Епа вака....
Како прво многу мало си го зел, си требал да почекаш барем уште 2 недели, незнам зошто толку многу ти се брзало и си го зел прерано.
Додуша можеби ти не си знаел на која возраст се зема кученце, газдите на мајката се криви не требале да ти го дадат толку рано.
На 5 недели кученцето веќе има запчиња и можеш да престанеш да му даваш млеко од цуцла.
Сега бидејќи е многу мало треба да му купиш добра и квалитетна храна за кученца од програмата
Starter ( Стартер е формула за одвикнување на кученцето да пие млеко), Стартерот давај му го околу 2 недели и после премини на програмата
Puppy (Папи е формула за бебиња кутриња и оваа формула треба да ја јадат до 3-4 месечна возраст).
Би ти препорачала да си земеш сува деџидрирана храна за кучиња од брендовите
Royal Canin, Eukanuba, Purina ProPlan,
Brit, Belcando ...
Сувата храна сега додека е мало треба да му биде мека како кашичка бидејќи забите не се доволно силни за да може да јаде сува храна, храната натопувај му ја со млака вода, супа или јогурт/кисело млеко.
Сега до 3 месечна возраст давај му по 4 оброци на ден.
Надвор немој никако да го изнесуваш, бидејќи нема имунитет, надвор можеш само во раце да го држиш, никако не го ставај на земја.
Сега купи му една таблетка за прочистување од внатрешни паразити Бихелдон (1 таблета се дозира на 10 кила куче) ти треба да му дадеш 1/4 од таблетата.
И другата недела (на 6 неделна возраст) однеси го на прва вакцина, а потоа по 4 недели следува ревакцината.
Ако си од Скопје, би ти препорачала кучето да го носиш кај Диме од Капиштец.
Друго нешто ако не ти е јасно можеш да ме прашаш.

--- надополнето ---
Што ти прави Самоједчето?
Не слуша а, сега дресер му бараш 
Јас сум дресер и земам 200 денари од 1 час.