Lu ако имаш некој корисни информации добро би ми дошле ,те цитирав тебе зошто гледам доста си присутен на темава и имаш познавања...
Значи еден месец сум заљубен и опседнат со American Staffordshire Terrier или на нашки Стафорд па одлучив да земам и имам неколку прашања.
-Дали е првин препорачливо да го земам во зиме (сега) ,најверојатно ќе земам кутрак 2-3 месеци стар и дали ќе има проблеми со студот ?
-Да ми одговори некој што има искуство со стафордите какви се по темперамент.
-Каква храна е препорачливо да им се дава ?
И добро би ми дошле уште некој корисни информации за стафордите...и секако некој ако знае некој што продава мали стафорди нека пише.
Како прво женско сум и на темава можам да бидам само присутна (а не присутен) :smir:
Да, имам огромно познавање за кучињата и било што да не ти е јасно можеш да ме прашаш на форумов или преку ПП.
Американскиот стафордски териер е прекрасна раса и убаво што си се одлучил за таа раса.
Да,можеш да го чуваш надвор во зима,само треба да има добро изолирана куќичка и бокс.И пред се треба да има примено вакцини.
Храна треба да му даваш до 3/4 месеци Puppy,а потоа до 1 година Yunior.Битно е додека е мало да се исхранува квалитетно за да порасне правилно.Има многу брендови на кучешки храни,најквалитетни се Еукануба,РојалКанин,Пурина ПроПлан,Бош,Хилс... а неквалитетни храни кои треба да се избегнуваат се Чапи,Фрискис,Педигри,Дарлинг,Вуфи,Миглиор кане...
Стафордот ако знаеш од мал правилно да го воспиташ,ќе биде куче со прекрасен карактер.Инаку Стафордите не се препорачуваат за почетници со кучиња,бидејќи ако не се воспитува правилно од мало,многу лесно може да дојде до израс агресијата и да се има проблеми.
Ова беа најосновните работи за кои ме праша,а ако те интересира подетално слободно прашај ме.