Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    636
Иначе едно нешто им има успеано на властите, а тоа е да го убедат народот дека за секој напад од кучиња, каснување и слично, вината секогаш да ја бараат во Анима Мунди, а не во градот Скопје, општините и институциите на кои им е одговорност луѓето да можат безбедно да се движат и да се справат со кучињата кои ја нарушуваат безбедноста на сите. Пази дежурен кривец бараат во рандом невладина организација, која е одамна неактивна со по 5 утепани членови и која се занимава таму со промовирање содржина за вегани и да се кастрираат/стерелизираат милениците, да не се множат. Луѓето од кои стварно треба да се бара одговорност и кои можат да ја решат ситуацијата (ако сакаат) се рипаат намерно или ненамерно и никој не ги чепка. И ова трае 15+ години, колку сме насанкани ко народ, не е реално. Ко да ме касне змија и вината да ја барам во Мексико, бидејќи е земја со најмногу змии во светот, така си ги поврзуваме работите или ни одговара да си ги поврземе.
 
нај голема вина има дел од народот кој храни и одгледува џукели на јавни површини а притоа мисли дека со тие свои постапки прави добро дело, а не сваќа дека природата на животните е сосема поинаква, по одредено време тоа животно мисли дека таа територија е негова и почнува да си ја брани од сите други освен од оној кој го храни.

дека се криви властите е неспорно бидејќи не вршат периодичен отстрел и чистењена јавните површини од уличните џукели, но и треба да се додаде одредба во законот каде ќе се стави јасна одговорност на оној кој храни и чува џукела на улица во случај на напад да одговара тој лично а не како до сега негово е кога е мирно а ако го касне некој е улично и друг е одговорен ФМП.
 
Иначе едно нешто им има успеано на властите, а тоа е да го убедат народот дека за секој напад од кучиња, каснување и слично, вината секогаш да ја бараат во Анима Мунди, а не во градот Скопје, општините и институциите на кои им е одговорност луѓето да можат безбедно да се движат и да се справат со кучињата кои ја нарушуваат безбедноста на сите. Пази дежурен кривец бараат во рандом невладина организација, која е одамна неактивна со по 5 утепани членови и која се занимава таму со промовирање содржина за вегани и да се кастрираат/стерелизираат милениците, да не се множат. Луѓето од кои стварно треба да се бара одговорност и кои можат да ја решат ситуацијата (ако сакаат) се рипаат намерно или ненамерно и никој не ги чепка. И ова трае 15+ години, колку сме насанкани ко народ, не е реално. Ко да ме касне змија и вината да ја барам во Мексико, бидејќи е земја со најмногу змии во светот, така си ги поврзуваме работите или ни одговара да си ги поврземе.
Веруј дека се доволно активни, за не само они („професионалците“) туку и куп корисни идиоти да дигнат голема џева ако се направи нешто за справување со џукеливе. И прават, еве гледате во Кичево (или Дебар беше), кога ги решаваа со ловџии колку џева се дигна. И тоа во помали гратчиња... И го имаат увото на амбасадиве, прво таму се јавуваат а овие потоа директно во влада.

Е сега дека лембеците што се на власт (во било која власт), само чекаат некој да им каже дека не смеат работат... Тоа се подразбира.

Точно е и тоа дека сите сме за тепање, затоа повеќето од мнозинството (некучкарите) се пасивни и ни со прст не мрдаат (освен коа џукели ќе ги укасаат за задник)... И тоа е точно.
 
Исто огромна вина гледам во тие што чуваат домашни миленици и што ги пуштаат да се парат кога ќе им дојде време, па ако е женско кога ќе се родат ги оставаат кучињата во некое населено место подалеку од дома и си бегаат, а ако е машко, иста е бељата само не е нивни проблем од старт. Си имаат аргумент во главата дека е греота да се стерелизирале и кастрирале и одбиваат упорно да го прават тоа макар и да бидат каснати, нападнати од исти такви кучиња следниот ден. А секако властите што ги спомнав не сакаат да водат евиденција кој миленик домашен е стерелизиран/кастриран, па да се казнувааат сопственици. Никако не може проблемот вака да се реши.
 
Последно уредено:
Исто огромна вина гледам во тие што чуваат домашни миленици и што ги пуштаат да се парат кога ќе им дојде време, па ако е женско кога ќе се родат ги оставаат кучињата во некое населено место подалеку од дома и си бегаат, а ако е машко, иста е бељата само не е нивни проблем од старт. Си имаат аргумент уште од старт во главата дека е греота да се стерелизирале и кастрирале и одбиваат упорно да го прават тоа макар и да бидат каснати, нападнати од исти такви кучиња следниот ден. А секако властите што ги спомнав не сакаат да водат евиденција кој миленик домашен е стерелизиран/кастриран, па да се казнувааат сопственици. Никако не може проблемот вака да се реши.
Затоа на луѓето им требаат правила и закони. За рандом кучкари да мораат да постапуваат, наместо да мудруваат и да ги усеруваат работите за сите.
 
- „Ама ми ги јадеше кокошките“
- „Кучеубиец, право во затвор!“

Back
На врв Bottom