Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    636
Иначе едно нешто им има успеано на властите, а тоа е да го убедат народот дека за секој напад од кучиња, каснување и слично, вината секогаш да ја бараат во Анима Мунди, а не во градот Скопје, општините и институциите на кои им е одговорност луѓето да можат безбедно да се движат и да се справат со кучињата кои ја нарушуваат безбедноста на сите. Пази дежурен кривец бараат во рандом невладина организација, која е одамна неактивна со по 5 утепани членови и која се занимава таму со промовирање содржина за вегани и да се кастрираат/стерелизираат милениците, да не се множат. Луѓето од кои стварно треба да се бара одговорност и кои можат да ја решат ситуацијата (ако сакаат) се рипаат намерно или ненамерно и никој не ги чепка. И ова трае 15+ години, колку сме насанкани ко народ, не е реално. Ко да ме касне змија и вината да ја барам во Мексико, бидејќи е земја со најмногу змии во светот, така си ги поврзуваме работите или ни одговара да си ги поврземе.
 
нај голема вина има дел од народот кој храни и одгледува џукели на јавни површини а притоа мисли дека со тие свои постапки прави добро дело, а не сваќа дека природата на животните е сосема поинаква, по одредено време тоа животно мисли дека таа територија е негова и почнува да си ја брани од сите други освен од оној кој го храни.

дека се криви властите е неспорно бидејќи не вршат периодичен отстрел и чистењена јавните површини од уличните џукели, но и треба да се додаде одредба во законот каде ќе се стави јасна одговорност на оној кој храни и чува џукела на улица во случај на напад да одговара тој лично а не како до сега негово е кога е мирно а ако го касне некој е улично и друг е одговорен ФМП.
 
Иначе едно нешто им има успеано на властите, а тоа е да го убедат народот дека за секој напад од кучиња, каснување и слично, вината секогаш да ја бараат во Анима Мунди, а не во градот Скопје, општините и институциите на кои им е одговорност луѓето да можат безбедно да се движат и да се справат со кучињата кои ја нарушуваат безбедноста на сите. Пази дежурен кривец бараат во рандом невладина организација, која е одамна неактивна со по 5 утепани членови и која се занимава таму со промовирање содржина за вегани и да се кастрираат/стерелизираат милениците, да не се множат. Луѓето од кои стварно треба да се бара одговорност и кои можат да ја решат ситуацијата (ако сакаат) се рипаат намерно или ненамерно и никој не ги чепка. И ова трае 15+ години, колку сме насанкани ко народ, не е реално. Ко да ме касне змија и вината да ја барам во Мексико, бидејќи е земја со најмногу змии во светот, така си ги поврзуваме работите или ни одговара да си ги поврземе.
Веруј дека се доволно активни, за не само они („професионалците“) туку и куп корисни идиоти да дигнат голема џева ако се направи нешто за справување со џукеливе. И прават, еве гледате во Кичево (или Дебар беше), кога ги решаваа со ловџии колку џева се дигна. И тоа во помали гратчиња... И го имаат увото на амбасадиве, прво таму се јавуваат а овие потоа директно во влада.

Е сега дека лембеците што се на власт (во било која власт), само чекаат некој да им каже дека не смеат работат... Тоа се подразбира.

Точно е и тоа дека сите сме за тепање, затоа повеќето од мнозинството (некучкарите) се пасивни и ни со прст не мрдаат (освен коа џукели ќе ги укасаат за задник)... И тоа е точно.
 
Исто огромна вина гледам во тие што чуваат домашни миленици и што ги пуштаат да се парат кога ќе им дојде време, па ако е женско кога ќе се родат ги оставаат кучињата во некое населено место подалеку од дома и си бегаат, а ако е машко, иста е бељата само не е нивни проблем од старт. Си имаат аргумент во главата дека е греота да се стерелизирале и кастрирале и одбиваат упорно да го прават тоа макар и да бидат каснати, нападнати од исти такви кучиња следниот ден. А секако властите што ги спомнав не сакаат да водат евиденција кој миленик домашен е стерелизиран/кастриран, па да се казнувааат сопственици. Никако не може проблемот вака да се реши.
 
Последно уредено:
Исто огромна вина гледам во тие што чуваат домашни миленици и што ги пуштаат да се парат кога ќе им дојде време, па ако е женско кога ќе се родат ги оставаат кучињата во некое населено место подалеку од дома и си бегаат, а ако е машко, иста е бељата само не е нивни проблем од старт. Си имаат аргумент уште од старт во главата дека е греота да се стерелизирале и кастрирале и одбиваат упорно да го прават тоа макар и да бидат каснати, нападнати од исти такви кучиња следниот ден. А секако властите што ги спомнав не сакаат да водат евиденција кој миленик домашен е стерелизиран/кастриран, па да се казнувааат сопственици. Никако не може проблемот вака да се реши.
Затоа на луѓето им требаат правила и закони. За рандом кучкари да мораат да постапуваат, наместо да мудруваат и да ги усеруваат работите за сите.
 
- „Ама ми ги јадеше кокошките“
- „Кучеубиец, право во затвор!“

- „Ама ми ги јадеше кокошките“
- „Кучеубиец, право во затвор!“

Па ти што мислеше? Требало и јајца да му испржи и да му испече една кокошка за по пат. Безобразник, за себе си ги чувал кокошките, наместо кокошки, пилиња и јајца да одгледува за кучиња, лисици, куни, невестулки, творови, змии итн. Туку, јас имам предлог на мрднативе кучкари да им донираме за вдомување по еден пар од глувци и стаорци и нивни легла со БЕБИЊА (според нивното изопачено толкување).
 
Добра споредба на куче што е чувар на двор и со дресура што може многу да му помогне на човекот со паразити и предатори а особено со змии и стаорци.
 
Сакаше да каже диви кучиња, такозвани џукели, кои нечувани и недресирани дефакто и дејуре се штетници во истата група со другите такви. Посебно тие што ќе научат да дават кокошки, нема назад после... Да не заборавиме дека куче генетски е малтене волк, со минимални разлики. Во услови на изгладнетост и немање друг избор, регресираат на старите инстикти.

Ми имаат кажувано на летни одмори на село, и за чувани кучиња кои не можат да се контролираат и прават такви бељи. Сите биле отстранувани од генетскиот „базен“, по кратка постапка и без исклучок. Впрочем тоа и бил отсекогаш методот со кој од волци се направени кучиња (секогаш е можен и обратниот процес, основниот фирмвер е секогаш присутен над слоевите закрпи добиени преку селекција).

Така да „философското“ прашање е, ако кокошки одгледуваш за преживување (денес обично сиромашни чуваат кокошки, што се разбира е целосно погрешно но да не дигресираме), значи ако кокошки одгледуваш за преживување и штетник ти ги напаѓа и убива, штетникот со тоа ти го загрозува опстанокот. Штетниците отсекогаш биле отстранувани, нема тука никакво размислување ниту философирање. Најпосле не гледам по која основа го уапсиле човекот, да имаше сега нормален свет човеков ќе добиеше правна помош и прво ќе ги обвинеше џандарите што го уапсиле (за други џандари следен пат да си ја чукнат главата), а потоа и по ред кој треба да се обвини зошто дозволиле диви животни да му прават штета наместо да биде заштитен како што треба да биде (и како што плаќа преку плаќање даноци на државата).

Со задршка дека немаме никакви детали за случајов (па може да испадне нешто шесто). :)
 
Back
На врв Bottom