Здраво на сите.)
Имам хаска стара 50 дена. Веќе 4 дена има течна столица и премногу пати во денот оди (6/7) што е премногу за нејзина возраст. Бев на ветеринар денес по 3т пат одкако се случи ова и кажаа воспалени анални жлезди, и боцкања и слично.
Е сеа сакам да прашам, точно пред пет дена ја доби првата вакцина, при мерењето на температурата на кутрето (вработениот) без осет и грижа нагло го стави топломерот по што почна многу да квиче кутрето, дали има шанси при тој „удар“ да е настанато, пошто после вакцината (кажаа не било реакција од неа) да се случува ова.
Од храната не е, пошто му давам од 150 до 200 грама дневно кучешка храна (секако со одредени т.н ужинќи мали коскички за челичење на заби)
И другото прашање во врска со кутрето ми е, колку калциум се дава на 4кг кутре, едниот доктор на смена ми вели пола апче, а другиот две на ден. Ја знам дека здравство наше е за никаде, ама и нивното било у пм.
Фала