Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво до сите , Ми треба итна помош за да го заштитам моето куче!!! Дали некој може да ме информира дали постои во македонија да му се вгради сателитски чип на куче за да можеш да го најдеш доколку ти биде открадено.поздрав

За вградување незнам, ама има огрлици со гпс преку кои можеш да дознаеш каде се наоѓа во секо време се додека ја носи огрлицата.
http://www.ebay.com/sch/i.html?_trksid=p2050601.m570.l1313&_nkw=gps+dog&_sacat=0&_from=R40
 
Итно се подарува прекрасна Доберманка.
Повеќе информации имате на линкот:
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.700025043382155.1073741897.189976044387060&type=1

Дечки, каде можам да купам доберман со педигре?
Се сетив дека пред 2 недели во темава прашуваше за Доберманче, па затоа сега те цитирав ... погоре имам ставено линкче, се подарува Доберманка, имаше кожна болест, но за среќа редовно примаше терапија и проблемот се среди.
Го знам потеклото на Доберманката, навистина е прекрасна.

Сепак она е млада, пред 10 дена полнеше 1 година, па ако не ти смета да земеш 1 годишна Доберманка, те молам види ја.

Јас живеам во стан, и чувам Доберманка, и за жал немам услови да чувам уште една.
 
јас има прашање
имам мал пинчар едвај 3 килограми и незнам дали треба и маска да му ставам кога го шетам, иако е со поводник секогаш
 
Gledaj na toa vaka: maskata ke ti posluzi i za da ne sobere otrov od zemja dodeka go setas. Poveke korist ke imas od maskata otkolku sto kuceto ke ima mozebi problem dodeka se privikne na nea. Moj sovet ti e, ako mislis da mu stavis maska, kolku i da ne ja saka od pocetok, samo bidi uporen - koga ke se naviknat na nea, ne ja ni sekjavaat deka ja nosat.
 
По колку пари се движат овие маски ...? Овде по Струмица искрено не сум сретнал куче со маска, а има доста агресивни и лоши кучиња што ѓи шетат.
 
По колку пари се движат овие маски ...? Овде по Струмица искрено не сум сретнал куче со маска, а има доста агресивни и лоши кучиња што ѓи шетат.

Зависи од големината на маската, во просек од 200 до 600 денари.
 
Луѓе- дајте нека се најде некој што може да понуди барем привремен престој за доберманкава, има сместување уште денес!
Ве молам, мал дел од двор е се што и е потребно- друго се ќе биде обезбедено, храна, куќичка, опрема, лекарства, се до нејзиното вдомување!
Ако не можете вие, барем потрудете се да прашате некој кој би можел, или да споделувате на фб! Стварно е повеќе од итно!
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.700025043382155.1073741897.189976044387060&type=1
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Имам едно прашање до вас поупатениве тука, пребарував во подфорумиве да не има некоја посебна тема за мопсот, не најдов па решив да пишам тука. Дали може да ми дадете информации за мопсот како раса, како им се движи цената, како е за одгледување во стан/куќа, и се останато поврзано со ова кутре.
 
Здраво,ме интересира како иде процедурата за вадење пасош на куче.
Што се треба да има,колку се плаќа ,за колку време е готово итн.
Фала многу
 
Здраво,ме интересира како иде процедурата за вадење пасош на куче.
Што се треба да има,колку се плаќа ,за колку време е готово итн.
Фала многу
Не знам точно до детал ама од прилике иде вака-
Кошта некаде 250 евра.
Треба да се испрати крв од кучето на тестирање во (?) Грција или Словенија, бидејќи кај нас нема такви лаборатории.
Претходно треба редовно да е третирано од паразити, како и да ги има примено сите вакцини..
Чип обавезно.
Главен предуслов е да е комплетно здраво.
Во било која ветеринарна установа можат да ти излезат во пресрет и да ти помогнат со процедурата, а воедно и да испратат крв на тестирање.
 
За европска унија прво се испитува титар на вакцинални антитела кај зивотното, не е тоцно дека нема лабаратории кај нас има и тоа се прави на ветеринарниот факултет каде постои референтна лабараторија за испитување на овие антитела, потоа се спрема документација во вет. инспекторат. Цела оваа процедура ако не мозете сами или немате време има некои вет амбуланти посредуваат, за цената точно не знам. Под услов животното да е постаро од 4 месеци по што законски против беснило се вакцинира после 4 от месец а треба минимум отприлика 2 недели да животното одговори на вакцината со т.н. вакцинални антитела против беснило.[DOUBLEPOST=1392840056][/DOUBLEPOST]
Имам хаска стара е 2 месеци. Ја шетам веке 2 дена по ред по скоро 1 км, па сега некои луге ми кажуваат дека требало да се шета други пак не требало да се шета оти било мало и ке му се искривиле нозите ? Некој постручно мислење да ми каже
Трансплацентарниот транспорт на калциум помегу кучката и плодот во текот на ембрионалниот развој не е како кај другите животни и како кај лугето, тој е нешто ајде да кажам помал, затоа голем број од кутрињата се рагаат рахитични или се појавува рахитис после првиот месец.
Што значи ова шетањето не е проблем треба да форсираш со калциум и да внимаваш на тежината на животното односно да не го доведеш до гојна кондиција по вет. амбуланти има квалитетни суплименти на калциум со АД3Е витамини, кои треба да се примаат според моменталната килажа на животното. Секој различен суплимент од овој тип има различна доза и употреба. оди во вет. амбуланта подетално сто и како таму се ке ти објаснат
 
Последно уредено:
Здраво. Ми треба совет.. имам мали кученца од по 2 месеца, едното има проблем со коските (неможе да стои на нозе) му се виткаат, му зедов витамински апчиња кафортан и му ги давам редовно + пие кравјо млеко по 200мл, цица од мајката, и јаде варен ориз, но после 4 дена терапија, ситуацијата е иста, го масирам и пробувам да го застанам на нозе, но тешко :(
Дали некој знае, или да ми препорача некои други апчиња.. Молам за помош
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom