Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Дали е вистина дека питбулите после 5та година им расти мртва коска на главата и дека забораваат се и можат да те нападнат?
 
Веќе чуен муабет:( Не ги сака, шо да и праам, сака пинчеви, пекинејзери... и такви други минијатури... ротвајлери ха, сака да ги јаде:tapp: Мука си имам, али никој не ми верува.

Може 'случајно' да се сретнат а дали ќе се здружат сами ќе си решат :)
 
Дали е вистина дека питбулите после 5та година им расти мртва коска на главата и дека забораваат се и можат да те нападнат?
Вистина е.(y) (базинга!!!!)
Немој никако и никогаш во животот да чуваш пит- те молам!
 
Истото го зборуваат и за ротот и за доберманот, па мислете му ја :D:D:D

Веќе чуен муабет:( Не ги сака, шо да и праам, сака пинчеви, пекинејзери... и такви други минијатури... ротвајлери ха, сака да ги јаде:tapp: Мука си имам, али никој не ми верува.
А зошто не пробате вештачки, тогаш нема допир со мажјакот а работата се завршува за пола час.
 

Прекрасен е :love:

Обожавам вакви Ротвајлери кои што имаат потемен палеж на муцката.
И мојата Доберманка има потемен палеж на муцката.

Ме интересира колку е стар и од кои родители е ?

Me interesira koga e najdobro da go hranam kuceto, pred ili posle prosetka?

Зависи ...

Доколку кучето има куса прошетка и нема голема физичка активност при прошетката ( се мисли на трчање или играње со други кучиња ) тогаш можеш да го нараниш пред прошетка.

Но доколку кучето има подолга прошетка при која што има физичка активност ( трчање, играње со други кучиња ) тогаш никако немој да го храниш кучето пред прошетка, бидејќи воопшто не е добро за кучињата да трчаат со полн желудник и може да дојде до преплет на желудникот со цревата ... дури би рекла дека е опасно да се истрчува куче со полн желудник.

А возрасно куче најдобро е да јаде навечер, за да вечерта кога ќе спие убаво да си се свари храната.

Дали е вистина дека питбулите после 5та година им расти мртва коска на главата и дека забораваат се и можат да те нападнат?

Тоа важи за Доберманите ...

Јас имам Доберман и сега е стара 6 месеци, ама кога ќе наполни 6 години, страв ме фаќа дека ќе ме нападне ... дури и отсега имам ноќни мори и секоја вечер сонувам како Доберманката моја ќе ме фати за врат и ќе ме убие ... некогаш имам и несоница :pipi:

Ма според мене Доберманите, Ротвајлерите, Питбулите се крволочни убијци и машини за убивање и треба да се отстранат од општеството, а сопствениците на ваквите ѕверови треба да се пратат доживотно во Бардовци :гик:
 
А зошто не пробате вештачки, тогаш нема допир со мажјакот а работата се завршува за пола час.
Па мене не ми е поентата да ја спарам по секоја цена. Ако сака - сака, ако неќе, гајле ми е. Помалку гомна за чистење и помалку пари давање за ветеринари и храна... Works for me :P

Не, шала на страна... сум пробала многу пати, со многу мажјаци, не се нашол ваљда вистинскиот. Не верувам во неприродни работи како вештачко оплодување на комплетно здрава женка - некако ми е апсурдо :confused:
Ја чекам уште овој циклус, ако сака - арно, ако не Диме не ни бега, не можам веќе да и се замарам.
Единствено, само би ми било премногу жал, бидејќи е навистина убав примерок, и би излегле навистина добри кутриња од нејзе... али ете, last chance ако и најдеме дечко ќе чистам гомна, ако не - (шо ја ебам ) ќе ја сечам :vozbud:
 
Мој топол совет, посетете си го Димче, го имам видено како го работи, за пола саат свршена работа... лесна рака има човекот и за мажјациве и за женките :D
 
Имам 14 годишна пудлица, машко, денес му протече крв од носот. Не беше многу и брзо престана, ама одма се јавив на ветеринар, пошто недела денес, не работат нели, ми рече да му држам мраз на главата околу минута-две и утре отсабајле да го однесам да го види. Од што може да му е ова (освен од старост)? :( Освен ова нема никакви други симптоми освен што последниве два дена спие малце повеќе од вообичаено.
Edit: и ако може да ми дадете број од некој ветеринар во Скопје што работи и во недела
 
од старост е, 14 години не е малку..мислам дека Диме има преку ден неколку часа дежурни ветеринари,бројот мислам дека го пишував овде или во ветеринарно катче една или две страни претходно.
 
Имам 14 годишна пудлица, машко, денес му протече крв од носот. Не беше многу и брзо престана, ама одма се јавив на ветеринар, пошто недела денес, не работат нели, ми рече да му држам мраз на главата околу минута-две и утре отсабајле да го однесам да го види. Од што може да му е ова (освен од старост)? :( Освен ова нема никакви други симптоми освен што последниве два дена спие малце повеќе од вообичаено.
Edit: и ако може да ми дадете број од некој ветеринар во Скопје што работи и во недела
Ја не мислам дека е од старост... Да не претрпело некој удар? Најчесто, крварење од носот е поради удар, а воедно и спиењето подугачко, асоцира на истото... супер си направил што си му ставил лед, само да знаеш дека на њушката се става и никаде на друго место. Чувај го во тивко и темно, ќе се оправи. Мислам дека има потрес.
 
Друштво, женско куче колку пати добива менструација? Јас како што знам еднаш прокрварува и толку... Луличка пак крварела, ова и е вторпат, првиот пат и беше пред 2-3 месеци.
 
Друштво, женско куче колку пати добива менструација? Јас како што знам еднаш прокрварува и толку... Луличка пак крварела, ова и е вторпат, првиот пат и беше пред 2-3 месеци.
Не е само еднаш. Само мене ми е чудно зошто толку рано има прокрварено повторно...прашајте го матичниот ветеринар.
 
Ја не мислам дека е од старост... Да не претрпело некој удар? Најчесто, крварење од носот е поради удар, а воедно и спиењето подугачко, асоцира на истото... супер си направил што си му ставил лед, само да знаеш дека на њушката се става и никаде на друго место. Чувај го во тивко и темно, ќе се оправи. Мислам дека има потрес.
Немаше баш никаков удар, да имаше ќе знаев дека му е од тоа. Има проблеми со бубрезите, ветеринарот рече дека му бил покачен притисокот.
 
Друштво, женско куче колку пати добива менструација? Јас како што знам еднаш прокрварува и толку... Луличка пак крварела, ова и е вторпат, првиот пат и беше пред 2-3 месеци.
Po pravilo- 2 pati godishno, no toa ne znaci deka ne moze i 3 pati da se sluchi.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom