Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Наградно прашање.
Дали кучка страта 5 години,и кутре машко старо 5 месеци имаат исти број на коски?
само ги замолувам Ligeia_ и SaltNPepa да не кажуваат,пошто знам дека знаат :D
Ајде да кажам.Значи независно колку е стар мажјакот,секогаш има една коска повеќе,а таа коска се наоѓа во пенисот :)
 
Ретриверчето има 2,5 месеци ама многу ми е слабо и се митари ???
Некој викаат само кучешка храна и ништо друго, додека други викаат давај му паштети јогурт и се друго ???
Кучешката храна одвај ја јади онака со сила...
Што да му давам за јадење и колку пати на ден ?
И нешто помош околу влакната ???
Тие зрнцата кафеави да ги мешам со нешто оти многу му се јаки ?
Дали кучето е чистено од глисти? Ако не е ПОД ИТНО кај ветеринар да го измерите и да му дадете апченца да се исчисти. Храна во овој период ако си во можност давај сува храна, можеш во почетокот да ја мешаш со јогурт ма да немаш потреба веке има заби. Само ако веке земаш храна земи некоја поквалитетна, и тебе ти треба Puppy формула.

Паштети не! Значи кучето не е сештојад како нас, се знае што треба да јаде! Тој што ти кажува дека може да јаде што ви останало вам од храна да му даете и нему,нема појма од кучиња. Мој топол совет е да се држиш до она што кучето треба навистина да го јаде. Во темата Храна за кучињата разлистај ги последните страни,имаш споменато повеке имиња на дехидрати.
 
Ретриверчето има 2,5 месеци ама многу ми е слабо и се митари ???
Некој викаат само кучешка храна и ништо друго, додека други викаат давај му паштети јогурт и се друго ???
Кучешката храна одвај ја јади онака со сила...
Што да му давам за јадење и колку пати на ден ?
И нешто помош околу влакната ???
Тие зрнцата кафеави да ги мешам со нешто оти многу му се јаки ?
Давај му готвена храна...
И моето куче (Ротвајлер) не јадеше сува храна кога беше помало (баш на таа возраст од 2 - 4 месеци), едвај чепнуваше.
Па главниот оброк секогаш беше готвена храна, варено пилешко, ориз, пченкарно брашно (палента), морков, (само пази со морковот, ако има посветол тен кучето не треба да му се дава често) + добро е понекогаш да се дава и сардина, туна ... има доста протеини.
Избегавај паштети, салами, виршли (се знае што има во нив), млеко, јас и лебот го избегавам, зошто му прави потешкотии во варењето на храната, (нормално овде има улога и каракеристиката на секоја раса).
Па со готвеното постепено му давав и сува храна (дехидрат), не ја јадеше многу, ама кога ќе огладнеше чат пат јадеше, иако не како треба...
Сега има 6 месеци и јади се и сешто, иако си останав на готвено јадење, + давам и дехидрат мешано во секој оброк ... нормално сега во поголеми количини, за 2 минути нема ништо во тенџерето.
Кучето одлично напредува, и е многу поголемо од своите врсници мажјаци, што за Ротвајлер не е мала работа ;)
Од апчиња, давај таблети Кафортан, се дозираат по 3 таблети на секои 5 килограми на кучето.
Во овие таблети имаш витамини, минерали, калциум, и се што треба за добро да се развие коскениот систем на кучето.
Нормално се зависи од генетиката, ама сепак исхраната, посебно кај младо кутре е најважна.
Доколку се храни добро, ќе има и добро влакно.
За влакното мислам дека се дава јајце, еднаш или два пати неделно.
Поздрав и со среќа со кучето...
 
Мојот нов Германски Овчар - GO BRIGITA

148536_141929479295136_1296145523_n.jpg
 
Ај те молам кажи ми каде можам да го набавам Калциум Мултивит.
Јас земам од Фауна, едно кутивче е 400 денари (бело кутивче со германски овчар и шарено маче на сликата) и во него има 50 таблети.
На 10 кг. телесна маса се дава по една таблета.
Калциум Мултивит е најквалитетниот и најконцентрираниот калциум во Македонија ... баталете калциумите од Sanal или Trixie и сл. тие се многу слаби, Калциум Мултивит е права ствар.
Ретриверчето има 2,5 месеци ама многу ми е слабо и се митари ???
Некој викаат само кучешка храна и ништо друго, додека други викаат давај му паштети јогурт и се друго ???
Кучешката храна одвај ја јади онака со сила...
Што да му давам за јадење и колку пати на ден ?
И нешто помош околу влакната ???
Тие зрнцата кафеави да ги мешам со нешто оти многу му се јаки ?

Паштети, салами, виршли и слични сувомеснати производи - строго забрането.
На тој што ти рекол да му даваш паштета, кажи му тој нека јаде свинско и чварки.

Ќе му даваш квалитетен дехидрат, и ако му е тврд и неможе да го грицка, тогаш ќе му го потопуваш во млака вода / супа / јогурт ... едно 15 - 20 минути и ќе омекне и ќе си го јаде без проблем.
И после постепено ќе ја намалуваш мекоста на дехидратот се додека не дојде до степен да може самото да си ја јаде сува.
Мада мојата Доберманка уште од 2 месеци ја јадеше потполно сува, такада негледам никаков проблем Златниот Ретривер да неможе да ја јаде сува на 2,5 месечна возраст ... всушност он може да ја јаде сува, забите му се доволно цврсти и големи, али му треба време да се навикне на вкусот и тврдината на дехидратот.

Останато во врска со храната, што и како да му даваш, веќе имаме многу опширно дискутирано во темата „Храна за кучиња“ па прочитај ја и се ќе ти биде јасно.
Обавезно прочитај го мојот воведен пост во темата, јас имам се' убаво објаснето за исхраната на кучињата.

За длаката ... пробај со Пивски Квасец или Биотин.
 
Да прашам дали после година дена, треба ( и што ) додатоци во исхрана, витамини, минерали, кафортан да му давам на Питбулот? Или само добра храна?

Иначе алергичен ми е на пилешко, и од дехидрати му давам Цибау риба и ориз, 270 ден. кило, дали е квалитетна таа марка и дали се исплати?
 
Со добар дехидрат немаш потреба во суплементи, кучето е веке формирано.

Во врска со храната сум слушнала дека е добра.
 
Да прашам дали после година дена, треба ( и што ) додатоци во исхрана, витамини, минерали, кафортан да му давам на Питбулот? Или само добра храна?

Иначе алергичен ми е на пилешко, и од дехидрати му давам Цибау риба и ориз, 270 ден. кило, дали е квалитетна таа марка и дали се исплати?

До 1,5 година давај му калциум, тоа ти е доволно.
Ако калциумот е квалитетен (како што е Калциум Мултивит) тогаш нема потреба од други додатоци бидејќи во него си има се точно и комплетно избалансирана количина на витамими и минерали.

Кафортан ... па зависи што сакаш да постигнеш со кучето.

За Цибау мислам дека е многу 270 денари за 1 килограм.
Јас би ти препорачала Brit Care, дехидратот е Суперпремиум, и не содржи соја и житарици (пченка, пленица, јачмен и сл.) освен оризот, и е 100 процентно Хипоалерген (значи не создава алергиски реакции), и е од јагнешко месо.
 
Lu јас не би се сложила со тоа дека калциум треба да се дава до година и пол...
 
mi ja kazaja edna hrana za kucinja i nemozam nikako da ja najdam ALTA ENERGIE se vika hranata dali ima slusnato nekoj za ovaa hrana ili moze da mi prate vrska od nejzina stranica.
 
Мене Јордан за Доберманите ми кажа дека им се дава калциум до 1,5 година, додека не се оформи убаво костурот.
Тоа е мислење на одгледувач! Тој ти кажал за доберман, но тоа не важи за сите раси! Германските раси и помасивните кучиња во принцип созреваат покасно, мегутоа повторно тоа не е правило.

Јас како студент, мислам дека нема потреба до толку долго време да се дава калциум од проста причина што глобално земано кучето својот костур го формира до 1 година, растот што следува после таа година не е толку интензивен што значи дека ако ти не го добиеш растот во битниот период,џабе ти е се понатаму. А исто така ке ти кажам дека прекумерното дозирање со калциум штети и тоа доста.
 
kako se dozira kafortanot tri tableti na sekoj 5 kg sekoj den taka?
 
Да, ама зависи и со што храна го храни кучето.
Со понеквалитетните храни - обавезно калциум.
А Цибау е ОК храна, али не е нешто ептем екстра.
 
kako se dozira kafortanot tri tableti na sekoj 5 kg sekoj den taka?
Не знам,немам искуство со кафортанот, никогаш не сум давала а и искрено не сум му некој фан, мислам дека Лу пишуваше некаде за дозирањето а и на самата кутија сигурно пишува.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom