– Еден од обвинетите дури кажува дека има голема желба да изврши самоубиствен напад влегувајќи во група на луѓе, како и дека својот син го учи на тие постулати. Има луѓе за кои животот значи сума на пари кои плаќаат преголема цена доколку убиството се изврши на најсуров начин, со испукување на цел арсенал автоматско оружје во лицето на противникот за цел негово уништување, а воедно и понижување и испраќање јасна порака. Има луѓе кои немаат јасна кауза и лојалност спрема никој и денес убиваат заедно, а друг ден кројат планови за да се убиваат меѓусебно. Има луѓе кои имаат на платен список убијци, изнудувачи, потпалувачи кои се испраќаат во мисија дури и за еден погрешно кажан збор – истакна обвинителката.