L
Lu
Гостин
Прегледај го приврзокот 37299 dali ova e golden retriever? Go vidov na slika mn e slatko![]()
Да ,Златно ретриверче е, старо околу 2 месеци.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Прегледај го приврзокот 37299 dali ova e golden retriever? Go vidov na slika mn e slatko![]()
Да ,Златно ретриверче е, старо околу 2 месеци.
А значи наше било ретриверчево.
А зошто да чекаш баш од оваа ретриверка кученца?
Незнам дали знаеш ама кучката треба да има минимум 2 години за да се пари.
Незнам како можеш да чекаш 2 години за златен ретривер,а пред само неколку часа прашуваше дали можеш да земеш кученце во зима или на пролет.
Според тоа што прашуваше имав впечаток дека ти се брза за кученце,а сега автоматски доколку сакаш кученце од таа златна ретриверка треба да чекаш најмалку 2 години.
Како прво женско сум и на темава можам да бидам само присутна (а не присутен) :smir:
Да, имам огромно познавање за кучињата и било што да не ти е јасно можеш да ме прашаш на форумов или преку ПП.
Американскиот стафордски териер е прекрасна раса и убаво што си се одлучил за таа раса.
Да,можеш да го чуваш надвор во зима,само треба да има добро изолирана куќичка и бокс.И пред се треба да има примено вакцини.
Храна треба да му даваш до 3/4 месеци Puppy,а потоа до 1 година Yunior.Битно е додека е мало да се исхранува квалитетно за да порасне правилно.Има многу брендови на кучешки храни,најквалитетни се Еукануба,РојалКанин,Пурина ПроПлан,Бош,Хилс... а неквалитетни храни кои треба да се избегнуваат се Чапи,Фрискис,Педигри,Дарлинг,Вуфи,Миглиор кане...
Стафордот ако знаеш од мал правилно да го воспиташ,ќе биде куче со прекрасен карактер.Инаку Стафордите не се препорачуваат за почетници со кучиња,бидејќи ако не се воспитува правилно од мало,многу лесно може да дојде до израс агресијата и да се има проблеми.
Ова беа најосновните работи за кои ме праша,а ако те интересира подетално слободно прашај ме.
Да имам уште неколку прашања кој сметам дека се битни...
-Кој се првите симптоми на агресивност ?
-И најбитното КАКО СЕ КАЗНУВА КУЧЕТО ?
-И со што ЈАС може да предизвикам агресивност кај кучето ,на пример прочитав некаде дека не е препорачливо да го охрабруваме кучето да 'ржи, игрите со ставање на некоја играчка во неговата уста и да ја тегне , бидејќи кучето може да се навикне да ја користи устата и со луѓе ,ме разбираш....
Го гледав Dog Whisperer и многу работи дознав и за уште повеќе работи се изненадив и сум ептен попретпазлив со одгледувањето.
Да, со Стафордите треба многу внимателно да се однесува додека се мали,бидејќи од мало му се гради карактерот и баш поради тоа не се препорачува оваа раса за почетници бидејќи можат да направат мали грешки но со големи последици.
Први симптоми на агресивност се повлеченост со кучиња и луѓе,немање желба за комуникација,непослушност и непочитување кон газдата...
За казнување треба да се избегнува ќотек бидејќи може негативно да се одрази на кучето и да се добие контра ефект,треба да се казнува со остар и повишен тон.
Ти можеш да предизвикаш агресивност кај кучето со тоа што ќе го с'скаш на други кучиња,ако го малтретираш,ако не му пружаш доволно внимание ќе стане љубоморно.
Кај Стафордите е повеќе изразена агресивноста кон други животни и затоа уште од мало треба да се социјализира и да биде во контакт со мирољубиви кучиња,а доколку се обиде да 'ржи или недај боже да касне треба веднаш да се искара за да знае дека тоа не е во ред.
Но доколку од мало правилно се социјализира и воспитува ќе нема никакви проблеми.
Од толкава пажња да не прави глупости,да не ржи на други кучиња,еден другар неговата кучка стафорд си ја направи мирна како маче,и дури сега ги гледам последиците од тоа.Таа на неколку пати беше напаѓана од други кучиња и не реагираше никако туку само се повлекуваше позади газдата.Ова е последица на тоа дека тој ја караше додека беше мала доколку ржи или покаже агресија кон други кучиња.
Последица неговата кучка со рани на грб и на глава,а мирното по карактер куче што ја нападна(хаски) си остана здраво.
Стафорд не е стафорд ако не покаже доминантност кон другите кучиња,тој е крал,создаден од изворниот Англски бул дог(куче за борба со бикови)
Стафордот и питот се двајца браќа близнаци.Тие биле иста раса се до 1974(не сум баш сигурен за годината).Подоцна се одвоени со селекција при парење,односно вистинските гладијатори си останаа питови,додека стафордите се со постандардни бои и се признаени од страна на фци.Сега може да се разликуваат само ради таа селекција што е правена,меѓутоа тоа се две исти кучиња!
Мартин доколку земеш стафорд треба да знаеш дека земаш куче во вистинска смисла на зборот.Стафордот е домашен миленик,чувар,телохранител(според испитувањата е еден од најдобрите кучиња телохранители) а исто така тоа може да се направи и да биде машина,а не куче.За агресивноста треба да се припази,ама не и до толку да го направиш да биде мирен.
Мажјакот стафорд кога ќе порасне биди сигурен дека нема да сака други мажјаци,што е сосема нормално!
Прегледај го приврзокот 37324
Едното од овие две е пит,а другото стафорд.Ајде да видам дали некој ќе каже кое е пит бул,а кое стафорд.
Да имам уште неколку прашања кој сметам дека се битни...
-Кој се првите симптоми на агресивност ?
-И најбитното КАКО СЕ КАЗНУВА КУЧЕТО ?
-И со што ЈАС може да предизвикам агресивност кај кучето ,на пример прочитав некаде дека не е препорачливо да го охрабруваме кучето да 'ржи, игрите со ставање на некоја играчка во неговата уста и да ја тегне , бидејќи кучето може да се навикне да ја користи устата и со луѓе ,ме разбираш....
Го гледав Dog Whisperer и многу работи дознав и за уште повеќе работи се изненадив и сум ептен попретпазлив со одгледувањето.
Lu ако имаш некој корисни информации добро би ми дошле ,те цитирав тебе зошто гледам доста си присутен на темава и имаш познавања...
Значи еден месец сум заљубен и опседнат со American Staffordshire Terrier или на нашки Стафорд па одлучив да земам и имам неколку прашања.
-Дали е првин препорачливо да го земам во зиме (сега) ,најверојатно ќе земам кутрак 2-3 месеци стар и дали ќе има проблеми со студот ?
-Да ми одговори некој што има искуство со стафордите какви се по темперамент.
-Каква храна е препорачливо да им се дава ?
И добро би ми дошле уште некој корисни информации за стафордите...и секако некој ако знае некој што продава мали стафорди нека пише.
Од толкава пажња да не прави глупости,да не ржи на други кучиња,еден другар неговата кучка стафорд си ја направи мирна како маче,и дури сега ги гледам последиците од тоа.Таа на неколку пати беше напаѓана од други кучиња и не реагираше никако туку само се повлекуваше позади газдата.Ова е последица на тоа дека тој ја караше додека беше мала доколку ржи или покаже агресија кон други кучиња.
Последица неговата кучка со рани на грб и на глава,а мирното по карактер куче што ја нападна(хаски) си остана здраво.
Стафорд не е стафорд ако не покаже доминантност кон другите кучиња,тој е крал,создаден од изворниот Англски бул дог(куче за борба со бикови)
Стафордот и питот се двајца браќа близнаци.Тие биле иста раса се до 1974(не сум баш сигурен за годината).Подоцна се одвоени со селекција при парење,односно вистинските гладијатори си останаа питови,додека стафордите се со постандардни бои и се признаени од страна на фци.Сега може да се разликуваат само ради таа селекција што е правена,меѓутоа тоа се две исти кучиња!
Мартин доколку земеш стафорд треба да знаеш дека земаш куче во вистинска смисла на зборот.Стафордот е домашен миленик,чувар,телохранител(според испитувањата е еден од најдобрите кучиња телохранители) а исто така тоа може да се направи и да биде машина,а не куче.За агресивноста треба да се припази,ама не и до толку да го направиш да биде мирен.
Мажјакот стафорд кога ќе порасне биди сигурен дека нема да сака други мажјаци,што е сосема нормално!
Прегледај го приврзокот 37324
Едното од овие две е пит,а другото стафорд.Ајде да видам дали некој ќе каже кое е пит бул,а кое стафорд.
Не реков дека треба скроз да му се забранува да 'ржи на други кучиња,но треба да се има граница тоест да му се дозволи да ја покаже својата доминантност но не да претера.
Инаку на сликата што си ја поставил мислам дека лево е АСТ а десно е Питбул, во право сум?
Прегледај го приврзокот 37324
Едното од овие две е пит,а другото стафорд.Ајде да видам дали некој ќе каже кое е пит бул,а кое стафорд.
Левото е стафорд поради шарите и пошироката глава. А по логиката ако одиме ,ретко кој има пит-бул без купирани уши...
Инаку фала на сите. Short1 читав за стафордите бајаги и сеуште читам.
Почетник...досега имам чувано два возрасни шарпланинци ,безброј мелези и комшијата ми имаше стафорд и бандог практично јас ги израснав ,но нормално дека сум сеуште почетник имам 16 години има време ,и има уште многу да учам за кучињата. Но во стафордите се заљубив и верувам дека ќе го одгледам како што треба.
Димитри јас не се плашам за моја безбедност туку на моето семејство и пријателите (а посебно тоа што околу мене имам 3 братучеди на 3-4годишна возраст) ,стафордот носи голема одговорност затоа и напињам...
Ако енергијата што ја имаат питовите/стафордите се насочи кон работи слични на ова видео,тогаш нема да има никаков проблем со нивната агресија и огромна физичка енергија
Tug of war igri ne predizvikuvaat agresivnost. Site bully breeds uzivaat vo ovaa igra i toa e dobar nacin kucenceto da istrosi energija