Ок е тоа, ама мислам и дека помага да знаеш отприлика кој каде се наоѓа во изборот, затоа и пишав. Секако дека има солиден број одгледувачници за ГО каде што можат да се најдат квалитетни примероци, а исто така има и голем број легла на КК каде што можат да се најдат квалитетни примероци, па затоа мислам дека во случајов се ќе биде само прашање на личен избор а квалитет може да се најде и кај двете раси само со внимателен избор. Што се однесува до карактеристиките, и двете раси се тука некаде, се зависи до единката што ќе ти се погоди. Мој совет ти е прво да разгледаш на нет што се нуди, распрашај се за цени и сл, а кога ќе најдеш нешто што те интересира и што би сакал да го видиш, распрашај се кај познавач за мислења околу потенцијалот и потеклото на леглото што те интересира, и најважно ако одиш да разгледаш или веќе одбереш, земи со себе некој кој ја познава расата за да ти помогне при изборот. Можеби изгледа како многу, но тоа е барем минимална работа освен секако и да го разгледаш барем стандардот за двете раси, за да си земеш квалитетно кученце. Бидејки ако не си познавач воопшто на овие раси, многу е лесно да добиеш кутре кое си го платил 300 евра а не вреди ни 50. А секако во цената влијае и за што ти треба кучето. За миленик и чувар нема да платиш толку како за примерок со поголем изложбен потенцијал.
--- надополнето: 27 февруари 2013 во 20:45 ---
П.С. Док Холидеј - стандардна опрема за изложби ти е столче, чадор и фрижидерче со ладни пијалаци