Не знам што се запна со приврзувањето кон човекот, тоа не е нималку битно за неговата когнитивна способност, истото го прави и виетнамското прасе. Нема никаква разлика ниту подкатегорија, ај објасни ти како иден психолог што е тоа некогнитивна свест или подсвест што сакаш да ја уфрлиш во муабетот. Јас мислам дека тоа е оксиморон.
Виетнамското прасе кое се чува како домашен миленик јас викам дека е поинтелегентно од куче, па некој од нас со задоволство би го спремиле со портокал во уста, во Сибир има припитомено и лисици кој се однесуваат како миленичиња, па тоа не значи дека ако не треба некој да ги убива лисиците.
Точно и мене ми се гади од јадење на кучиња како и на една милијарда Индијци кога јадеме ние телешко ама тоа не ни дава за право да ги осудуваме тие што јадат за да преживееат. Ако розевата Пума се родеше во Кина наместо во Македонија денеска можеби за вечера ќе вртеше едно Чау Чау наместо да се расправа на форуми, се е ствар на перцепција кога се работи за преживување.
Не сум сигурна дека треба надолго и нашироко тука да објаснувам за свеста, видовите на свест.... итн. Но ќе отворам посебна тема (ветувам) и таму на долго ќе се расприкажеме
Инаку, нормално е дека се е до перцепцијата. Да се родев во Кина можда и човечки фетус ќе јадев, оти биле добри за кожата. Ама тоа што некој го прави на светов, е далеку од тоа што е исправно. Сигурна сум дека ги забележа темите за детето кое беше прегазено во Кина прво 2 пати од камион, па од комбе, и на крај 16 луѓе поминаа сите го игнорираа. Што, не треба да ги осудувам?! Оти таква им била перцепцијата?
Ветроебачу, не секоја перцепција е правилна, знаеш, ние учиме и за искривена перцепција, и таквите се лекуваат по установи. Кинезите прават се и сешто - па убиваат и свои деца, зошто се премногу. Имаат казни за раѓање второ дете, насилно ги абортираат жените во најсиромашните краишта. Индијците ги абортираат женските деца, или пак, ги фрлаат во бездни - имаше една бездна, дури имаше и име - зошто огромен број женски бебиња биле тука фрлани.
Тоа што некој го прави - не можеме да речеме ,,ако де, перцепцијата му е таква,,. Има правилно и неправилно, хумано и нехумано. Ти во Европа, да си го фрлиш детето во бездна, оти е женско - треба да си психопат нели? Или да јадеш фетус - за тоа се лежи или во болница или во затвор...
Мислам дека ме разбра. Реков - околу свеста, ќе продискутираме на подолго... Иако целиот муабет овде ни е офтопик..