Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Да ја уцениш мајка ти дека ако спие кучето надвор и ти ќе спиеш со неа (на пример). Па ако те сака мајка ти ќе прејде преку тоа и ќе ја прифати. Али ти си знаеш најубаво каква ви е ситуацијата у семејството, ние џабе ќе коментираме. Продолжи да и бараш дом и понатака па да се надеваме дека некој ќе ја вдоми.
Готово ја вдомив веќе по благодарение на ZeenaK9 :)
 
mute и по порака ти кажав дека неам никаква лоша намера, него жал ми беше за кучето после толку време да го остаите на улица.. :)

Видов и на анима мунди го вдомила некоја жена од велес, супер :)
 
1229902_584620658272339_674930742_n.jpg
Svesen si deka so pustanjeto nadvor ke sozdades novi ulicni kucinja ?

Стерилизарано беше кучето.

Среќа, Меги пројде само една вечер на улица (ако може да се рече така), затоа пак денес си спие на прекрасно креветче, кај прекрасни луѓе во Велес:love:. Не може да се опише насмевката на детско лице кога мама и тато му ја исполнуваат најголемата желба- да има кутре! Малечката се вљуби во Меги, среќа па и обострано беше. Како да кажам, денес денов исполнет до максимум:гик: уште dobro poznat да се појави од некоја страна и тоа е тоа....

Да прашам нешто во врска со храната за кучиња..

Користам Ројал Канин, кучево не ја јаде ако не ја ставам во топла вода да постои 2-3 мин па после да му ја дадам... па незнам дали може така, или губи нешто од храната на тој начин?

А да го остаиш гладно ден два? Ќе видиш како ќе пројаде све после... можда малце грубо звучи, али е испробан и ефективен метод. Иначе, сакав да те прашам, дали константно цело време во тањирчето има храна? Или ако не ја изеде ја тргаш? Дали имаш конктерен период на хранење или кога ќе ти дојде?
 
Прегледај го приврзокот 72477


А да го остаиш гладно ден два? Ќе видиш како ќе пројаде све после... можда малце грубо звучи, али е испробан и ефективен метод. Иначе, сакав да те прашам, дали константно цело време во тањирчето има храна? Или ако не ја изеде ја тргаш? Дали имаш конктерен период на хранење или кога ќе ти дојде?


Тоа е испробано веќе многу пати, и не 2 дена, по 4-5 седел гладен без ништо да јаде, и ќе му дадам суви (не натопени) ќе изеде 10-15 зрнца и толку... Нема храна цело време му оставам пола саат ако јаде ок, ако не ја тргам и му давам следно кога треба да јаде, и имам точно време кога му давам да јаде.. не ми е проблем да ги топам, ако така ги јаде.. а еве веќе 2 недели јаде како што треба..
 
Picture 653.jpg..prijateli i koga se gladni..Picture 654.jpg
 
Значи чурам денес,ме пријавиле комшиите за кучето,се пожалиле дека си играло и дека кога оди се слуша.Нив уствари им смета се што е живо на светотв,ама тек сега ќе видат што ќе им правам клошари!!! Педери!!! Каква е сега процедурата?Ќе дојде некој да ми го надгледува кучето?или што?
 
Одење и играње не е прекршок. Сега би требало да дојде инспектор да изврши увид по пријавата (ако воопшто некој и дојде) а твое е да му овозможиш да види како се однесува кучето. Ако имаш некаков доказ за висината на буката при неговите ‘‘активности‘‘ (на пр звучен или видеозапис) не е лошо да ти е при рака. Се додека кучето не лае гласно и често, се додека не е пуштено слободно по скалите, ходниците или лифтот, се додека си носи маска надвор, се додека не `ржи или се затрчува по некој од соседите, се додека не го оставаш изметот од него пред зграда, и да те пријават, инспекторот може само да дојде и со записник да утврди дека не станува збор за никаков прекршок, па комшиите може да се сликаат :) А да, можеш и директно пред инспекторот усно да приложиш противпријава за лажно пријавување - заедно со еден двајца други комшии кои би посведочиле дека кучето не е бучно, има санкции и за лажно пријавување. Бучноста, односно лавежот е прекршок особено во време на одмор - според законот од 15.00-18.00 и после 23.00 ноќе.
П.С. Исто важи и за бучава од комшиите :)
 
Имам еден интересен податок за SaltNPepa :)
Во Скопје има црн Flat Coated Retriever (еден од 6 видови на Ретривери) ;)
Мислев дека во Македонија нема ниту еден примерок од оваа раса, се до пред некој ден кога за првпат видов во живо ... прекрасен е :)

flat-coated-retriever.jpg
 
Значи подосадно куче од ова пекинезерите немало на светов ... ги сакам кучињата, премногу е слатко али неможам да си легнам рајат од ова :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom