што Ева беше заведена од зборот на ангел за да отстапи од Бог, бунтувајќи се против Неговото Слово, така Марија од ангелскиот збор ја прими радосната вест дека таа ќе Го прими Бог почитувајќи го Неговото слово. Претходничката беше заведена да не го почитува Бог, за Дева Марија да стане застапница на девицата Ева. Бидејќи смрта дојде во човештвото преку девица, исто така беше спасен од Дева. (Против Ересите V:19,1)

Протоевангелие според Јован, 6:2 (150)
Тие ја благословија велејќи: Боже на нашите отци, благослови го ова дете, и дај и вечно име за да ја ублажуваат сите родови. И сите луѓе рекоа: Така нека биде, така нека биде. Амин. И тој ја однесе до кај првосвештеникот и тие ја благословија велејќи: Највозвишени Боже, погледај на ова дете и благословии ја со преголем багослов кој ќе биде вечен

Мелито Сардски, Велигденска проповед (177)
Тој беше роден од Марија - неосквернатото сокровиште.


Св. Иполит Римски (170 - 235)– ученик на св.Иринеј Лионски
Бог Словото Кој не беше во тело, зеде на себе свето тело од света Дева, и подготви облекло кое Тој го зеде за Себе, како младоженец, во страдањата на крстот, за да ги обедини Својата сила со нашето трулежно тело, и да ги соедини нетрулежноста и трулежноста, и силното со слабото, Тој го спаси пропадливиот човек.
(Трактат за Христос и антихристот, 4)

Св.Григориј Неокесариски чудотворец (213 – 270)
Дево Марије, ти си кораб и Скинија која ги содржи сите тајни. Ти го знаеш она што Патријарсите никогаш не го дознаа, ти го доживеа тоа што на ангелите никогаш не им беше откриено, ти го чу она што пророците никогаш не го чуја. Со еден збор, сето она што беше сокриено од претходните поколенија ти се откри тебе; дури и повеќе, повеќето од овие чуда се однесуваат на тебе.

Св.Атанасиј Александриски (295-373)
О величествена Дево, навистина ти си повозвишена од било која возвишеност. Кој ти е рамен во твоето величие, о сместилиште на Бог Словото? Со кого од сите суштества да те споредам, Дево? Ти си поголема од сите нив, Завету, облечена во чистота наместо во злато! Ти си Арка во која е најден златен Кораб на вистинската мана кое е плот на Божеството живеалиште.
(Беседа на Папирус од Турин 71:216)

Св.Амвросиј Милански (338 – 397)
Да, навистина благословена што го надмина свештеникот (Захарија). Додека свештеникот противречеше, Дева ја исправи грешката. Без сомневање Господ, сакајќи да го спаси светот, тоа го започна со Дева Марија. Така што таа, преку која беше спасението подговтвено за сите луѓе, е првата која го доби ветениот плод на спасението.

Св. Епифаниј Кипарски (310 – 403)
Ева беше наречена мајка на живите....по падот, оваа титула и беше дадена. Вистина е...целото човештво на земјата беше родено од Ева, но во суштина од Дева Марија е Живото кој беше навистина роден за светот. Така што, раѓајќи го Живиот, Таа стана мајка на сите живи.
(Против осумте ереси 78, 9)

Од овие цитати на рано-христијанските отци јасно станува не само дека Богородица била ословувана како таква, не само што ја почитувале повеќе од било кој човек, туку и по раѓањето останала ДЕВА!






 
Да. а поради предвидливоста на идните постови од дотичната „особа„, очекувам реакција во стилот „..а каде е тоа запишано во Писмото...„, „...дај ми цитат...„ и тако даље и томе слично...
 
Едно прашање знае ли некој која година умрела Марија..уште колку живеела по Исусовото распретие..јас дојдов до некои бројки од 13-15 години по тоа..ама ми се сомнителни..
 
Едно прашање знае ли некој која година умрела Марија..уште колку живеела по Исусовото распретие..јас дојдов до некои бројки од 13-15 години по тоа..ама ми се сомнителни..

Toчната година не се знае, но се знае дека имала повеќе од 60 год.
 
Св.Дионисиј Ареопагит (+96) кој беше покрстен од св.ап.Павле ја посетил Богородица во Ерусалим, а потоа му го пишал на св.ап.Павле следново:

Да не мислеше на ПСЕВДО Дионисиј Ареопагит (+496)???

Запомнете, на лагата и се кратки нозете.:nenene::nenene::nenene:
 
Да не мислеше на ПСЕВДО Дионисиј Ареопагит (+496)???

Запомнете, на лагата и се кратки нозете.:nenene::nenene::nenene:

Не, не, мислев на св.Дионисиј Ареопагит, оној кој бил крстен од св.ап.Павле. Или не знаеш дека и тој има пишани дела???? ИИИИИ срамота бе такви работи да не знаеш, а велиш „изворен“...цццццц:uvo:
 
Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит 16/10/2008


Се вбројува во Седумдесеттемина помали апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Мисир за да учи уште. Во тоа време еден ден на Крстот издивна Господ Исус Христос и сонцето се помрачи и во Мисир беше темно три часа. Тогаш Дионисиј возвикна: „Или Бог, Создателот на светот страда или овој свет завршува.“ Кога се врати во Атина се ожени со Дамара и со неа имаше синови. Беше член на највисокиот суд кај Грците, наречен Ареопаг, заради што и го доби називот Ареопагит. Кога апостолот Павле го проповедаше Евангелието во Атина, Дионисиј со целиот свој дом се крсти. Од Павле беше посветен за епископ Атински, бидејќи ги остави жената и децата и положбата во општеството заради љубовта Христова. Доволно долго патуваше со Павле и ги запозна останатите Христови апостоли. Отиде во Ерусалим со цел да Ја види Пресвета Богородица и средбата со Неа ја опиша во едно од своите дела. Беше и на погребот на Пречистата заедно со другите апостоли. Кога неговиот учител Св. Павле пострада маченички, Дионисиј посака и за себе таква смрт. И отиде да го проповеда Евангелието меѓу варварите во Галија, заедно со презвитерот Рустик и ѓаконот Елефтериј. Многу претрпе, но и многу успеа. За неговиот труд многумина незнабожци се обратија кон верата Христова. Во Париз Дионисиј изгради малечка црквичка во којашто Му служеше служба на Бога. Кога имаше деведесет години, го фатија и го мачеа за Христа, заедно со Рустик и Елефтериј, додека најпосле не ги убија со меч сите тројца. Отсечената глава на Свети Дионисиј отскокна на големо растојание и падна пред една христијанка Катула, којашто заедно со неа чесно го погреба и телото. Тој пострада во времето на Дометијан во 96 година. Напиша значајни дела: за таинственото богословие, за небесната и црковната хиерархија, за Пресвета Богородица.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom