Криминалци и криминални групи во МК

ruzveltova_vozilo_resetano.jpg
[DOUBLEPOST=1538225715][/DOUBLEPOST]https://infomax.mk/wp/видеодетали-за-престрелката-на-рузве/
 
Еве ви најдетално :
Скопје како во гангстерски филм – двајца убиени со автомат на „Рузвелтова“


Полицијата не знае кој се возел во зелениот Ленд Ровер, џипот од каде синоќа половина час после полноќ беше пукано во Сеат Алтеа на „Рузвелтова“ во Скопје. Рафалната стрелба со калашников беше кобна за Наим Ајети – Беланоца и Антонио Парапулов алијас Тозо. 19 годишниот Ферди Елезовски кој седел назад во возилото е повреден но е надвор од животна опасност, велат од Ургентен центар.

Мафијашка пресметка или борба за превласт во скопското подземје, наплаќање на стари долгови? Што стои во позадина на вооружениот напад налик на гангстерски филм? Се почнало на крстосницата пред зградата на СЈО. Ајети, Парапулов и Елезовски половина час после полноќ со Сеат Алтеа србрена боја, се престроиле на „Рузвелтова“, зелениот џип ги чекал најверојатно во заседа, од каде почнало пукањето. Оној што го држел калашниковот, знаел кој е мета, кон Алтеата испразнил скоро цела рамка од автоматската пушка. На совозачкото седиште седел Наим, возач бил Антонио, кој не го запрел возилото туку продолжил. Но прострелнте рани кај Парапулов го направиле своето, не можел долго да вози, на околу 100 метри удрил во едно возило, а по 10 метри во други две и запрел. Од безбедносните камери на околните објекти се гледа дека откако запрело возилото со жртвите, зелениот Ленд Ровер возејќи полека ја поминува и втората локација на злосторот, продолжува да се движи по улицата и се губи во ноќта.

Во оружениот напад други повредени нема, голема среќа имаа петмина скопјани, што не биле во возилата во кои удрил автомобилот со жртвите, но и тоа што ликвидаторот не продолжил да пука. Избезумени синоќа не сакаа да зборуваат пред камера и раскажуваа на полицијата дека само чудо ги спасило да не настрадаат. Возачот на едниот автомобил во кој директно удрила Алтеата бил во продавницата од спротива на улицата, продавачката немала ситно па се задржал малку повеќе кога слушнал надвор дека нешто удира во неговата кола. Отанатите од другите возила, седеле во кафлето на улицата и чекале да платат, во прашање била минута да не бидат жртви и тие.

Убиениот Наим Ајети е брат на Џелјо Ајети, кој пред 5 години беше убиен во неговата чајџилница во скопски Сингелиќ. Кој го уби Џељо полицијата не откри, се шпекулираше дека скопското подземје се пресметува. МВР никогаш не потврди дека во Скопје има битка за превласт на три криминални групи Беланоца, која ја поврзуваа со Ајети, чии ривали непотврдено беа криминалните групи Дуканџик и Белаја. Но многу пукања, подметнати бомби, па и убиства останаа да фаќаат прашина во архивите на МВР. Сторителите непознати, многу траги на место на злосторствата но без осомничени. Бандите наплаќаат свои долгови. Ако некогаш се пресметуваа на периферијата од Скопје, сега како ништо да не ги спречува калашникови да извадат на секој булевар, расчистувајќи меѓусебни сметки, загрозувајќи ја безбедноста и мирот на граѓаните.

Извор
 
Зошто некој медиуми пишуваат Престрелка ?? ако пукале само од џипот тогаш е Егзекуција ??
Каде е да се огласи мафијашо од мвр, какво е ова пукање во 48часовен МОЛК !![DOUBLEPOST=1538227282][/DOUBLEPOST]
Ова е добар знак за нас. Бугарија, Албанија и Црна Гора пред да влезат во НАТО имаше чистење меѓу мафијашите. Значи сигурно и ние влегуваме. :D
Ајде нека се подзачистат, само прецизни да си бидат, без непотребни / невини жртви.
не е баш така, еве Хрватска е 5 години во ЕУ, сега има масовни престрелки меѓу ромски фамилии во центарот на Загреб
 
Последно уредено:
Во два денови, решетење со калашников во две населби, завчера во Ченто, вчера во Центар, државава се повеќе ми наликува на Колумбија и Мексико. Пајакот излезе со некакви изјави за двата настани, или ги контролира списоците кој мора да излезе на референдум, ваков ситен криминал не го засега?
 
Во два денови, решетење со калашников во две населби, завчера во Ченто, вчера во Центар, државава се повеќе ми наликува на Колумбија и Мексико. Пајакот излезе со некакви изјави за двата настани, или ги контролира списоците кој мора да излезе на референдум, ваков ситен криминал не го засега?
Овие се држава во држава бе другар, они се власта во државава.
Кој сакаш да ги разреши убиствата?
 
Не ни се замарајте дека ќе бидат најдени сторителите, во Белград и Сараево секој викенд е овака, и никој не се замара од инспекторите да бара вакви професионалци, пошто тешко се наоѓаат докази. Башка никој инспектор не е луд да се рчка со криминалци.
 
Овие се држава во држава бе другар, они се власта во државава.
Кој сакаш да ги разреши убиствата?
Многу добро знам што се, познавам еден куп од ваквите фаци и знам кој ги држи од високите кругови, затоа и се нервирам. Глумиме лудило НАТО, ЕУ оправање на држава, а криминалот ни е на највисоко ниво и што е потрагично организиран од тие што ја водат државата.
 
Многу добро знам што се, познавам еден куп од ваквите фаци и знам кој ги држи од високите кругови, затоа и се нервирам. Глумиме лудило НАТО, ЕУ оправање на држава, а криминалот ни е на највисоко ниво и што е потрагично организиран од тие што ја водат државата.
Кај нас работава е што они ги држат високите кругови, а не обратно :icon_mrgr:
We are on the next level...:icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom