Ја прочитав објавата со приказната за кучето што ја објавија „Шепасти ентузијасти“, а уште повеќе ми се зголемија дилемите што ги имав претходно за нив. Се прашував дали е ова класична измама, затоа што постојано се бараат донации и како успеваат да натрупаат долг од фрапантни 449.000 денари, но сфаќам дека ова не е класична измама каде некој ги става парите во џеб (бидејќи реално дозволуваат уплати директно во ветеринарните клиники). Ова е тотална менаџерска неспособност и свесно измачување на животни за да се задоволат нечии егоистични каприци.
Го чуваат кучето 6 години во кафез, тоа куче влегло таму на година и пол, цела младост и свесен живот ги поминало зад решетки во постојан лаеж, стрес, влага и бетон. Тоа не е спасување, тоа е доживотна робија без вина, маскирана во „хуманост“.
И сега, кога кучето има 8 години и кожата буквално му се распаѓа со хронична инфекција веќе 8 месеци затоа што имунитетот му е мртов, тие го влечат по клиники за чистење забен камен, 4D тестови и биохемии за да му го продолжат агоничното вегетирање во истиот тој бокс за уште некоја година. Дури и да го излечат од инфекцијата, прво никој не би вдомил куче со таков стрес и психолошка состојба по поминати 6 години во затвор, повторно се враќа во шелтерот, повторно под ризик за инфекција, и се така во круг во болка и мачење, само за некој да може да каже дека „кучето е сè уште живо“.
Со тие 20 000 денари потрошени за неговите тестови, азилот би можел да кастрира и стерилизира 10 улични кучиња, со што ќе се спречи раѓање на 50 нови бездомни кученца кои ќе патат на улиците.
Зад ова очигледно стои совршено разработен бизнис меѓу ваквите здруженија, ветеринарите и пет-шоповите. Овие шелтери со половина милион денари долгови се златна кокошка за вртење пари преку прескапи дијагностики и специјализирана медицинска храна и реагенси која инаку би стоела по магацините и би им поминал рокот. Ветеринарите имаат постојан промет, „активистите“ си го хранат егото со паролата „важно е живо“, а цената ја плаќаат кучињата што гнијат со години во кафези. Целосно нехумано.
Наместо со тие 450.000 денари долг да се кастрираат и стерилизираат над 100 кучиња на улица и да се спречи раѓање на илјадници нови во маки, парите се топат во системот за одржување во живот на кучиња кои одамна немаат никаков квалитет на живот. Тоа е разликата помеѓу емоционален каприц (спасуваме едно по секоја цена) и вистинска, системска хуманост.