Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:


  • Вкупно гласачи
    625
Ало Данска, се слушаме ли? :unsure:

Gxhr-weWwAEuMoa
Многу паметно решение, истово и јас го предлагав за нашите скитници.
 
Орце најавува дека ќе се ослободиме од нив. Се надевам што поскоро.
 
Многу паметно решение, истово и јас го предлагав за нашите скитници.
Јас само би оставил опција за евентуалните душебрижници (активистите од невладините, и останатите штетници). Евентуалните приговарачи на ова да можат:
- прва опција, да си ја земат џукелата дома ако веќе не сакаат џукелата да се дружи со лавот
- втора опција, самите да идат кај лавот наместо џукелата... онака искрено да поразговараат за можноста за преминување во вегани :unsure:
 
1755647917351.png

Жена нападната од пет кучиња во нејзината населба во Union City почина откако помина две недели во болницата Grady.

Donna Nguyen, стара 62 години, одела кон банката кога нападот се случил на 1 август.

Нејзиниот свршеник, Rodney Bunn, ја опиша тежината на нејзините повреди, велејќи дека таа се борела за својот живот, но претрпела сериозни оштетувања на рацете, нозете и стапалата.

„Ја сакав од сѐ срце,“ изјави Bunn за Channel 2’s Tom Regan.

Nguyen помина две недели на одделот за интензивна нега во болницата, во бессознание и приклучена на респиратор.

Докторите го информирале семејството дека бројните каснувања од кучињата предизвикале широка инфекција и постоела можност да ги изгуби рацете.

Нејзината состојба се влошила, што го натера семејството да ја донесе тешката одлука да го исклучи апаратот за одржување во живот.

Четири од петте кучиња биле успиени. Bunn верува дека сопственикот на кучињата треба да биде одговорен за нападот.

„Верувам дека треба да биде обвинет,“ рече тој. „Мора да има одговорност за тоа што тие кучиња направија.“

Fulton County Animal Control моментално го истражува смртоносниот напад на кучиња. Обидите да се добие ажурирање за истрагата засега не успеале.

Погребот на Nguyen е закажан за среда.
 
Последно уредено:
Нема да им кажам што да прават со жешко железо (и каде да си го вметнат), само ќе им порачам на господата од амбасадата - нека си ги земат дома куќичките заедно со џукелите.

Ние граѓаните бараме мир и безбедост од напади од животни. Не бараме подобри услови за спомнатите животни што напаѓаат и повредуваат - па и убиваат луѓе. Посебно деца и постари кои се најранливи затоа што немаат ни теоретски шанси да се одбранат.

Автоматски споено мислење:

А тој Герасимовски ваљда е попаметен од ова... Не добива никакви политички поени со ова, напротив. Мнозинството (нормалните) граѓани ќе го пцујат за ова. Ваљда Герасимовски и неговата партија сакаат да бидат гласани на избориве...

Епа еве ви на сите шанса да направите нешто со сопствените гласови. Кучкарите и останатите фрикови нека ги гласаат, ама ние останатите сме мнозинство: Незадоволството (во случајов незадоволството од џукелите) можеме да го искажеме на гласање. Нека видат колку вредат гласовите на кучкарите и останатите фрикови, наспроти гласовите на мнозинството.
 
Последно уредено:
Паметна поента. Да се покрене прашањево на ниво на избори. Јас лично ќе гласам за оној кој ќе ги истера џукелите од улиците. Ова треба да биде тема на политичка програма, а не да не мафтаат со Бугари, име, Албанци и слични глупости.
 
Политичариве толку станаа надмени, да не ги есапат мнозинството гласачи. Се умилкуваат на разноразни агенди на невладините, како кучкарите на пример во овој случај (анима дунди и сличните).

Скроз нејасно е како еден не се најде да понуди финално решение за џукелите, гарант ќе биде изгласан само на таа основа. До толку им е на сите преку глава, од напади, од лаење, од гомна на сите страни, не може човек безбедно и нормално да се прошета , итн. Излети во парк и седење на трева гледаме само на филмови.
 
како еден не се најде да понуди финално решение за џукелите
Не постои финално решение, цело време се раѓаат нови и нови кучиња од домашните миленици кои потоа се пуштаат надвор. Прашање е на свест, немаме свест и образование кај народот. Ова е САМО еден од последиците на неписмен народ, гледајте малку кај живеете.

Имаше пробен балон пред неколку години, да се воведе законски задолжителна кастрација на сите домашни животни, освен тие што сакаат да си регистрираат одгледувалишта, но беше дочекано многу негативно и никој политичар не е глуп да си троши политички поени за на сила да воведува законско решение кое не може да се спроведе милум, колку и да е за благодат на народот кога тој народ не е доволно спремен и паметен да прифати такво решение за негово добро.
Секаде во светот, и каде што нема закон, прифатена е како нормална стерилизацијата на домашните миленици, затоа што тоа е хумано и сите нормални го прават тоа. Децении назад сме зад такво решение.

Ако сте за финално решение од поинаков аспект, безмилосно, кое ќе вклучува РЕДОВНО заловување и убивање на животните, или пак само убивање на улиците како што било пред 50 години, никоја не ве спречува да излезете СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ и да промовирате такво решение.
Но никој не излегува јавно да се искаже за такво нешто затоа што знае дека е срамота и греота прво да помисли на такво нешто, а не пак да промовира и да се залага.
 
Законите всушност не се најголемиот проблем. Нивното неспроведување е.
Политичарите не спроведуваат закони. Ама кога се на функција ги контролираат органите за спроведување закони, и со тоа се затвара кругот. Политичарите уствари и не треба да одлучуваат дали да законите да се спроведуваат или не. Само затоа што мала група пeдеpи мала група гласни граѓани негодувале и се противеле. Законите мора да се спроведуват, или во спротивно да се променат. Така функционираат правни држави.
Па дури и ако главната грижа е „губење политички поени“, па кој бре е поброен? Кучкарите или нормалните граѓани? Како е исплатливо за политичарите да удоволуваат на убедливо помалиот дел од гласачкото тело? Нема логика како да се завртат работиве кои ги кажуваш.

Ова дефинитивно ќе се менува со тек на време како што обичните луѓе ќе почнат да разбираат дека треба да се борат за сопствените права (во случајов безбедност од животни во урбана средина). Макар и само со гласање, пошто еден потез со пенкалото и политичарот летнал од функција. Па нека продолжи да лиже задници на кучкари и невладини. Како што е сега случајот со претстојните избори и позицијата на дотичниот Герасимовски... Пази, наместо да го решава проблемот Герасимовски поздравува градење куќи за животните кои секојдневно му ги напаѓаат гласачите. Лудило.


Крајно ако се реализираат веќе постоечките регулативи: Задолжително чипирање, задолжително кастрирање на сите домашни кучиња на власници кои што немаат регистрирано одгледувачници, казни за напуштање (фрлање) кучиња и тоа по принцип блага казна првиот пат но драконски казни потоа, итн... Така ќе се реши голем дел од проблемот.
Но тоа решавање на дел од проблемот не е сѐ, затоа што сегашните глутници џукели се проблем кој мора да се реши веднаш а не да се игнорира.

Најпосле една работа што за сигурно ја знам - е дека проблемот уште помалку го решаваат плашење граѓани, кажување флоскули, и градење куќи плус хранење на животни за кои никој не одговара кога пак и пак напаѓаат луѓе по улиците, жени, деца и постари. Плус напаѓаат и домашни кучиња.
Автоматски споено мислење:

Ако сте за финално решение од поинаков аспект, безмилосно, кое ќе вклучува РЕДОВНО заловување и убивање на животните, или пак само убивање на улиците како што било пред 50 години, никоја не ве спречува да излезете СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ и да промовирате такво решение.
Но никој не излегува јавно да се искаже за такво нешто затоа што знае дека е срамота и греота прво да помисли на такво нешто, а не пак да промовира и да се залага.
Кажи ми како стојат работите во поголемиот дел од западот? Дали и таму како овде по градовите има цели глутници џукели кои секојдневно напаѓаат луѓе? Под џукели мислам на скитници ако мора да еуфеминизираме за да се разбереме.

Воспоставениот метод е познат на сите. Заловување. Чување во установа во одреден временски период во кој власникот може да си го најде изгубеното/избеганото куче, или некој што сака може да го посвои кучето. После тој период следи еутаназија.


Еве кажи ти подобро решение. Непходен услов во било кое решение: Да нема џукели на улиците.
Без хранење бездомни животни, градење куќички и засолништа за нив, но тргање раце од последиците кога истите тие животни ќе нападнат луѓе на улиците.
 
Последно уредено:
Кажи ми како стојат работите во поглемиот дел од западот? И таму има глутници џукели кои напаѓаат а некогаш и убиваат луѓе? Под џукели мислам на скитници ако мора да еуфеминизираме за да се разбереме.

Воспоставениот метод е познат на сите. Заловување. Чување во установа во одреден временски период во кој власникот може да си го најде изгубеното/избеганото куче, или некој што сака може да го посвои кучето. После тој период следи еутаназија.


Еве кажи ти подобро решение. Непходен услов во било кое решение: Да нема џукели на улиците.
Во поцивилизираните европски градови се еутанизираат не повеќе од 10% од заловените животни. Не зборувам за Бугарија, Романија, каде се убиваат и повеќе, туку за западните држави, каде што процентот е низок, 5 до 10% од И ТАКА малиот број заловени животни.
Кај нас процентот на еутанизирани се движи околу 10 до 20% од заловените, па и повеќе, ова не се официјални проценти, туку од мои извори.
Што значи и кај нас се еутанизираат толку, па и дупло повеќе отколку во западните земји, и пак имаме многу бездомни, значи не е споредбено решението и не заостануваме во убивањето зад европските градови и држави.

Нема друго решение, кое би било исплатливо, хумано, да не биде гадно, гнасно, едноставно со такви луѓе живееме, додека не се смени свеста, ќе ги трпиме и луѓето и џукелите.
Јас не си ја валкам совеста да ПОМИСЛУВАМ дека редовно убивање на кучињата ќе промени нешто и ќе биде убаво решение. НЕ Е. Свеста, образованието на луѓето е причината, кучињата на улиците не се едниствениот проблем кој произлегува од таа функционална неписменост, проблеми има на секој чекор, само се правиме дека не ги гледаме, свесно или несвесно ги игноририраме се додека не почнат лично да не тангираат и нас.

Значи јас не сакам да се трошат даночни пари на кучињата, да не се испуштаат од селата и од домовите, ама и не сакам да се убиваат затоа што тоа не е решение. Сакам да си бидат свесни луѓето. Да си ги стерилизираат домашните мачки и кучиња, ама не сме на тоа ниво.
 
Значи јас не сакам да се трошат даночни пари на кучињата, да не се испуштаат од селата и од домовите, ама и не сакам да се убиваат затоа што тоа не е решение. Сакам да си бидат свесни луѓето. Да си ги стерилизираат домашните мачки и кучиња, ама не сме на тоа ниво.
Не зборуваме за желби и што сакаме, без разлика дали ти или јас. Или било кој. Зборуваме за наоѓање решение.

Те прашав за предлог како да се реши проблемот? Не сакаш решение со еутаназија? ОК, понуди подобро решение. Но резултатот да биде како во државите каде нема џукели по улиците, не па цели глутници од џукели кои напаѓаат луѓе.
Не сакам ни јас еутаназија на животни, но ќе го прифатам и тоа ако нема подобра опција. Нешто мора да се направи, ете ти предлжи подобра опција. Но ако нема подобра опција, епа тогаш...
Автоматски споено мислење:

Да си ги стерилизираат домашните мачки и кучиња, ама не сме на тоа ниво.
Постои регулатива за ова а зошто истата не се спроведува прашај ги таквите како Герасимовски (или тие од неговата и од другите партии, што се на посоодветни функции).

Ете јас барем знам за кој нема да гласам. Такви како мене ќе има сѐ повеќе.
 
Не зборуваме за желби и што сакаме, без разлика дали ти или јас. Или било кој. Зборуваме за наоѓање решение.

Те прашав за предлог како да се реши проблемот? Не сакаш решение со еутаназија? ОК, понуди подобро решение. Но резултатот да биде како во државите каде нема џукели по улиците, не па цели глутници од џукели кои напаѓаат луѓе.
Не знам зошто не сфаќаш, нема решение, ова сега е решение, нема подобро нешто, ова е максимумот кој што нашиот народ, нашата свест, образование, навики, обичаи можат да ги понудат. Со такви луѓе живееме.
Цело време ти објаснувам дека џукелите не се единствениот проблем, само се потенцира како проблем затоа што преку одредени „решенија“ за овој проблем може да сонувате за покољ, убиства на животни со цел да се задоволат вашите крвожедни нарави.
 
Не е до жителите ниту нивната свест. Има закон од 60тина страни, никој од службите кои земаат фини плати не го почитува. Дури и во Законот за комунални дејности стои дека во тие дејности спаѓа и ерадикација на животни скитници.
Луцкасто е да се фрла вина врз некој (граѓаните) кој нема моќ ништо да стори на терен ниту е платен и организиран за тоа.
 
Последно уредено:
Не е до жителите ниту нивната свест. Има закон од 60тина страни, никој од службите кои земаат фини плати не го почитува. Дури и во Законот за комунални дејности стои дека во тие дејности спаѓа и ерадикација на животни скитници.
Луцкасто е да се фрла вина врз некој (граѓаните) кој нема моќ ништо да стори на терен ниту е платен и организиран за тоа.
Колку е казната за напуштање куче?
Види, најди ја и ќе видиме дали до спроведувањето е проблемот или до законите и свеста на народот.
 
Колку е казната за напуштање куче?
Види, најди ја и ќе видиме дали до спроведувањето е проблемот или до законите и свеста на народот.
А како ќе те најде дека си напуштил куче? И кој ќе те најде и кој ќе те казни?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom