Абе ненамерно тоа го направил.Додека се мувал,пред тоа 15 минути седело и трчело околу нив.Но послем тоа се задлабочиле а плус кучето на женска му и оно било пуштено си играле и мислел дека се негде околу нив.Инаку,сега после школо поминавме од таму,уште седи трупот.Како тоа никој да не го дигне?
Другар ми е шокиран и плус заштедил 100 евра вели ќе го носи на едукација професионална кај Малиновски.Плус,му купи маска цврста таква од железо мислам и тоа ја зеде 600 денари. навистина жали и му е мака,инаку незнаат дека тој го направил тоа.Ааа и кучето негово е казнето со ќотек и тоа на лице место го натепа и со еднаш јадење дневно
Друже изгледа не разбираш....

Зарем треба да има намера за ова..

Па најголемите грешки се прават со добра намера...
Не знам колкав е другар ти(ама штом викаш одите на школо)значи немате ни 18 години...а чува ротвајлер(или можеби неговите се сопственици).......а тој го шета(слична работа)......

Прво и прво другар ти треба да оди на едукација,професионална...за да научи колкава одговорност е чувањето ротвајлер...а не кучето да го едуцираат....
Тој треба да си го знае кучето,дали е безбедно да го пушти,или не...во случајот не било во ред....и другар ти и само другар ти е е одговорен за ова....
Штом направило ваква работа сега е доцна,сега не помага ни тепање,ни челични маски,ни редуцирање на јадење....сега џабе го истепал,зошто кучето не ни знае зошто изело ќотек,ова е контрапродуктивно....

Социјализацијата со луѓе,со други кучиња се учи од мала возраст....посебно со вакви раси.....(ова ти го зборувам од искуство зошто и јас имам ротвајлер,и кога го шетам ни еден момент не го пуштам кучето од видик,без разлика шо е мирно кучето и никогаш не покажало агресивност ниту кон луѓе,ниту кон други кучиња)....
Да не го тупам,се случи шо се случи..
Совет до другар ти...
Како човек кој чува куче, нека поработи сериозно (ако е можно)на социјализицијата на кучето..
Зошто ако не успее и го затвори дома,ротвајлерот ќе стани уште поагресивен..
Како правник,уште поважен совет.....
Нека
ГО ПРИПАЗИ ПЕСОТ зошто ако овие испади се повторат,не дај боже со луѓе,деца ќе заврши во затвор.....
Ова се сериозни работи,и секоја грешка(макар и ненамерна)скапо се плаќа...(како во случајот)....